за почеток да се разбереме ние македонците немаме посилна војска од било кој од овие држава па ни од Турција ама имаме специјалци кои се далеку пред турските !
Abe NEPISMEN, makedonec ti ova ozbilno go velis ili taka se zaebavas, svesensi tiu bre sto zboruvas??? Dali si svesen deka Turcija e clenka na NATO uste od 1952 godina, svesen si deka makedonskite policajci i vojnici se obuceja vo Turcija, a ?? eva evasaa sto nema da se cita na ovoj forum
Воена донација од Турција за Република Македонија
03.06.2002 00:00 Република Турција и' додели на Република Македонија донација во средства и опрема за логистичкиот баталјон на пешадиската бригада и специјалните единици на АРМ во висина од милион и 150 илјади долари.
Договорот за донација денеска во Скопје го потпишаа турскиот бригаден генерал Џухангир Думанли и началникот на Г-3 во Генералштабот на АРМ, бригадниот генерал Саве Јанев.
На средбите во министерството за одбрана, меѓу турската воена делегација и ресорниот министер Владо Поповски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методи Стамболиски, заедничката соработка била оценета како одлична, а од турска страна била понудена обука на единици на АРМ.
Македонија е блиску до НАТО, и тоа по заслуга на Турција.
Македонија се наоѓа на чекор-два од членството во НАТО, а тоа е заслуга на Турција, оцени министерот за одбрана Бучковски. Со својот турски колега се согласиле дека Турција и Македонија мора взаемно да се поддржуваат на политичко ниво за членство во меѓународните организации.
„Во големото народно собрание на Турција е донесена одлука за поддршка на полноправно членство на Македонија во НАТО“, рече Веџди Ѓонул.
Околу 200 офицери и подофицери на АРМ биле или се уште се школуваат на воените академии во Турција. Турски воени инструктори во земјава на 10 септември ќе ја завршат обуката на ренџерскиот баталјон од единицата за специјални намени.
„
Во изминативе 7 години имавме воено техничка соработка која резултираше со донирање на нова опрема на АРМ во висина од 7 милиони долари“, рече Владо Бучковски.
Турскиот министер за одбрана ќе биде примен и од највисокиот државен врв претседателот Црвенковски и премиерот Костов. Турција и понатаму активно ќе ја подржува Македонија до полноправно членство во НАТО. На почетокот на октомври ќе биде потпишан нов 5-годишен план за донација на опрема за АРМ
ТУРЦИЈА ЦЕЛОСНО ЈА ПОРДЖУВА МАКЕДОНИЈА ВО НАПОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО
Турција целосно ја подржува Македонијаво напорите за членство во НАТО, изјави турскиот министер за одбрана Веџди Ѓонул по денешната средба со својот домаќин и колега Владо Бучковски.
“Пред Самитот на Алијансата во Истанбул донесовме посебна резолуција за Македонија, а Големото народно собрание на Турција усвои и посебна Одлука за подршка на Македонија“, рече Ѓонул.
Оценувајќи ги како одлични досегашните односи меѓу двете земји, Ѓонул потсети дека Турција е меѓу првите земји што ја призна Македонија под нејзиното уставно име и испрати свој амбасадор.
“Нашите воени иснтруктори се уште се во Македонија, давајќи придонес во развојот на АРМ.
Македонските офицери се обучуваат на воените академии во Турција. Очекуваме да се дошколуваат кај нас, а другата година ќе има нов контингент за Македонија“, истакна турскиот министер за одбрана.
Ѓонул рече дека на средбата со Бучковски ги разгледале можностите за интензивирање на досегашната соработка.
Министерот Бучковски информира дека во почетокот на идниот месец Македонија и Турција ќе го дефинираат идниот петгодишен план за модернизација и донирање турска опрема за АРМ.
“Развојот и обученоста на АРМ е еден од проектите што Македонија и Турција го работат заедно веќе девет години. Фазата во која се наоѓаме, чекор - два до полноправно членствово НАТО е заслуга и на нашите труски пријатели. Последниве неколку месеци нашите единици за специјални намени демонстрираа нови вештини постигнати во соработка со инструкторите од Турција“, напомена Бучковски.
Изминатите седум години, додаде македонскиот министер за одбрана, воено-техничката соработка меѓу Македонија и Турција резултираше со донирање нова опрема за АРМ, вредна околу седум милиони долари.
Одговарјќи на новинарско прашање, Бучковски нагласи дека актуелната ситуација во Македонија нема да доведе до нарушување на стабилноста во земјата и регионот. Сепак, кога е во прашање креирањето на идната политика, претпазливоста не е на одмет, така што сите сугестии и забелешки, посебно од Меѓународната кризна група, треба да се земат предвид.
“Македонија ќе направи се за МКГ и другите добронамерни и загрижени аналитичари многу брзо да ја променат перцепцијата за она што во Македонија може да се случи“, рече министерот за одбрана Владо Бучковски.
