Фан Клуб: Пелистер

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Спонзори,странци,газди,тајкуни го спасуваат Пелистер...VOLUME 1,2,3,4 ....:)
Има крај на овие шпекулации...:)
Абе какви спонзори,какви бизнисмени....какви преговори....
Не најдовме спонзор додека бевме во прва лига,сега ќе најдиме?
Толку беше од Пелистер...
Имавме одлична шанса ланската сезона...
Со малку вложување да се задржеше костурот на тој тим од преклани..
Со некое засилување од Пелистер ќе беше АПСОЛУТЕН ШАМПИОН неколку години....
Сега замина возот...Ванчо не еба машки,Круме го лапна тоа шо остана од колачот...:mad:
И толку од претставата ПРВОЛИГАШКИ ФУДБАЛ во Битола........
Со таква поставеност на работите каква шо ја имавме и сеуште ја имаме не можиме да играме во Прва Лига,макар била и една мизерна лига како Македонската...
Сега тешко ќе биди да се вратиме...дај боже да грешам,ама не гледам чаре за фудбалот во Битола....
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
реално клубот играчки е пред распаѓање,кога Пелистер се враќаше во Прва Лига минатиот пат се врати благодарејќи на старите пелистерски волци.....овојпат Пелистер ја заглави работата бетер од кошарката
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.240
Поени од реакции
8.021
Што е работата-шпекулации со тоа дека нема струја на стадион и дека нема управа а со тоа и не е платена котизацијата немало тренери играчи и... Распад на системот и затворање на клубот :mad:

edit;
За струјата имало технички проблеми а не била исклучена инаку денес најкасно утре ќе се знај судбината на клубот и за котизацијата дали некој ќе помогни :cautious:
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Што е работата-шпекулации со тоа дека нема струја на стадион и дека нема управа а со тоа и не е платена котизацијата немало тренери играчи и... Распад на системот и затворање на клубот :mad:

edit;
За струјата имало технички проблеми а не била исклучена инаку денес најкасно утре ќе се знај судбината на клубот и за котизацијата дали некој ќе помогни :cautious:
верувај крајот само се одолговлекува ако не се реши и не се направи договор со доверителите да го преземат клубот или да му ги опростат
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
луѓе... дај кажете нешто за маркоски, играч од силекс, кој бил битолчанец и играл во напад!!! знаете нешто??? лани играл за вардар... бар така мислам... позз
 
Z

ziko bt

Гостин
луѓе... дај кажете нешто за маркоски, играч од силекс, кој бил битолчанец и играл во напад!!! знаете нешто??? лани играл за вардар... бар така мислам... позз
Се пишеше и наназад за него,не е нешто посебно ама ако го земат за Победа во 2ра лига најак ке ви биди,ко играше за Силекс само тој му даваше голој на Пелистер.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Се пишеше и наназад за него,не е нешто посебно ама ако го земат за Победа во 2ра лига најак ке ви биди,ко играше за Силекс само тој му даваше голој на Пелистер.
11 октомври го зеде... победа ги зеде александар јованоски и благојче ристески од новаци!
 
Z

ziko bt

Гостин
Подгрупата Ultras Bitola од 1.07 до 3.07. учествуваше на European Football Fans Congress кој се одржа во Данска -Копенхаген под покровителство од UEFA. На состанокот учествуваја повејќе од 30 навивачки групи и подгрупи од цела Европа кои се залагаат за фер и коректно бодрење на својот тим. Членовите од Ultras Bitola кои отпатуваја за Копенхаген се претставија во најдобро можно светло презентирајќиги Пелистер , Битола како и својата држава под нејзиното уставно име Република Македонија.Состанокот ни овозможи да се разменат голем број на ставови и идеи а исто така ни овозножи и стапувајње во добри односи со водечките лица на навивачките групи од Фк Копенхаген( Section 12 ) и Фк Загреб ( White Angels Zagreb ) со кои разменивме голем број на реквизити и се надеваме дека во иднина ке имаме добри односи!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: JOE

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.240
Поени од реакции
8.021
99% Котизацијата ќе се плати(среди) со помош од двојче за друго пари нема по се изгледа :oops:
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.258
Поени од реакции
3.286
^Мило мие ако сте платиле за котизација....Па што побрзо да се вратите во 1 лига и секако да дојдете во Тетово..:) позз
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.499
Поени од реакции
2.782
Добро е што ја плативте котизацијата. Ве чекаме во Ѓорче секако и вие во Битола чекајте не, се надевам дека конечно ќе застанете на здрави нозе :) !!! Битола без јак Пелистер лошо е за сите позз
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
99% Котизацијата ќе се плати(среди) со помош од двојче за друго пари нема по се изгледа :oops:
Горан сигурно е платена котизацијата?:unsure:
Јас разбрав дека до вчера кога бил крајниот рок за уплата на парите-Пелистер немал платено ни денар.....
И можна е преселба во најнизок ранг на натпреварување.....
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
110
Поени од реакции
63
100% платена е котизацијата и веројатно иако со задоцнување ке се прави за брзо време и собрание па ке видиме можеби нешто позитивно ке има.Иначе за најавата за спонзор што ја спомнав ништо не бидна,инаку се работеше за брацо,тој беше и во Битола дојден на разговори е сега шо се деси не знам точно каде запнаа работите.Тоа е,ке се мачиме НО НЕМА ПРЕДАВАЊЕ
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.240
Поени од реакции
8.021
Горан сигурно е платена котизацијата?:unsure:
Јас разбрав дека до вчера кога бил крајниот рок за уплата на парите-Пелистер немал платено ни денар.....
И можна е преселба во најнизок ранг на натпреварување.....
Еве брат и официјално ;
http://ffm.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1644:2011-07-08-14-08-35&catid=51:2009-03-19-21-17-54&Itemid=264&lang=mk

Комисијата за лиценцирање при Фудбалската Федерација на Македонија денес во 12 часот го одржа својот состанок и ги разгледуваше само барањата за лиценца на клубовите кои се пријавија за учество во натпреварувањата во организација на ФФМ за Втора лига за сезона 2011/2012.
Комисијата за лиценцирање ги разгледуваше барањата заедно со документацијата доставена во лиценцната постапка согласно роковите опишани во Правилникот за лиценцирање верзија 2, а прегледани од страна на Одделението за лиценцирање при ФФМ и ја донесе следнава одлука:
1.На клубовите:
Ф.К Локомотива - Скопје
Ф.К Осогово - Кочани
Ф.К Ринија - Гостивар
Ф.К Влазрими-Кичево
Ф.К Беласица - Струмица
Ф.К Миравци – с.Миравци
Ф.К Кораб –Дебар
Ф.К.Пелистер - Битола
Ф.К.Еуромилк – с.Горно Лисиче, Скопје
Ф.К.Треска Шишево – С.Шишево, Скопје
Ф.К.Дрита – с.Боговиње
Ф.К.Скопје - Скопје
Г.Ф.К.Тиквеш– Кавадарци
Ф.К.Руфеја-м – С.Милетино
Ф.К.Пелистер - Битола
Да им се додели лиценца за учество во натпреварувањата организирани од ФФМво Втората Македонска фудбалска лига за сезона 2011/2012.
2.На клубовите:
Ф.К.Победа Јуниор - Прилеп
Ф.К.Охрид Лоте - Охрид
Да не им се додели лиценцаза учество во натпреварувањата организирани од ФФМ во Втората Македонска фудбалска лига за сезона 2011/2012.
Согласно постапката од Правилникот за лиценцирање, Клубовите баратели на лиценца имаат право на жалба.
II. Комисијата за жалби за лиценцирање при Фудбалската Федерација на Македонија денес во 14 часот го одржа својот состанок и ја разгледуваше жалбата доставена од ФК Тетекс во врска со Решението од Комисијата за лиценцирање од 01.07.2011 година.
По увидот на жалбата и доставените докази од страна на на ФК Тетекс – Тетово , Комисијата за жалби за лиценцирање при ФФМ истата ја усвои и му додели лиценца за учество во натпреварувањата во организација на ФФМ за Прва лига за сезона 2011/2012.
Одделение за лиценцирање

Значи од што не сакаат од ФФМ дури два пати не напишале во соопштението :ROFLMAO: инаку Понделеник на МТВ ќе има пренос од ждрепката за првото коло од првата и втората лига како и од првото коло од куп натпреварите

ps.охрид исгледа ќе се фузира со другиот охрид и ќе бидат само едне тим што значи новаци ќе профитира и ќе остани втора лига ;)и пак селско градско дерби ќе имаме :rolleyes:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom