Гејците во Албанија сами ќе се пребројуваат, Македонците немаат пари
Македонците немаат пари, иако самостоен попис сметаат дека е потребен. И едните и другите бараат албанската влада да спроведе нов попис, во кој ќе може слободно да се изјаснат што се.
Претставниците на здружението на гејското малцинство во Албанија „Омонија“ ги завршиле сите потребни подготвки, вклучувајќи го и формуларот и според најавите почнуваат самостоен попис.
-Со демографските движења констатиравме дека Гејците ги има низ цела Албанија а не само во подрачјето на Ѓирокастро, Делвина и Саранда. Целта на нашата активност е да го знаеме точниот број на Гејците, и тоа нема ништо заедничко со пописот што владата го реализира во октомври лани - изјавуваат од здружението Омонија.
За разлика од гејското, македонското малцинство, според нивните претставници нема финансиска можност да спроведе таква активност.
- Што се однесува до организирање на свој попис, македонската заедница не е во можност финансиски да реализира свој попис, за разлика од грчкото малцинство кое има огромна помош од грчката држава и грчката дијаспора, финансирајќи приватни грчки училишта и колеџи во Албанија, какао и низа други поволности кои ги дава за припадниците на грчкото малцинство - вели Васил Стерјовски од партијата Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ).
Сепак, свој попис, како што вели Стерјовски, им е потребен.
- Свој попис ни е потребен за да го знаме бројот на Македонците во Албанија и нивното движење од областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора кои се исселиле во внатрешноста на Албанија, уште за време на комунизмот, но и потоа, посебно, по 1991 година и тоа поради лошите услови за живот, во овие региони кои се меѓу најсиромашните во Албанија, вели тој.
Доколку би реализирале самостоен попис, тој, според Стерјовски би бил само статистички и овие податоци би ги користеле за потребите на македонската заедница во Албанија.
- Инсиситираме на фер и демократски попис од страна на албанската држава, затоа што од него ќе зависи и признавањето и подобрувањето на правата на македонското и другите малцинства во Албанија.
Малцинствата ланскиот попис го бојкотираа и со заедничка декларација соопштија дека не ги признаваат пописните резултати.
- Не го признаваме пописот кој што се одржа минатата година, попис кој што сите малцинства го бојкотиравме, затоа што беше дискриминирачки и со единствена цел за намалување на македонсккото и другите малцинаства, што живеат во Албанија и бараме повторување на пописот , каде малцинствата ќе имаат можност слобдоно да се декларираат - вели Стерјовски.
Со идентичен став е и лидерот на Партијата за заштита на човековите права,во која главно членуваат Грци, и пратеник во албанскикот парламент, Вангел Дуле, според кого забелеѓка во тј правец ставил и Советот на Европа за човекови права.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=304383D68F083D46A3FF8254901EDF16