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
ТУРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ АХМЕТ НЕЖДЕТ СЕЗЕР ВО СКОПЈЕ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Македонија и Турција со одлични врски, ама економијата чкрипи
[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Со прошетка по црвениот килим пред Собранието и пред гардата комити, претседателот на Република Турција Ахмет Неждет Сезер, вчера ја започна тридневната официјална посета на Република Македонија. На покана на претседателот Борис Трајковски, турскиот претседател ќе има средби со државниот врв, а ќе ги посети и Охрид и Битола. Вчера, пак, по првиот состанок на турската и македонската делегација, двајцата претседатели дадоа изјави за медиумите, во кои го пофалија високото ниво на односите меѓу Македонија и Турција, со потенцирање дека Турција е првата држава која официјално и под уставно име ја призна земјава. Освен тоа, Турција е единствена земја која инсистира на употребата на уставното име на Македонија и при ословувањето во НАТО, чија членка е, и чија поддршка за зачленување во Алијансата вчера повторно ја потврди турскиот претседател Сезер. Но, и Трајковски и Сезер потенцираа дека економскиот однос малку кочи, и дека Договорот за слободна трговија не се користи максимално, на што турскиот претседател најави "вложување посебни напори" за мотивирање на тамошните големи стопанственици да инвестираат во Македонија.
[/FONT]
Македонија и Турција се договорија за олеснување на транспортот
Македонија и Турција денеска во Скопје се договорија за олеснување на транспортниот сообраќај меѓу двете земји, а постигнале согласност и за други прашања од областа на транспортот и комуникациите.
Договорот за што е потпишан и Протокол го постигнаа министерот за транспорт и врски на Македонија, Џемаил Мехази и турскиот министер за сообраќај Бинали Јилдирим кој се наоѓа во работна посета на Македонија.
Турција како што изјавија двајцата министри по средбата, се согласила да ги зголеми квотите за македонски камиони од Турција кон Македонија за 40 до 50%, а од својот македонски колега побарал олеснување за транспортерите од Турција кои преку Македонија носат роба на Косово.
Двајцата министри разговарале и за можноста за учество на турски компании во инфраструктурни проекти во Македонија при што Мехази ја презентирал владината намера да издава железнички, патни и аеродромски објекти под концесија.
Министерот Јилдирим изрази уверување дека за две години двојно ќе се зголеми трговската размена меѓу Македонија и Турција која сега изнесува околу 200 милиони долари на годишно ниво.
--- надополнето: Jul 1, 2011 1:35 PM ---
Воената соработка помеѓу Република Македонија и Република Турција
По признавањето на нашата држава под нејзиното уставно име и по воспоставувањето на целосните дипломатски односи на 26.08.1992 година и испраќањето на првиот амбасадор на Република Македонија со Република Турција и во областа на одбраната започна интензивен дијалог. Од самите почетоци е манифестирана полна подршка и помош.
Република Турција е прва земја што упати воен претставник-воено аташе во Скопје (24.08.1994), прва потпиша спогодба за воена соработка со Република Македонија (март 1994), прва земја што прими офицери на школување, првиот воен аташе на Република Македонија бешеупатен во Република Турција, (септември 1996 година), и конечно првата помош за опремување на АРМ пристигна од Република Турција.
Соработката меѓу двете земји се одвива на широк план. на поставени правни и трајни основи, при тоа многу јасно е изразена позитивната воља од двете страни, соработката се одвива крајно професионално и коректно што одговара на интересите на двете земји, а во таа рамка го подржува процесот на стабилизирање на Република Македонија и зајакнување на нејзината одбрана и безбедност.
Со поголема координација и помош во спроведувањето на логистичките проекти за опремување на АРМ, во јануари 2000 година се потпиша Протокол за формирање и работа на ДАКОТ-тим за координација и советување, во кои се вклучени двајца офицери од Турската армија со постојано седиште во Република Македонија.
Севкупната досегашна воена соработка е регулирана со нормативни акти кои се потпишани помеѓу двете министерства за одбрана од кои дел од нив сакам овде да ги потенцирам.
1.Договор за соработка во областа на техниката и одбранбената индустрија помеѓу двете влади.
2.Договор за соработка во областа на воената обука помеѓу двете влади.
3.Договор за образовна,технича и научна соработка на воено поле помеѓу двете влади.
4.Спогодба за соработка во областа на одбраната помеѓу двете Министерства за одбрана.
5.Договор за воена помош меѓу владата на Р.Македонија и владата на Р.Турција за 1999 година во висина од 1.000.000 долари.
6.Договор за воена помош меѓу владата на Р.Македонија и владата на Р.Турција за 2000 година во висина од 1.700.000 долари
7.Договор за воена помош меѓу владата на Р.Македонија и владата на Р.Турција за 2001 година во висина од 859.000 долари.
8.Договор за воен грант за 2002 година меѓу владата на Р.Македонија и владата на Р.Турција во висина од 1.140.000 долари.
Вкупната финансиска помош досега и според договорот би требало да изнесува околу 10 милиони американски долари.
--- надополнето: Jul 1, 2011 1:36 PM ---
Турска донација за АРМ
Скопје /16/10/ 08:04
Турција денеска ќе донира воена техника и опрема за македонската Армија (АРМ), во вредност од 257.000 долари.
Донацијата се состои од пет теренски моторни возила од типот ,,Ланд Ровер - Дефендер”, два статични и два преносни агрегати за производство на електрична енергија и четири големи шатори за теренски услови.
На церемонијата на доделување на донацијата во Техничкиот ремонтен центар на АРМ во Скопје се очекува да присуствуваат: министерот за одбрана Зоран Коњановски, началникот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, како и амбасадорот и воениот аташе на Турција во земјава, Хакан Арслан Окчал и Метин Алпџан. Превземено од Макфакс
--- надополнето: Jul 1, 2011 1:38 PM ---
EVO KOI ZEMJI JA GARANTIRAAT OPSTOENJETO NA MAKEDONIJA
SAMO SAD I TURCIJA
Вашето мислење за македонско-американските односи денес? Дали се подобрени, влошени, стагнираат.. Дали Македонија е во приоритетите на американската политика на Балканот?
Makedonija posle SAD vakov dogovor ima i so Turcija
Evo
Исклучиво само со САД и Турција
Архива
По САД, договор за стратегиска соработка и со Турција
![](http://www.a1.com.mk/images/prazno.gif)
11.11.2008 10:20
Милошоски на официјалната
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=100003
Македонија и Турција потпишаа договор за стратегиска соработка
http://www.vlada.mk/?q=node/1600
Анкара, 11 ноември
Македонија и Турција потпишаа Стратегија за зајакнување на билатералните односи со која се зацврстуваат меѓусебните односи, а воедно претставува и добра основа за донесување нови акциски планови за соработка во областа на безбедноста, одбраната, царината, економијата, трговијата, образованието и културата.
![](http://www.vlada.mk/files/images/novosti/Milososki-Turcija.jpg)
Стратегијата попладнево во Анкара ја потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Турција, Антонио Милошоски и Али Бабаџан. Ова е втора ваква Стратегија што ја има потпишано Република Македонија. Првиот договор од ваков тип Македонија го потпиша со САД во мај годинава.
Шефот на македонската дипломатија на денешната прес-конференција истакна дека соработката во областа на одбраната, меѓу другото, вклучува взаемен тренинг на воен кадар.
- Стотина македонски старешини имаат можност да бидат обучувани во Турција која е земја-членка на НАТО-алијансата за достигнување на посакуваните стандарди, рече Милошоски, додавајќи дека во иднина може да се размислува и за заеднички проекти па дури и за вклучување на македонските компании во турската воена индустрија.
Зборувајќи за взаемните историски и сегашни културни врски меѓу двете земји, Милошоски посочи дека тие се создаваа како дополнителни мостови преку турското малцинство кое е активно во Македонија. Милошоски му се заблагодари на Бабаџан за поддршката што Турција и ја дава на Македонија за членство во НАТО и притоа подвлече дека од македонска страна се прават максимални напори да стане дел од ова семејство.
Министерот Бабаџан рече дека зачленувањето на Македонија во евроатлантските структури ќе биде важно од аспект на регионалната стабилност и поради тоа Турција ќе продолжи и понатаму со безрезервната поддршка кон Македонија.
- Убеден сум дека Македонија ја чека светла перспектива односно дека по зачленувањето во НАТО и во ЕУ Македонија ќе го заземе местото меѓу просперитетните земји во светот, нагласи Бабаџан.
Република Македонија, како што посочи шефот на турската дипломатија, е економско-трговска крстосница.
- Во последните четири години е евидентен растот на трговската размена, а се забележува и зголемен интерес кај турските бизнисмени за вложување во Македонија, рече Бабаџан. Во контекст на тоа, тој додаде дека за добрата трговска размена ќе придонесе и денешното потпишување на Протоколот за усогласување на постоечкиот Договор за либерализација на трговијата меѓу двете земји од страна на првите луѓе на македонската и турската Царина, Ванчо Каргов и Џемалетин Дамлаџа.
Министерот Бабаџан одговарајќи на новинарско прашање за спорот меѓу Македонија и Грција за името и попречувањето за влез на Македонија во НАТО рече дека е разочаран што Македонија не е дел од Алијансата и оти НАТО не треба да биде сцена на поединечни препукувања.
- Се надевам дека овој процес наскоро ќе се заокружи и ќе се најде решение, додаде Бабаџан.
Вечерва министерот Антонио Милошоски ќе биде примен од турскиот претседател Абдула Ѓул со што ќе го заврши официјалниот дел од посетата на Турција.
http://www.vlada.mk/?q=node/1600
--- надополнето: Jul 1, 2011 1:41 PM ---
Полициски специјалци ќе се обучуваат на турски академии
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1499&stID=17054&pR=3