1. Јов го напишал ова во времето кога луѓето ја замислувале Земјата како плоча, која плови по безграничното море, која ја носат китови, желки и многу други смешни, но разбирливи за тоа време идеи.
2. Дека земјата била закачена на "ништо" била многу смешна идеја во тоа време.
3. Луѓето тогаш немале претстава за гравитацијата и ако е закачена за ништо, тие би рекле дека таа ќе падне.
4. Којзнае колку го исмевале Јов во тоа време, а сепак бил во право.
Не издржа срце јуначко!
1. Јов го напишал, а не знаел. Кој го напишал Битие? Каде е потпишан авторот и што бил по професија? Зошто Јов може да збори глупости и смешки во еден стих, а во другиот да му се рачуна за вистина - „ДЕКА МИ ОДГОВАРА ТАКА, шо си глуп!“
2. Во тоа време смешно било и дека луѓето се направени од кал. Освен кога требало да те горат на ломача или слично. Било смешно и дека Господ од ребро направил жена. Смешно било и дека змија зборуја и јаде кал.
Зошто овие нешта не ти се смешни, а смешен ти е Јов? - „ДЕКА МИ ОДГОВАРА ТАКА, шо си глуп!“
3. Оваква дебилштина од реченица одамна немам прочитано од тебе.
Дека немале претстава за гравитација, они би рекле дека ќе падне?!?! WTF?!? Каква е ОВАА духовна логика?!? Гравитација непозната... Земја ќе падне... ЛУ-ДИ-ЛО!
4. Кој го исмевал Јов?!?! Кај пишува тоа? Кој вика така? ...
и најоткаченото: КАКО ТОА ЈОВ БИЛ У ПРАВО?!?
...ако Библијата не греши, него Јов греши, ама е у право, мада му се смееле порано, ама не христијаните - мора да се евреите криви, а?
--- надополнето: Jul 5, 2011 10:27 PM ---
Ќе поставам едно сериозно прашање на кое до ден денес не му го знам одговорот, а толку време бев христијанин
Што е официјалниот став на црквата (ако различни цркви имаат различни ставови, наведете), содржината на Библијата е буквална, реална или само метафора?
Јас ќе ти дадам сериозен одговор.
Постојат 38000 (триесетиосим илјади)
различни христијански цркви во светот. Не градби, туку
деноминации. Секоја од нив
има свој официјален став за Книгата, за ритуалите, за догмите, за ценовниците, процентите, казните, локацијата (лево од, десно од), за содржината на Светото Писмо и, конечно,
за неговото толкување.
Кога би бил навистина посветен, па би го поставил истово прашање на авторизирани претставници од
секоја од овие 38.000 Цркви, мислам дека ќе имаш еден добар материјал за рефлексија, но и за едно објективно обемно истражување.
Верувам дека доста психијатри, психолози и антрополози би биле заинтересирани да ѕирнат. Посебно првите - особено ако се американци - таму има највише пациенти и најдлабоки џебови.