Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
7 Тогаш на двајцата им се отворија очите, и согледаа дека се голи. Сплетоа смоквини лисја и си направија прегачи.
8 Тогаш го чуја гласот на Господа, Бога, Кој шеташе горе-долу во градината за време на денскиот ветрец. И се сокрија - човекот и неговата жена - пред Господа, Бога, меѓу дрвјата во градината.
9 Господ, Бог, го повика човекот и му рече: „Каде си?”
10 Тој одговори: „Го чув Твојот глас во градината, се исплашив, зашто сум гол, и се сокрив.”

Овој дел е јасен доказ дека сознанието кое им ги отворило очите на Адам и Ева е истото кое го има секој просечен човек кој живее во цивилизирано општество! Ако ти одеднаш сватиш дека си гол некаде во јавност, дали нема да се исплашиш и засрамиш? Значи ќе реагираш на ист начин како во примеров! Што значи тоа? Дека имаш исто сознание како во посочениов пример?
Колку и да се вртиш како индијанец околу шатор, аргументите не се на твоја страна!
Зошто потенцираш „кој живее во цивилизирано општество“? Зарем Адам, Ева и нивните потомци живееле во цивилизирано општество? :)
Добро знам зошто го допиша тој невалиден и несоодветен додаток, затоа што знаеше дека за возрат ќе добиеше примери од еден куп афрички племиња кои што ден денес си живеат голи:
http://www.african-tribes.org/naked-african-tribes.html
http://www.african-tribes.org/

Очигледно, наспроти твоите погрешни квази-толкувања, „спознанието“ не се пренело на овие племиња. Овие племиња не го наследиле. И шо праиме сега? И ти како MIKI1, сакајќи да се отплетеш од пајажината, претајќи дополнително се замрси во неа.

Ах да, ќе ги заборавев и нудистичките плажи кои постојат и во цивилизираните општества :)
Очигледно твоето квази-толкување не штима ниту во нецивилизираните општества, ниту во цивилизираните. Ама секако тоа тебе нема да ти пречи да си продолжиш да си тераш инает. Ако терај си, со лесно нека ти е.
--- надополнето: Jul 3, 2011 12:38 AM ---
Eдно прашање.
Како можеме да бидеме сигурни дека Исус кога му се обраќа на својот "татко" мисли
на богот од стариот завет(Јахве).
„Му го подадоа (на Исус) книжниот свиток на пророкот Исаија и го одвитка и го најде местото каде што беше напишано: ”Господовиот Дух е на Мене, зашто Ме помаза и Ме испрати да им проповедам на бедните; да ги исцелам скрушените по срце, да им навестам на заробениците, дека ќе бидат пуштени, на слепите дека ќе прогледаат; да ги пуштам на слобода напатените; и да ја навестам благопријатната Господова година.” Го завитка свитокот, му го врати на службеникот и седна, а очите на сите во синагогата беа свртени кон Него. И почна да им зборува: „Денес се исполни ова писмо, во вашите уши. “ (Ев. Лука 4:18,21, Библијата)

Во книгата на пророкот Исаија на ова место, на местото на „Господовиот Дух“ пишува „руах адонај ЈХВХ“ што значи „Духот на мојот Господ Јехова“ (или Јахве).
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

Јас ќе бидам може досаден, ама сигурно би требало да има други примери.
Или евентуално дел каде ќе каже дека неговиот татко е ЈХВХ
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Јас ќе бидам може досаден, ама сигурно би требало да има други примери.
Или евентуално дел каде ќе каже дека неговиот татко е ЈХВХ
А што му фали на предходниот пример? Зарем таму Исус јасно не потврдува дека Јахве е Неговиот Татко?

--- надополнето: Jul 3, 2011 1:28 AM ---

Во една расправија со фарисеите, Исус им кажал дека нивниот Бог (Јахве) е Неговиот Татко, цитирам:

„Зар си Ти поголем од нашиот татко Авраам - кој умре? И пророците умреа. За кого се претставуваш Ти Самиот?” Исус одговори: „Ако Јас се прославувам Самиот Себе, Мојата слава е ништожна; Мене Ме прославува Мојот Татко, за Кого вие велите дека е ваш Бог.“ (Ев. Јован 8:54, Библијата)

Се надевам дека овој пример е појасен :)
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
А што му фали на предходниот пример? Зарем таму Исус јасно не потврдува дека Јахве е Неговиот Татко?
Што знам...три независни извори ми се некако попривлечни :)
Иако ништо никогаш неможеш да знаеш додека не видиш сам.
Нешто друго ми текна, нели Исус бил(постоел) и пред Адам и Ева.
Како тогаш не е спомнат во стариот завет?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Исто така земи ја предвид и генезата на името Исус, на еврејски Јешуа или поточно „Јехо Шуа“ што во превод значи „Јехова спасува“ или „Јахве спасува“ сеедно.
Добра ноќ.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
А што му фали на предходниот пример? Зарем таму Исус јасно не потврдува дека Јахве е Неговиот Татко?

--- надополнето: Jul 3, 2011 1:28 AM ---

Во една расправија со фарисеите, Исус им кажал дека нивниот Бог (Јахве) е Неговиот Татко, цитирам:

„Зар си Ти поголем од нашиот татко Авраам - кој умре? И пророците умреа. За кого се претставуваш Ти Самиот?” Исус одговори: „Ако Јас се прославувам Самиот Себе, Мојата слава е ништо; Мене Ме слави Мојот Татко, за Кого вие велите дека е ваш Бог.

Се надевам дека овој пример е појасен :)
Фала за одговорените прашања.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
1. Нит е јаболко, нит е јаболкница.

2. Преку јадењето овошје, т.е. преку внесувањето растителна храна, Адам и Ева не внесувале само проста материја, со која треба да ги одржуваат своите материјални тела (оти Бог можел да ги стори Адама и Ева без да имаат потреба од материјална храна), туку преку храната, Адам и Ева ја примале и Божјата благодатна енергија. т.е. енергијата преку која првите луѓе биле во состојба да чинат добри дела, за што и биле створени. Со таа добродетел, првите луѓе би го постигнале и „...подобието Божјо...„, оти веќе биле створени по „..образот Божји...„

3. Таков насад, веројатно, има само во Рајот.
БИТИЕ 3-17
А на човекот му рече: „Затоа што го послуша гласот на својата жена, та јадеше од дрвото за кое ти заповедав велејќи: ‘Не ќе јадеш од него!’ Земјата ќе е проклета заради тебе: во мака ќе се храниш од неа сите денови на својот живот!

Zemjata stanala prokleta zatoa sto Adam i Eva jadele jabolka !?
 
S

smexy

Гостин
Преку јадењето овошје, т.е. преку внесувањето растителна храна, Адам и Ева не внесувале само проста материја, со која треба да ги одржуваат своите материјални тела (оти Бог можел да ги стори Адама и Ева без да имаат потреба од материјална храна), туку преку храната, Адам и Ева ја примале и Божјата благодатна енергија. т.е. енергијата преку која првите луѓе биле во состојба да чинат добри дела, за што и биле створени. Со таа добродетел, првите луѓе би го постигнале и „...подобието Божјо...„, оти веќе биле створени по „..образот Божји...„
Севишнио е Веган
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Do you find it disconcerting that Christian marriages are ending as fast as secular marriages?
We do. We believe one reason for this is that there is very little difference between many Christian and secular marriages.
Rebuke and Lash. This is the harshest discipline a husband should administer, and it should always be done privately and with Godly, Biblical love
When administering physical discipline, take caution not to deliver the lashes anywhere but the buttocks. The first attempt at this punishment should only be delivered by hand so you can get an idea of how many lashings are needed

The best position will be for you to sit at the end of a bed or on a chair (with no arms) and have her lay across your lap. She can also bend over a bed with arms tucked under her chest and your left hand on the small of her back. If a strap (belt) is to be implemented watch that each stoke falls directly on the buttocks and not higher.

EDITOR'S NOTE: When using the hand, or a small, short implement, such as a switch or small "hairbrush"-type paddle, over-the-knee positioning can work quite well.

A fearful wife may begin crying or pleading and find it difficult to remain still. Reassure her. of your intent and love (yes this will hurt, that is why it is a punishment) then instruct her to be still. Remind her that she is not in control of this discipline.

You should continue the lashing through her tears and pleas for you to stop, until you are certain the message was received. This will insure her remorse and therefore stop the undesirable behavior.
http://christiandomesticdiscipline.com/

Barajki soveti za bogougoden i pravilen nacin za postapuvanje so eventualna nevesta, naidov na ovoj hristijanski sajt koj mi dade novi vidici, mi gi otvori ocite mene zabludeniot i gresniot za toa sto e vistinska ljubov...
Dali ova e dostojno na bogobojazlivi lugje ili sepak e delo na princot na temninata, abadonot...?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Зошто потенцираш „кој живее во цивилизирано општество“? Зарем Адам, Ева и нивните потомци живееле во цивилизирано општество? :)
Потенцирав затоа што под "цивилизирано" денес се подразбира општество каде моралните вредности влечат корени од јудеохристијанската вера! Инаку токму поради ова на многу наврати напоменував - според библијата а не според мене! Затоа што мене ми е многу јасно дека моралот, како и "доброто" и "злото" не се никаков апсолутен и неменлив поим или закон, туку културолошки феномен т.е последица од дотичната култура.
Што значи ако ја следиме логиката на библијата, библиското сознание за добро и зло, како и библискиот морал, се истите оние кој денес ги има во општествата кој својата култура и морал низ вековите и милениумите ја оформиле од библиските учења!
Денес ако земеме човек со просечни морални кодекси, обликувани низ векови и векови на јудеохристијанските учења, тој ќе постапи идентично како и Адам и Ева, што гледано од твоја перспектива, значи дека денес тоа сознание кој го има тој е идентично со тоа на Адам и Ева! Се работи за истото сознание, а не за некое мистериозно. Со што јасно се гледа кој е тој што тера инат.:)
Очигледно, наспроти твоите погрешни квази-толкувања, „спознанието“ не се пренело на овие племиња. Овие племиња не го наследиле. И шо праиме сега? И ти како MIKI1, сакајќи да се отплетеш од пајажината, претајќи дополнително се замрси во неа.
Тие племиња се само доказ дека моралот нема врска со божественоста и креаторот, туку е човечка измислица! Јас не сум тој што тврди дека доброто и злото се апсолутни! Дека моралот е апсолутен! Твојата вера го тврди тоа! Ти си тој што е безнадежно заплеткан во контрадикторностите и бесмислиците на книга полна со басни и прикаски, во која ни пет годишно дете не би поверувало!
Еве да речеме дека навистина не се пренело на овие племиња, но очигледно се пренело на народите кој ги имаат истите морални критериуми! Што значи дека иако племињата од африка не го имаат спознанието кое Адам и Ева го наследиле, го имаат народите чии морални вредности се исти, тие го имаат истото сознание!
Тие што ја пишувале библијата не ни знаеле дека такви племиња воопшто постојат.
П.С. Ако првобитниот грев не го наследиле поколенијата после Адам, од што ќе ги спасува тогаш Исус? Нели тој дошол да ги спаси луѓето од "гревот"?
--- надополнето: Jul 3, 2011 11:32 AM ---
Според ова испаѓа дека Адам и Ева се казнети и протерани затоа што се здобиле со сознание кое вели дека е погрешно да шеташ гол, а сепак христијанството праќа мисионери кај вакви племиња кој го немаат тоа сознание за да и тие сметаат дека голотијата е грешна?!......Па нели токму поради тоа сознание бог се рагневил на луѓето?! А сега христијанството го дава сознаниево и на племиња кај кој не допрело?! Значи ја врши работата на змијата? Им ги отвара очите? Притоа проповедајќи дека змијата (лукавиоит) е виновен за се?!
Ако ова не е лицемерие, бесмислица и заплеткување, тогаш ќе може ли некој да ми каже што друго би можело да биде?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Потенцирав затоа што под "цивилизирано" денес се подразбира општество каде моралните вредности влечат корени од јудеохристијанската вера!
Хахаха не не, ајде не се вади сега со „цивилизираното општество“, кога многу добро знаеме што точно напиша на предходната страна „секој човек“. За да не го едитираш коментарот, сега ќе те цитирам:

Нели во библијата пишува дека ова сознание е "првобитниот грев" кој секој човек после Адам го наследил? Значи и да имало милион сознанија, тоа кое денес секој човек го има е она кое Адам и Ева го добиле и станале како бог
Ете тука ти јасно велиш дека тоа сознание денес го има секој човек, а не само цивилизираните општества. А јас ти покажав дека тоа не е точно посочувајќи ти примери од афричките племиња каде што луѓето се шетаат голи и не се срамат или пак нудистичките плажи сеедно. ЗАКЛУЧОК: твоите толкувања се погрешни, а ти неуморно се обидуваш да фаќаш кривини несвесно пишувајќи противречни коментари на предходните! Зошто? Од пуст инает, суетна гордост и немање храброст и доблест да признаеш дека не си во право :)

што гледано од твоја перспектива,
Престани да зборуваш за „мојата перспектива“ бидејќи речиси се што си пишал во мое име било погрешно и класична клевета. Јас и ти имаме дијаметрално спротивни сфаќања на христијанството и Библијата и затоа не е убаво и етички да зборуваш за мојата перспектива која не ја разбираш.

значи дека денес тоа сознание кој го има тој е идентично со тоа на Адам и Ева! Се работи за истото сознание, а не за некое мистериозно.
Како што објаснив погоре, ти си тотално во криво. Она што ние го наследуваме од Адам е гревовната природа (која секој човек ја има), последиците од гревот - меѓу кои најважни се стареењето и смртта (кои исто така секој човек ги има).

Еве да речеме дека навистина не се пренело на овие племиња, но очигледно се пренело на народите кој ги имаат истите морални критериуми! Што значи дека иако племињата од африка не го имаат спознанието кое Адам и Ева го наследиле, го имаат народите чии морални вредности се исти, тие го имаат истото сознание!
Не ми се верува дека уште се вадиш со ова пишувајќи противречно на себе си. Сега пак не велиш „цивилизираните општества“, туку велиш „народите чии морални вредности се исти“ :) А на предходната страна пиша „секој човек“.
Живо ме интересира која кривина ќе ја фатиш во наредниот коментар и каква противречност ќе напишеш :)

П.С. Ако првобитниот грев не го наследиле поколенијата после Адам, од што ќе ги спасува тогаш Исус? Нели тој дошол да ги спаси луѓето од "гревот"?
А кој вели дека не го наследиле? Јас пишав само дека твоето толкување на првобитниот грев е погрешно т.е. дека не е сознанието за доброто и злото тоа кое што се пренесува од човек на човек, туку дека тоа е гревовната природа, стареењето и смртта.

Според ова испаѓа дека Адам и Ева се казнети и протерани затоа што се здобиле со сознание кое вели дека е погрешно да шеташ гол, а сепак христијанството праќа мисионери кај вакви племиња кој го немаат тоа сознание за да и тие сметаат дека голотијата е грешна?!
Не. Тоа е твое погрешно твое квази-толкување на Библијата. Библијата тоа не го вели. Адам и Ева се казнети затоа што не го послушале Бог и јаделе од забранетото дрво. Бог не рекол дека ако се добието со сознание дека е погрешно дас е шеташ гол ќе умрете, туку рекол дека ако јадат од забранетото дрво ќе умрат. Само толку кажува библискиот текст, а се што е повеќе е твоја имагинација, толкувања и сл.Ти можеш до утре сабајле да толкуваш зошто и на кој начин умреле, кои биле мислите на Бог, да изиграваш негов портпарол или судија кој ги суди неговите мисли - но тоа ќе остане само во твојата имагинација.

......Па нели токму поради тоа сознание бог се рагневил на луѓето?!
Тоа ти го велиш, а не Библијата.

А сега христијанството го дава сознаниево и на племиња кај кој не допрело?!
Не. Тоа ти го велиш, а не Библијата, а не христијанството.

Ipsissiums; жал ми е веќе да ти гледам како се препелкаш и со секој нареден коменатар се повеќе се замрсуваш во мрежата на глупостите и противречностите што ги пишуваш. После секое разобличување, наместо да се засрамиш и свиткаш опашот, ти фаќаш кривини, ја менуваш темата и продолжуваш со противречностите. Кога ти одговара цитираш библиски стихови и си ги интерпретираш противречно на нивниот контекст согласно твоите фикс идеи. Кога ќе бидеш разобличен со контекстуалните библиски стихови, велиш ама тоа е книга со басни и прикаски бла бла бла.
Се изморив и од твоите клевети што ги пишуваш во името на христијанството и Библијата „па нели Библијата вели вака...“ (а уствари нема врска), „па нели Бог се разгневил заради ова“ (а уствари нема врска).

Во ред е да не ја веруваш Библијата. Во ред е и да не си христијанин. Никој не те присилува на тоа. Верувај си во она што си го веруваш и огради се од она што не го веруваш. Нема потреба да зборуваш во името на христијаните. Тие зборуваат доволно за својата вероисповед.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Хахаха не не, ајде не се вади сега со „цивилизираното општество“, кога многу добро знаеме што точно напиша на предходната страна „секој човек“. За да не го едитираш коментарот, сега ќе те цитирам:

Ете тука ти јасно велиш дека тоа сознание денес го има секој човек, а не само цивилизираните општества. А јас ти покажав дека тоа не е точно посочувајќи ти примери од афричките племиња каде што луѓето се шетаат голи и не се срамат или пак нудистичките плажи сеедно. ЗАКЛУЧОК: твоите толкувања се погрешни, а ти неуморно се обидуваш да фаќаш кривини несвесно пишувајќи противречни коментари на предходните! Зошто? Од пуст инает, суетна гордост и немање храброст и доблест да признаеш дека не си во право :)
Стварно незнам како не ти е срам свесно да лажеш вака!
Тоа што јасно го велам во цитатот е дека ВО БИБЛИЈАТА ПИШУВА ТАКА а не дека јас велам така! Еве:
Ipsissimus напиша:
Нели во библијата пишува дека ова сознание е "првобитниот грев" кој секој човек после Адам го наследил? Значи и да имало милион сознанија, тоа кое денес секој човек го има е она кое Адам и Ева го добиле и станале како бог​
Тоа не се никакви мои толкувања, туку тоа што го пишува во библијата! Како споредба ќе ти набројам неколку твои толкувања:
- Змијата знаела дека Адам и Ева ќе умрат! (никаде нема напишано такво нешто)
- Сознанието за добро и зло кое Адам и Ева го осознале не е она кое ние го имаме (никаде не пишува такво нешто)
- Адам и Ева умреле не поради гневот на бог, туку поради дрвото (никаде не пишува, твое толкување)
Како што објаснив погоре, ти си тотално во криво. Она што ние го наследуваме од Адам е гревовната природа (која секој човек ја има), последиците од гревот - меѓу кои најважни се стареењето и смртта (кои исто така секој човек ги има).
Примерот бше и повеќе од јасен, ако денес ти одеднаш сватиш дека си гол во јавност ќе реагираш на ист начин, што значи дека го имаш истото сознание! Кој е "во криво" и на врапчињата им е јасно веќе.
Не ми се верува дека уште се вадиш со ова пишувајќи противречно на себе си. Сега пак не велиш „цивилизираните општества“, туку велиш „народите чии морални вредности се исти“ :) А на предходната страна пиша „секој човек“.
Живо ме интересира која кривина ќе ја фатиш во наредниот коментар и каква противречност ќе напишеш :)
Па зборуваме според логиката на библијата а не според мојата! Ако не ти е јасно, тогаш толку ти сече.
А кој вели дека не го наследиле? Јас пишав само дека твоето толкување на првобитниот грев е погрешно т.е. дека не е сознанието за доброто и злото тоа кое што се пренесува од човек на човек, туку дека тоа е гревовната природа, стареењето и смртта.
Пак твое толкување кое не ме интересира, посочи ми текст кој го кажува тоа!
Тоа ти го велиш, а не Библијата.
Јас не сум ја пишувал библијата, многу добро се гледа дека тоа е напишано во библијата а не од мене.
Ipsissiums; жал ми е веќе да ти гледам како се препелкаш и со секој нареден коменатар се повеќе се замрсуваш во мрежата на глупостите и противречностите што ги пишуваш. После секое разобличување, наместо да се засрамиш и свиткаш опашот, ти фаќаш кривини, ја менуваш темата и продолжуваш со противречностите. Кога ти одговара цитираш библиски стихови и си ги интерпретираш противречно на нивниот контекст согласно твоите фикс идеи. Кога ќе бидеш разобличен со контекстуалните библиски стихови, велиш ама тоа е книга со басни и прикаски бла бла бла.
Кој е разобличен на цел форум му е јасно, ти продолжи со твојата тврдоглавост кога ќе те оставам без аргументи и мисли си дека си во право.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Се изморив и од твоите клевети што ги пишуваш во името на христијанството и Библијата „па нели Библијата вели вака...“ (а уствари нема врска), „па нели Бог се разгневил заради ова“ (а уствари нема врска).
Се измори?! Како така бе чорбаџи? Јас само што се загреав, не ме разочарувај вака.:)
Значи да го сумирам дијалогов, и да видиме кој е објктивен а кој пристрасен.
Целава твоја досегашна дискусија ти ја темелеше на неколку твој заклучоци или толкувања а не на конкретни текстови од библијата, кој иако од петни жили се трудеше да ги докажеш, сепак неуспеа:
-Змијата лажела дека Адам и ева нема да умрат! (тврдење кое не успеа да го докажеш)
Текстот кој го користеше како аргумент единствено посочува дека змијата ги знаела особините на дрвото, а не и мислите и намерите на бог, бидејќи не е сезнајна. Со тоа паѓа во вода твоето тврдење дека таа ги излажала!
- Сознанието за добро и зло не е тоа кое го имаме денес, туку некое мистериозно и непознато за нас! (Тврдење кое го нема во библијата, а ти упорно го користеше како аргумент)
Текстот на кој се повикуваше во овој случај, само не информира дека Адам и Ева станале како бог, знаејќи добро и зло! Никаде во тој стих не се тврди дека станува збор за некое посебно сознание а не она кое секој од нас го има!
Плус, текстот каде се опишуваат особините од сознанието - (им се отворија очите и согледаја дека се голи, па си сплетоа прегачи од смоквини лисја! Господ, Бог, го повика човекот и му рече: „Каде си?” Тој одговори: „Го чув Твојот глас во градината, се исплашив, зашто сум гол, и се сокрив.), јасно докажува дека тоа е истото сознание кое го имаме и ние денес! Сознание поради кое секој од нас би се сокрил, засрамил и исплашил доколку одеднаш свати дека е гол во јавност!
Како што гледаш чорбаџи, не ти чини алот! Аргументите те сардисале и колку и да се прпелкаш, џабе ти е!:)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Се ќе беше во ред доколку змиите имаа гласовен апарат и можност за комуникација со чоечки битија...вака муабетов поприма изразито надреални димензии...talking snakes don`t exist...
Освен тоа на кој јазик им се обратила на присутните во рајот !?
Можеби Писмото не е доволно јасно по тие прашања па останува само една можност...
Змијата била Edmund.
The Blackadder.

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Тоа што јасно го велам во цитатот е дека ВО БИБЛИЈАТА ПИШУВА ТАКА а не дека јас велам така! Еве:

Нели во библијата пишува дека ова сознание е "првобитниот грев" кој секој човек после Адам го наследил? Значи и да имало милион сознанија, тоа кое денес секој човек го има е она кое Адам и Ева го добиле и станале како бог
Е тоа де, тоа цело време те терам и никако да те натерам да го докажеш цитирајќи цитат од Библијата каде што пишува така. Ти велиш дека во Библијата пишувало така. Епа повели цитирај каде во Библијат апишува дека тоа сознание е „првобитниот грев“ кој секој човек после Адам го наследил.

Тоа не се никакви мои толкувања, туку тоа што го пишува во библијата!
Со нетрпение чекаме да ни го цитираш тоа место во Библијата каде што го пишува тоа :)

Како споредба ќе ти набројам неколку твои толкувања:
- Змијата знаела дека Адам и Ева ќе умрат! (никаде нема напишано такво нешто)
Тоа не е мое толкување. Десет пати ти го цитирав цитатот каде што Ева и кажала на змијата дека Адам и Ева ќе умрат ако јадат од забранетото дрво. Штом Ева им кажала, се разбира дека змијата знаела. Никаде не пишува дека змијата си ги затнала ушите кога Ева и го кажала тоа :)

Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!“ (Битие 3:3, Библијата)

- Сознанието за добро и зло кое Адам и Ева го осознале не е она кое ние го имаме (никаде не пишува такво нешто)
Ти го вметна „сознанието“ во дискусијата тврдејќи дека тоа сознание било сознание за разликување на исправно од погрешно (а во Библијата пишува добро и зло, а не исправно и погрешно!) и ти тврдеше и веројатно сеуште тврдиш дека пред да јадат од тоа дрво Адам и Ева не знаеле дека умирањето и смртта се погрешни нешта.
За да се разобличи овој твој лапсуз воопшто не е потребно некакво толкување, туку доволно е само да се посочи дека тоа дрво не било дрво за познавање на исправно и погрешно, туку за добро и зло. Ти ТОЛКУВАШ дека тоа е исто, но ФАКТ е дека во Библијата не пишува така. Во Библијата јасно пишува дека тоа познавање е познавање кое Бог го имал како атрибут.

„...и вие ќе бидете како Бог, распознавајќи го доброто и злото.“ (Битие 3:5, Библиајта)
„И Господ, Бог, рече: „Еве, човекот стана како еден од Нас, знаејќи го доброто и злото“ (Битие 3:22, Библијата)

Патем, ако Адам и Ева не знаеле дека умирањето и смртта се погрешни работи, тогаш змијата немала да има потреба да ги лаже дека нема да умрат, туку ќе им рекла: „Еј супер, ви завидувам што ќе умрете! Умирачката е супер, а смртта уживање. Ах камо јас да умрев, блазе си ви“ :)

- Адам и Ева умреле не поради гневот на бог, туку поради дрвото (никаде не пишува, твое толкување)
Не го реков јас тоа (Ако сум го рекол цитирај ме ама целосно!), туку ти самоуверено тврдеше т.е. толкуваше дека тие умреле поради дрвото, а јас само ти потенцирав дека тоа е твое неосновано толкување и дека во Библијата не пишува такво нешто.

Примерот бше и повеќе од јасен, ако денес ти одеднаш сватиш дека си гол во јавност ќе реагираш на ист начин, што значи дека го имаш истото сознание!
Ти погоре рече дека Библијата наводно вели дека тоа „сознание“ го наследил секој човек. Значи ако го наследил секој човек, тоа значи дека го наследиле и луѓето од афричките племиња бидејќи и тие спаѓаат во твојата изјава „секој човек“. Сепак ти посочив линкови каде што можеш да видиш дека таму луѓето се шетаат во јавност голи и не се срамат. Тоа е доказ дека тие не го наследиле тоа „сознание“, што значи дека ти си во очигледна противречност (или контрадикција како сакаш)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom