Wimbledon, 13.06 - 03.07.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Makedonec_7
  • Време на започнување Време на започнување

Кој мислите дека ќе го освои Вимболдон, оваа година, во машка конкуренција ?

  • Рафаел Надал

    Гласови: 20 32,3%
  • Новак Џокович

    Гласови: 17 27,4%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 22 35,5%
  • Енди Мареј

    Гласови: 0 0,0%
  • Робин Содерлинг

    Гласови: 0 0,0%
  • Давид Ферер

    Гласови: 0 0,0%
  • Енди Родик

    Гласови: 3 4,8%

  • Вкупно гласачи
    62
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Квитова го освои првиот сет со 6-3 :D
 
Браво за Петра, читам горе ќе ја прегазеле, незнам дали беа тоа претопставки на луѓе што го гледале цел Вимблдон, или на некој што едноставно Петра им е непозната тенисерка, а слушнале за Шарапова и дојдоа до тој заклучок.
 
Господи боже како стигнала Шарапова до финале не ми е јасно??? Катастрофа е... 6-3, 1-0 и сервис за Квитова :sick:
 
гледам некои од фановите на Надал веќе почнаа да креваат галама и да плачат, но другарчиња без нервози ќе се навикнете Ноле да е број 1 а Надал да му гледа во грб

Ноле вчера се одмори, денес слави како што доликува па не знам колку мисли на финалето но секако титулата ќе биде шлаг на торта
 
Јас не ни гледам женски тенис, уште од времето на Хингис. Катастрофа се жениве. Пет класи подолу од машкиот тенис, буквално секоја може секоја да ја победи..:)
 
Јас не ни гледам женски тенис, уште од времето на Хингис. Катастрофа се жениве. Пет класи подолу од машкиот тенис, буквално секоја може секоја да ја победи..:)

Toa e интересното во женска категорија, нема некоја посебно тенисерка која се одвојува од другите.
 
Честитки до Петра,сосема заслужено го освои Вимблдон.
Шарапова денес слабо (n)
 
Ууу,браво за Квитова,ме изненади.Иако бев за Шарапова,не можам да не ја пофалам.
Сега останува уште машкото финале.Ќе има добар тенис осеќам :)
 
И?
Ги негира некој титулите на Надал освоени во изминатиот период?
Или неможе да се помирете дека дојде време за друг тенисер да владее, па нема што друго да се искоментира, па се тропа нешто без врска.

Извини, кој е тој „друг тенисер“ !? Да те потсетам само шо би знаечло зборот „владеење“, магистерскиот труд ми е на таа тема, слична на „владеењето“...

Александар Македонски владеел во Египет, Хуго Чавез во Венецуела, Фидел Кастро во Куба... Роџер Федерер владел во тенисот, Томич или Џоковиќ ќе владејат во тенисот, моментално Рафаел Надал владее во тенисот ! Како !? Во минатата година, го освои Роланд Гарос, УС Опен и Вимболдон, оваа година го освои Роланд Гарос и игра за финале на Вимболдон (поим за моментално владеење - сегашно време, Past Simple, Past Contiunous) .... Роџер Федерер го освоил Роланд Гарос и Вимболдон во 2009та, играл финале во УС Опен, го освоил Австралија Опен во 2010та, и играл финале во Роланд Гарос оваа година. (значи владеел, пред 1 година, но не значи дека ќе престани да владеј и во иднина)... Томич или Џокович, го освоил Австралија Опен два пати во кариерата и губел во две финалиња на УС Опен, и игра моментално финале на Вимболдон ( ќе владее во иднина, можеби и можеби и не, релативна ствар ти е тоа)

Значи не знам дали ги разјаснивме работите !? Понижување е да го користиш зборот „владеење“ ако не знајш шо значи (кажи ми адреса и комотно ќе ти го испратам магистерскиот труд, од 200 страници, за социјолошката тема „владеење и појави на владеење во развиените земји“). Некој со две титули или пак со две финалиња не можиш да речиш владеј, кога некој во истото тоа време освојувал Гренд Слем турнири, иако тој бил во конкуренција.. Тежок збор е, затоа морав да ти објаснам и сакам... Ако сакаш прифати го, ако не, твое право

Поздрав од мене
--- надополнето: Jul 2, 2011 3:03 PM ---
Нема смисла да негираме нечиј успех луѓе непотребен е муабетов.Начинот на кој Надал го симна Федеерер од тронот не е по ништо поспектакуларен или подобар или по незнам таму што од овој на кој Новак го симна Надал.Ако некој можеше тогаш тоа е тој.Ако некој заслужи тогаш е тој.Надал го симна можеби најдобриот во историјата ама Новак го симна Надал во најдобрите години од кариерата.На Федерер не можеа да му се доблиужат во најдобрите години од кариерата.Ама чил аут не е битно има нов светски рекет број 1 што е добро за тенисот.Не е убаво све еден да биде.Барем ке гледаме квалитетни дуели во иднина помеѓу Надал и Ноле.Федерер за 2-3 години нема да конкурира до толку а овие двајца ке ги делат титулите изгледа...

Значи, ако можи да ми објасните како е симнат од тронот !? :D Или мислеше од 1та позиција !? :)
 
Шарапова во женскиот тенис за мене е ко Енди Мареј во машкиот. Никогаш нема да биде на врвот, тука е само за да сопне некој по пат. Нити има потенцијал за нешто поголемо, нити ќе има. Да е женскиот тенис во подобра состојба таа никогаш не би играла финале. Да не зборувам колку само иритира она нејзино пискање бес осет.
 
Ноле сезонава го искина Надал повеќекратно и тоа и на земја...
него ме интересира, ако Ноле го победи што ќе зборите тогаш? Пак дека Надал е најдобриот тенисер моментално?

Ако Ноле победи, ќе честитаме нормално... :) Шо треба да зборуваме !? :D
--- надополнето: Jul 2, 2011 3:06 PM ---
Тогаш ќе зборат како Надал бил повреден, но нели, он е фајтер и не предава меч дури и со скршено колено. И ќе зборат како тоа Надал кога е во форма ни Господ не може гем да му земе.

Али отом потом.

Бог да чува ! Се каам ѓто сум автор на темава и се водат дискусии, без џентлменски осет..
 
Браво за Петра, читам горе ќе ја прегазеле, незнам дали беа тоа претопставки на луѓе што го гледале цел Вимблдон, или на некој што едноставно Петра им е непозната тенисерка, а слушнале за Шарапова и дојдоа до тој заклучок.

А може и на тие луѓе кои викаат дека Џоковиќ владее и ќе владее со тенисот. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom