Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Дали може на Матизот гумите му се 155/65 фабрички може ли на пример да се прошират и да се стават поголеми гуми на пример 165 или некоја друга варијанта?
 
Дали може на Матизот гумите му се 155/65 фабрички може ли на пример да се прошират и да се стават поголеми гуми на пример 165 или некоја друга варијанта?

Незнам што мислиш да прошириш ама на истите бандажи може да ставиш 165-ки
 
Дали може на Матизот гумите му се 155/65 фабрички може ли на пример да се прошират и да се стават поголеми гуми на пример 165 или некоја друга варијанта
Можеш да ставиш еден број поголеми на истите бандаши (бандаши не се шират) со то ќе добиеш поголема стабилност ама и поголема потрошувачка
 
Незнам што мислиш да прошириш ама на истите бандажи може да ставиш 165-ки

Па на пример поголема(поширока) гума да се стави на пример 165/65 или 60 незнам како одат тие бројките.
 
Па на пример поголема(поширока) гума да се стави на пример 165/65 или 60 незнам како одат тие бројките.
можеш да ставиш поголема гума и нема да имаш никаков проблем, сем што километражникот и брзиномерот нема да ти покажуваат точно (со поголема гума ке покажува помалце па ке бидеш на ризик да бидеш казнет за пребрзо возење) и секако секое мењање на димензија на гума (помала или поголема) повлекува и поголема потрошња на гориво...
 
Дали може на Матизот гумите му се 155/65 фабрички може ли на пример да се прошират и да се стават поголеми гуми на пример 165 или некоја друга варијанта?
Во принцип може, ама има некои правила...
Дијаметарот на новата гума не смее да преминува 3% од оригиналната димензија.
На интернет има разни калкулатори, еве ти еден, па играј си со димензии:
http://www.kouki.co.uk/utilities/visual-tyre-size-calculator
 
Па на пример поголема(поширока) гума да се стави на пример 165/65 или 60 незнам како одат тие бројките.

165 ти е ширината, 65 пример е висината на гумата
 
Имам Астра Г 2000 модел. Задното седиште помалото не сака да се спушти. Го притискам копчето за да се спушти не реагира ништо. Можам ли сам да го направам или треба мајстор? Ако треба мајсто кај да се обратам?
 
Ах колку тапа им е механизмот, мене на едната корса ми се заглави ете така не мрда, а на новава па вдлабнато е од едната страна и цело време е притиснато :p тврди се за притискање прсти да искршиш

А можеле толку едноставно како на други коли да го решат :(
 
Има некој што ги решава овие случаи?
 
Има некој што ги решава овие случаи?

Па во сервисов авто куќа кај олимписки јас ја носам, треба да отворат внатре и да го средат, се поправа
 
Таму со закажување е а тоа многу ме нервира.:(
 
Здраво автомафија :D .... Абе пред 1 месец негде ова дисплејот на Вектрата моја почна да дупи некогаш како што ќе му текни, некогаш е добар ама повеќе време е цел измешан и ништо не се чита, а си го гледав сатот и температурата и супер ми беше, а сеа не можам ми откажа, еве ви слика па ако знае некој како би можело да се среди ова....Фала :D

Dbns8.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom