Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Со внимание ви ја пратев дискусијата за змијата и познанието на доброто и злото. Со должна почит кон вашето познаваќе на проблематиката, јас скромно мислам дека не го дискутирате суштинскиот проблем.

Зошто, е прашањето.

А многу е едноставно. Бог како семоќен е креатор на се, ЗНАЕЛ што ќе се случи со змијата, со плодот од дрвото, со Адам и Ева. Ако е така, зошто целиот циркус? Зошто создавањето на Адам и Ева, зошто создавањето на Лукавиот, зошто создавањето на змијата, и зошто падот и сите страдања на човекот?

Зошто нешто, а не ништо, што би рекол еден Германски чичко со мустаќи...

Чорбаџијо, НЕМОЈ да се правиш дека не го гледаш постот и прашањето.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ставрогрин, ги гледам твоите „зошто“. Гледам дека се поставени на погрешно место, на погрешен субјект.
Јас, ти, ипсисимус и сите останати можеме само да претпоставуваме, да толкуваме, да филозофираме до сто едно и назад, но само Бог знае. Лукавиот не бил лукав на почетокот, но тој, како и луѓето, ја злоупотребил слободната воља. Слободната воља не е слободна ако не може да искаже непослушност. Но слободната воља подразбира и лична одговорност.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Хех, и очекував ваков одговор. Само бог знае - a la cop out extraordinaire.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Едно прашање, кој е кнезот на планетава земја?
Тоа е ѓаволот, лукавиот, сатаната...
--- надополнето: Jul 4, 2011 7:03 AM ---
И зошто му е дозволено да кнезува овде?
Затоа што отпадна од близината Божја и за него (за лукавиот) нема „место„ во духовниот Свет. Бидејќи и Адам и Ева после гревот, отпаднаа од близината Божја, така и лукавиот е протеран на Земјава, за да не искушува со неговите лукавштини, се до судниот ден.
--- надополнето: Jul 4, 2011 7:10 AM ---
БИТИЕ 3-17
А на човекот му рече: „Затоа што го послуша гласот на својата жена, та јадеше од дрвото за кое ти заповедав велејќи: ‘Не ќе јадеш од него!’ Земјата ќе е проклета заради тебе: во мака ќе се храниш од неа сите денови на својот живот!

Zemjata stanala prokleta zatoa sto Adam i Eva jadele jabolka !?
Прво и основно, не се работи за никакви јаболка и јаболкници, туку за забрането дрво/овошка, која не мора да биде јаболкница.

И да, навистина, гревот Адамов и Евин, како велат Светиите, значел не само прост грев направен пред Бога, туку тој прв и еден сторен грев, значел разбивање на редот кој Бог го постави во Вселената. Така, со еден грев, разбиена е вкупната хармонија во тогашаната Вселена, која како последица ги има сите оние шизматични процеси, кои настанаа откако првите луѓе се огрешија пред Творецот.

Под „земја„ не се подразбира само планетава Земја, туку е подразбира вкупниот створен материјален Свет. Светитие велат дека практично целата Вселена е створена пред и ради Адама, па така, откако Адам ја „оплекса„ работата, покрај Адам и казната Божја до Адама, страда и све што беше створено ради Адаама, вклучувајќи за и Земјава и све живо на неа...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Светитие велат дека практично целата Вселена е створена пред и ради Адама,
Многу е веројатно ова...

:confused:
--- надополнето: Jul 4, 2011 7:15 AM ---
Слободната воља не е слободна ако не може да искаже непослушност. Но слободната воља подразбира и лична одговорност.
Ако страдањето на човекот требало да се случи заради слободната воља, и заради познанието на доброто и злото, тогаш тврдам дека таа логика не е логика на супериорен ентитет и ентитет кој би требало да е љубов и премудрост, и кога јас би бил Бог, јас би се срамел од своето дело...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И ти како MIKI1, сакајќи да се отплетеш од пајажината, претајќи дополнително се замрси во неа.
Чорбаџи, Ти велиш, цитирам:
„...Не знаеме точно. Не знам точно ни јас, ама не знаеш ни ти.....„ Затворен цитат.

Тоа што Ти не знаеш, само затоа што „...така не пишува во Библијата....„, сметај дека има една заедница која се вика Црква и која во себе го има сеќавањето од сите Свети Оци, и според кое сеќање, јас велам, цитирам:

„....Тоа значи саде една работа: да имаш способност за разликување на сето она кое доаѓа или од Бога (како добро) или од демонот (како зло). Бидејќи Бог ги створи Адама и Ева по Негов „...образ и подобие...„, а воедно, Адам и Ева битисувааа во идеални услови ем во Рајот ем во близината Божја, затоа Адам и Ева не познаваа ништо друго освен она што е „добро„, т.е. Адам и Ева не познаваа ништо друго освен Бог, Божјата благодат и Божјата креација, кои сами по себе се добри, оти Е добар нивниот Творец.

Како веќе реков, Адам и Ева, по Божјата промисла, требало да научат, т.е. требало да стекнат и способност за разликување на доброто од злото, но не пред време, туку во моментот кога Бог ќе одлучел таа способност (за разликување) да им ја понуди на првите луѓе.

Но лукавиот, бидејќи е лукав, не му се „чекало„ тоа Адамово и Евино духовно созревање, па токму во таа временска „луфта„ ги „насанка„, фаќајќи ги неподготвени да го забележат злото кое им дојде од лукавиот. Токму затоа, првите луѓе и згрешија: не го разликуваа злото кое лукавиот им го упати лукаво преку змијата, па она кое лукавиот им го понуди, првите луѓе го прифатија некритички, по свој избор и волја, икао беа опоменати од Творецот за можните последици од таквата постапка...„. Затворен цитат.

Према томе Чорбаџи, ако Ти не знаш, нека Ти остане незнањето и чувај си го за себе, не мајтапи и други на форумов, сугерурајќи им дека немаат појма, оти има такви кои знаат....Поточно, веруваат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.002
Поени од реакции
83.386
Тој е оној грдиот лигавиот и лошиот во Господар прстенова, се споменува и како Голум али висттинското име му е Самаел
Ах, да... Смигол, Самаел...потејто,потато...теј'ре ол сејм ту ми
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.755
Поени од реакции
12.216
ех да не го посаделе тоа дрво ќе сме уживале. тоа ме потсети на...

Што ќе се случувало доколку го немало тоа дрво или ако змијата не лажела/зборела? Дали змијата (како влекач, животно) или дрвото се едни од средствата да се остварат настаните кои се опишани во Библијата. Дали тогаш ќе се случеле ниту Ароновата, Мојсеевата, Соломоновата...епизода, чудата и пророците...на крај ниту Новиот Завет, посланијата, откровението... Дали воопшто ќе постоеле сите оние религии кои се темелат на овие настани?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Е тоа де, тоа цело време те терам и никако да те натерам да го докажеш цитирајќи цитат од Библијата каде што пишува така. Ти велиш дека во Библијата пишувало така. Епа повели цитирај каде во Библијат апишува дека тоа сознание е „првобитниот грев“ кој секој човек после Адам го наследил.
Па ти го посочив! Делот каде се опишани особините од сознанието - согледувањето дека се голи, срамот и стравот поради тоа! Тоа е истото кое и ти и јас и секој човек го има, секој чии морални вредности биле обликувани според библиските учења!
Со нетрпение чекаме да ни го цитираш тоа место во Библијата каде што го пишува тоа :)
7 Тогаш на двајцата им се отворија очите, и согледаа дека се голи. Сплетоа смоквини лисја и си направија прегачи.
8 Тогаш го чуја гласот на Господа, Бога, Кој шеташе горе-долу во градината за време на денскиот ветрец. И се сокрија - човекот и неговата жена - пред Господа, Бога, меѓу дрвјата во градината.
9 Господ, Бог, го повика човекот и му рече: „Каде си?”
10 Тој одговори: „Го чув Твојот глас во градината, се исплашив, зашто сум гол, и се сокрив.”
Тоа не е мое толкување. Десет пати ти го цитирав цитатот каде што Ева и кажала на змијата дека Адам и Ева ќе умрат ако јадат од забранетото дрво. Штом Ева им кажала, се разбира дека змијата знаела. Никаде не пишува дека змијата си ги затнала ушите кога Ева и го кажала тоа :)
И јас најмалку десет пати ти кажав дека змијата не е сезнајна за да ги знае намерите и мислите на бог! таа само ги знаела особините - својствата на дрвото, последиците кој ги снашле Адам и ева биле од гневот на бог а не од дрвото!
Ти го вметна „сознанието“ во дискусијата тврдејќи дека тоа сознание било сознание за разликување на исправно од погрешно (а во Библијата пишува добро и зло, а не исправно и погрешно!) и ти тврдеше и веројатно сеуште тврдиш дека пред да јадат од тоа дрво Адам и Ева не знаеле дека умирањето и смртта се погрешни нешта.
За да се разобличи овој твој лапсуз воопшто не е потребно некакво толкување, туку доволно е само да се посочи дека тоа дрво не било дрво за познавање на исправно и погрешно, туку за добро и зло. Ти ТОЛКУВАШ дека тоа е исто, но ФАКТ е дека во Библијата не пишува така. Во Библијата јасно пишува дека тоа познавање е познавање кое Бог го имал како атрибут.
За да знаеш што е исправно а што потребно, немало потреба да имаш сознание што е добро а што зло?! И после јас сум пишувал лапсузи?!:ROFLMAO: Легенда си чорбаџија!!
Патем, ако Адам и Ева не знаеле дека умирањето и смртта се погрешни работи, тогаш змијата немала да има потреба да ги лаже дека нема да умрат, туку ќе им рекла: „Еј супер, ви завидувам што ќе умрете! Умирачката е супер, а смртта уживање. Ах камо јас да умрев, блазе си ви“ :)
Ќе им кажела така доколку имала намера да ги лаже, но таа им ја кажала вистината! - дека од дрвото се осознава доброто и злото.
Не го реков јас тоа (Ако сум го рекол цитирај ме ама целосно!), туку ти самоуверено тврдеше т.е. толкуваше дека тие умреле поради дрвото, а јас само ти потенцирав дека тоа е твое неосновано толкување и дека во Библијата не пишува такво нешто.
Не е никакво толкување! Бог јасно констатира дека станале како него познавајќи добро и зло, тоа што следи потоа е поради неговиот гнев!
Плус, никаде во библијата не се тврди дека Адам и Ева биле бесмртни - уште едно твое толкување!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Бог јасно констатира дека станале како него познавајќи добро и зло, тоа што следи потоа е поради неговиот гнев!
Поимот „станале„ како Бог, не значи дека Адам и Ева навистина станале Богови, т.е не значи дека Адам и Ева станале Богови по суштина/природа, туку тоа значи дека и Адам и Ева ја стекнале пособноста за спознавање/разликување на доброто од злото, исто како што таа способност (за разликување) веќе ја има(л) и Сам Бог.

Оти, ако Адам и Ева „станале„ како Еден од Нив, т.е. како еден од Боговите, т.е. ако Адам и Ева навистина се „претвориле„ од луѓе во Богови, тогаш Адам и Ева веќе би биле бесмртни по природа/суштина и Адам и Ева воопшто не би биле подложни на умирање.

Невозможно е творението, по својата природа, да биде еднакво со природата од својот Творец.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom