Нешто што ме буни од муабетиве кои ги водите...како во Библијата змијата е поврзана со лукавиот, ѓаволот...за случката со змијата се споменува само дека била полукава од другите животни, со што или била под нечие влијание, но биле и другите животни (само змијата малку повеќе) или не била воопшто, само била полукава.
и мене ме интересира ова, дали змијата е добра или е лоша...за што всушност е нејзината вина. Да претпоставиме дека излажала, но столбовите на Писмото се темелат на нејзината улога. Да претпоставиме дека "ќутела"...дали Писмото ќе се остварело, дали патот и пророштвата ќе се исполнеле, дали ќе се јавела потреба од Новиот Завет со Господ...којзнае, морало ама без ова животинче потешко.
Ова е нешто на кое не добив одговор за христијанството -за она дека према црковните учења змијата и Јуда биле под некое влијание. Но без нив и нивната улога, плановите немало да се остварат. Дали се жртви на "заговор", план или слично?
Не е целата работа во змијата, оти лукавиот можел да одбере било кое животно, за да ја „насанка„ Ева.
Проблемот се објаснува на друг начин: не е до змијата, туку до намерата од лукавиот да „удри„ токму на Ева, а не на Адам. Имено, лукавиот добро ја знаел природата Евина (која практично ја имаат сите жени...) а тоа е Евината (и воопшто, женкската слабост..) да „паѓа„ на сентименатолност, за разлика од Адам, кој имал трезвеноумие. Така, лукавиот не и се обраќа на Ева непосредно, како лик (оти тогаш Ева веројнао би го почувствувала стравот од злото демонско до себе...), туку и се обраќа посредно, преку змијата (а можел и преку друго животно, нели...) па Ева, гледајќи необичен настан, каде змијата „зборува„, и се причинило згодна прилика за „муабет„ со вака необично животно, кое „има„ човечки дар-дар на говор (како што тоа го прават и денешните демоноопседнати...). А лукавиот не останал само на тоа што говорел пореку змијата, туку лукавиот оди и понатаму, па на Ева и упатува лукаво-ласакви зборови, од чии одговори лукавиот дознава дел од Божјата промисла за првите луѓе. Така, лукавиот точно знаел што чини, па ја искористил „поинаквата„ Евина природа, за да ги наведе првите луѓе на грев. Така, не згреши(л) Адам, туку Ева, а Адамовата грешка е во тоа што наместо да го послуша Бога, Адам ја послушал жена си.
Змијата, како и било кое друго животно во Едем, биле створени како добри битија.
А Божјата промисла, која го знаела и падот Адамов, но и спасението на човекот преку Новиот Адам-Христос Богочовекот, ќе се случеле во секој случај, оти лукавиот веќе бил створен и пред да бидат Адам и Ева створени, т.е. лукавиот постоел и пред да биде створен материјалниов Свет, а со него и Ада и Ева.
--- надополнето: Jul 4, 2011 1:54 PM ---
инфериорна ли е жената во однос на мажот,рамноправни ли се, треба ли да му се покори, или можеби треба меѓусебно да се си покорат?
Вероучението не вели дека некој е супериорен а некој инферироен, туку вели дека, според Божката промисла, прво е створен Адам, кој бил цар на сето дотогашно творение, а Ева е створена ради Адама а не обратно (Адам ради Ева).
Така, Ева ( и воопшто, женскиот род..) ја има смислата на свето постоење во и преку Адам (т.е. преку мажот), а мажот ја има смислата на своето постоење во и преку Христа Богочовекот. Тоа е поредокот кој Творецот им го дал на луѓето: на Адам и Ева, .т..е. на мажите и жените, а не прашање не нечиј „примат„ или нечија „секундарност„.