- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Зошто потенцираш „кој живее во цивилизирано општество“? Зарем Адам, Ева и нивните потомци живееле во цивилизирано општество?7 Тогаш на двајцата им се отворија очите, и согледаа дека се голи. Сплетоа смоквини лисја и си направија прегачи.
8 Тогаш го чуја гласот на Господа, Бога, Кој шеташе горе-долу во градината за време на денскиот ветрец. И се сокрија - човекот и неговата жена - пред Господа, Бога, меѓу дрвјата во градината.
9 Господ, Бог, го повика човекот и му рече: „Каде си?”
10 Тој одговори: „Го чув Твојот глас во градината, се исплашив, зашто сум гол, и се сокрив.”
Овој дел е јасен доказ дека сознанието кое им ги отворило очите на Адам и Ева е истото кое го има секој просечен човек кој живее во цивилизирано општество! Ако ти одеднаш сватиш дека си гол некаде во јавност, дали нема да се исплашиш и засрамиш? Значи ќе реагираш на ист начин како во примеров! Што значи тоа? Дека имаш исто сознание како во посочениов пример?
Колку и да се вртиш како индијанец околу шатор, аргументите не се на твоја страна!
Добро знам зошто го допиша тој невалиден и несоодветен додаток, затоа што знаеше дека за возрат ќе добиеше примери од еден куп афрички племиња кои што ден денес си живеат голи:
http://www.african-tribes.org/naked-african-tribes.html
http://www.african-tribes.org/
Очигледно, наспроти твоите погрешни квази-толкувања, „спознанието“ не се пренело на овие племиња. Овие племиња не го наследиле. И шо праиме сега? И ти како MIKI1, сакајќи да се отплетеш од пајажината, претајќи дополнително се замрси во неа.
Ах да, ќе ги заборавев и нудистичките плажи кои постојат и во цивилизираните општества
Очигледно твоето квази-толкување не штима ниту во нецивилизираните општества, ниту во цивилизираните. Ама секако тоа тебе нема да ти пречи да си продолжиш да си тераш инает. Ако терај си, со лесно нека ти е.
--- надополнето: Jul 3, 2011 12:38 AM ---
„Му го подадоа (на Исус) книжниот свиток на пророкот Исаија и го одвитка и го најде местото каде што беше напишано: ”Господовиот Дух е на Мене, зашто Ме помаза и Ме испрати да им проповедам на бедните; да ги исцелам скрушените по срце, да им навестам на заробениците, дека ќе бидат пуштени, на слепите дека ќе прогледаат; да ги пуштам на слобода напатените; и да ја навестам благопријатната Господова година.” Го завитка свитокот, му го врати на службеникот и седна, а очите на сите во синагогата беа свртени кон Него. И почна да им зборува: „Денес се исполни ова писмо, во вашите уши. “ (Ев. Лука 4:18,21, Библијата)Eдно прашање.
Како можеме да бидеме сигурни дека Исус кога му се обраќа на својот "татко" мисли
на богот од стариот завет(Јахве).
Во книгата на пророкот Исаија на ова место, на местото на „Господовиот Дух“ пишува „руах адонај ЈХВХ“ што значи „Духот на мојот Господ Јехова“ (или Јахве).