Okay дефинитивно сум за тука.
Повлечено,срамежливо момче кое оде уште во средно училиште и живее во прилично мал град тоа сум јас.
Другарите ги изгубив уште во 7-8 одд и потоа бев апсолутно сам 1-2 години затворен дома буквално,потоа испаднаа 2-3 момци кои некако си ја имаат истата судбина како мене да не речам нешто слично и си се спријателивме.Ама не е тоа тоа,едниот е рокер( не дека ги делам по стилот на музиката и облекување ама има долга коса,рокерски се носи исто и другиот по малце) ама јас не сум таков.Јас одсекогаш сакам да одам по дискотеки,женски,пријатели денсање едноставно се што они не сакат и одбегават да одат во дискотека или кафиќ бидејчи низ град доста деца се закачувале со нив само поради тоа што носат долги коси и тоа е нивниот стил па дошло и до тепачки. Други пријатели и другари немам и муабетот ми е што никогаш како човек не сум испаднал во дискотека (освен 2-3 пати со сестрами шо сум бил ) и толку.Таков стил на човек сум едноставно така се замислувам и сеа "поради нив" седам дома оти немам со кој да излевам и да се журкам по дискотеки и кафичи оти нив не им се одело и мразел гужва ептен нецивилизирано и ептен е пренесен во виртуелниот свет едниот едноставно за да го извадиш од дома требе со молење.
Сварно ми е мака и незнам што да правам ама едноставно не можам вака да гледам како другите излеваат се дружат а јас скапувам дома оти нема кај да идам и со кој.
И денеска крајно беше ми се смачи и ги отерав во п.м. и сеа пробувам да си најдам решение ама не е така едноставно за мене просто сум сам и нема кај да одам.