Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Точно така. Во Библијата не пишува дека светлината што била создадена во првиот ден била Сончева светлина. Каква била таа светлина не знаеме. Ние денес знаеме повеќе извори на светлина, и природни и вештачки: ѕвездите, космичко зрачење, сите атоми, лимунинсесија, биолимуненсенција, флуоресценција, фосфоросценција, Радиоактивно распаѓање, анхилација на честички и античестички итн. Сепак тоа не значи дека и оваа листа е исцрпна, дека овие се единствените. Овие се само оние кои ние луѓето ги познаваме.

Во Откровението на пример пишува вака:
„ Ноќ нема да има веќе и не ќе им биде потребна светлина од светилка, ни светлина од сонцето, зашто Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе владеат во веки веков.“ (Откровение 22:5, Библијата)

Имајте предвид дека доколку човек (Мојсеј) самостојно си го измислувал извештајот на создавањето во книгата Битие, тогаш тој сигурно немало да напише дека прво била создадена светлината, а потоа Сонцето, бидејќи во тоа време луѓето биле многу позависни од Сонцето за осветлување, отколку ние денес така што ако Мојсеј си пишувал од своја рака, тој ќе напишел прво Сонце, па после светлина. Ова е доказ дека тој не пишувал од своја рака што ќе му текнело, туку пишувал под Божествена инспирација, и покрај тоа што можеби тој тоа не го разбирал „научно“ како е можно да има светлина без Сонце.
Сакаш да кажеш дека првите денови светот била осветлен од некаква светлина, која не била Сончева, туку од непознато потекло, и потоа кога било создадено Сонцето, таа првобитната светлина ја снемало,и оттогаш се нема појавено, ниту пак има некакви докази за нејзиното постоење?

Ех...да беше само тоа! А растенија создадени пред да биде создадено сонцето? А дрвен брод долг 137 метри, способен да собере милиони и милиони двојки од сите животни кој постоеле? А лавови, крокодили, тигри....што пасат трева?:) Све во склад со научни теории нели?:ROFLMAO:
Јасно, има многу нелогичности, ја посочив змијата затоа што што се водеше опширна дискусија за тоа, која мене лично ми беше смешна, од проста причина што главен протагонист беше змија што зборува?!
Да не го спомнувам Мики кој ме нарече мене горда и надувана, а самиот тврди дека Бог ги создал жените само за да им прават друштво на мажите и секако да им се покоруваат на сите желби....Does that sound self-centered or what?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не. Викам дека светлината како појава е создадена тогаш. Велам дека не само сонцето и ѕвездите даваат светлина.
Јооо, па ти стварно не си одел у школо....

САМО СОНЦЕТО ДАВА СВЕТЛИНА!!!!
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Имајте предвид дека доколку човек (Мојсеј) самостојно си го измислувал извештајот на создавањето во книгата Битие, тогаш тој сигурно немало да напише дека прво била создадена светлината, а потоа Сонцето, бидејќи во тоа време луѓето биле многу позависни од Сонцето за осветлување, отколку ние денес така што ако Мојсеј си пишувал од своја рака, тој ќе напишел прво Сонце, па после светлина. Ова е доказ дека тој не пишувал од своја рака што ќе му текнело, туку пишувал под Божествена инспирација, и покрај тоа што можеби тој тоа не го разбирал „научно“ како е можно да има светлина без Сонце.
Toj многу добро го разбрал научно, патем и книгата е за тоа време прва таква од тој тип.
Прашањето кое неможам а да не го споменам е како сме сигурни дека библијата(стар завет)
е од Бога(таткото на Исус, правиот креатор на универзумов) дадена.
Можеби се демонски манипулации или евентуално знаењето кое го имал Мојсеј стекнато во
езотеричните школи(најдобрите во Египет во тоа време).
Питагора и уште доста од овие простори ги поминале, од таму е и "ренесансата" овде на тоа време.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Чорбаџија нема да навлегувам во детали, само еден прост пример, како змија што зборува е во склад со научните теории?Или и змијата е метафора?
Со среќа чекањето на одговорот, туку ич не ми текнува од кого беше една интересна мисла за библијата дали од Орсон Велс , Вилијам Блејк или некој трет, знам дека беше Енглез небитно парафризирам Секој ја чита библијата како што тој мисли, не како што пишува во неа.
Би бил благодарен некој да помогне да се сетам кој беше авторот, се нервирам вака кога не ми текнува ама ми е на врвот на јазикот:mad:.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.755
Поени од реакции
12.218
Ех...да беше само тоа! А растенија создадени пред да биде создадено сонцето? А дрвен брод долг 137 метри, способен да собере милиони и милиони двојки од сите животни кој постоеле? А лавови, крокодили, тигри....што пасат трева?:) Све во склад со научни теории нели?:ROFLMAO:
за ова ми се вртеше нешто, како претпоставка. Можеби се работи за банка на генетски материјал кој може и не мора да е прибран од земјата, можеби е донесен на земјата од друго место (со оглед на некои теории за други напредни цивилизации)...но ради ограничените тогашни познавања кај населението, најлесно било да им се објасни преку брод и парови животни.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142

:LOL::LOL::LOL:.....:cautious:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
...или можеби си читнал нешто за метеорологија и кружното движење на водата во атмосферата?
...или на пример, за кружното движење на Земјата околу Сонцето, кое никако не можам да го видам, ама за да го видам, требало претходно да напраам „тоа и тоа„ и дур тогаш ќе ми станело јасно дека моето око ме лаже дека Сонцето се врти околу Земјата, оти вистината ја кажале Коперник и Галилео. Така, што ќа ми се вродените очи, коа можит Николче и Гале да ми кажат кој околу кого се вртит....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.755
Поени од реакции
12.218
знам, чудно делуваат теориите дека животот најверојатно не е настанат на оваа земја или дека сосем развиен е донесен на земјава. Но истовремено и не помалку неточни од другите теории.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
знам, чудно делуваат теориите дека животот најверојатно не е настанат на оваа земја. Но истовремено и не помалку неточни од другите теории.
Чудно, сулудо, неверојатно како сакаш наречи ја делува претпоставката дека во митската приказна за Ное се мислело за генетски материјал, овие другиве теории не толку.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јооо, па ти стварно не си одел у школо....

САМО СОНЦЕТО ДАВА СВЕТЛИНА!!!!
И другите ѕвезди, како и сите други типови на ѕвезди и одредени космички тела, даваат светлина, не саде Сонцето, така да се чинит дека многумина од форумов не иделе у школо...
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
...или на пример, за кружното движење на Земјата околу Сонцето, кое никако не можам да го видам, ама за да го видам, требало претходно да напраам „тоа и тоа„ и дур тогаш ќе ми станело јасно дека моето око ме лаже дека Сонцето се врти околу Земјата, оти вистината ја кажале Коперник и Галилео. Така, што ќа ми се вродените очи, коа можит Николче и Гале да ми кажат кој околу кого се вртит....
Не можеш да го видиш ти ни Бог, па тоа не те спречува слепо да веруваш во него, нели?Двојните стандарди се интересна работа, зар не?Да не зборувам за тоа дека движењето на Земјата околу Сонцето е научно потврдено и докажано, или ти се уште не веруваш во тоа?И не,немој да им веруваш на Коперник и Галилеј, држи си се ти до Апостол Павле и Тертулијан...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
за ова ми се вртеше нешто, како претпоставка. Можеби се работи за банка на генетски материјал кој може и не мора да е прибран од земјата, можеби е донесен на земјата од друго место (со оглед на некои теории за други напредни цивилизации)...но ради ограничените тогашни познавања кај населението, најлесно било да им се објасни преку брод и парови животни.
Ако се работело за алегорија, зошто толку конкретни димензии? Зошто баш 137 метри должина? Толку детални финеси не се употребуваат во метафорично изразување.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
И другите ѕвезди, како и сите други типови на ѕвезди и одредени космички тела, даваат светлина, не саде Сонцето, така да се чинит дека многумина од форумов не иделе у школо...
Само што сите тие биле создадени подоцна, а не првиот ден, па останува отворено прашањето кој бил изворот на фамозната првобитна светлина.... Чекај, не ми кажувај, тоа уствари било метафора, така?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Јасно, има многу нелогичности, ја посочив змијата затоа што што се водеше опширна дискусија за тоа, која мене лично ми беше смешна, од проста причина што главен протагонист беше змија што зборува?!
Да не го спомнувам Мики кој ме нарече мене горда и надувана, а самиот тврди дека Бог ги создал жените само за да им прават друштво на мажите и секако да им се покоруваат на сите желби....Does that sound self-centered or what?
Дискусијата за змијата и сознанието, беше со цел да се посочи на пораката од таа приказна. На пример кога родител му ја раскажува приказната за црвенкапа на своето дете, тој самиот не верува во неа, но со приказната му пренесува одредена поука, одредена порака на своето дете.
Ако направиме компарација со црвенкапа и приказната за змијата, пораката која се праќа е одприлика оваа: Добриот и праведен волк, беше убиен од шумарот поради лошата и зла црвенкапа, која го измами да отиде во куќата на нејзината баба.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom