А1 Македонија (VIP)

Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
едно што ме кочи.... бев денес да се префрлам и гледам немаат никаква опција два броја да бидат на иста сметка/претплата
Како то?

Јас сум со 2 броја на иста сметка. Различни претплати ама иста сметка на едно име.
Најверојатно ти се погодил уште еден бескорисен продавач таму што не знае ништо да објасни.
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.102
Поени од реакции
1.379
Да знаеш и ке поднесам,и да е моја грешка требало да ме известат.
Ти препорачувам веднаш да поднесеш приговор затоа што мислам дека законски има рок колку дена имаш фора да поднесеш таква жалба.Неможе пример после неколку месеци или пола година.Најдобро е одма да пополниш формуларот и поднеси го.АЕК останатото ќе го брка
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Eftini - Da
Mrezha - Tapa
Bolji od ONE - DA :)
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.102
Поени од реакции
1.379
Вест од пред неколку минути

Facebook® Mobile

Веќе го имаш на компјутер, сега и на твојот Вип телефон.

Биди дел од светски најпознатата онлајн друштвена заедница дури и кога си во движење. СоFacebook® Mobile можеш да споделиш фотографии и новости, да останеш во контакт со старитепријатели, па и да запознаеш нови.
Поради се поголемата популарност и интересот на корисниците, Вип единствeн во Македонија им овозможува на своите корисници да ги добиваат нотификациите од својот Фејсбук профил бесплатно на нивниот Вип број засекогаш!
Регистрирај го твојот Вип број тука.
Линк
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Вест од пред неколку минути

Поради се поголемата популарност и интересот на корисниците, Вип единствeн во Македонија им овозможува на своите корисници да ги добиваат нотификациите од својот Фејсбук профил бесплатно на нивниот Вип број засекогаш!
Регистрирај го твојот Вип број тука.
Линк
Значи сеа и кај Вип работи тоа. www.0.facebook.com Бесплатен фејсбук.Не е нешто ама добро е и ова.Ајде пробајте и кажете дали работи.
ова малку е постаро... сестра ми ( фејсбук зависник ) го користи може еден месец
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.529
ОК, но дали со ова ке стои твојот телефонски број на профилот?
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Вака, пошто се спремам сеа за на одмор, ми треба GPS на телефонот, гледам цена на интернет на Vip 17,7 денари за мегабајт (шо е сосем разумно), тарифирање на 10 kb :eek:. Ова значи дека ако потрошам пример 15 кб, и се исклучам аутоматски ми се наплаќаат 17,7 денари? Роаминг има некоја посебна цена или?
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.102
Поени од реакции
1.379
Вака, пошто се спремам сеа за на одмор, ми треба GPS на телефонот, гледам цена на интернет на Vip 17,7 денари за мегабајт (шо е сосем разумно), тарифирање на 10 kb :eek:. Ова значи дека ако потрошам пример 15 кб, и се исклучам аутоматски ми се наплаќаат 17,7 денари? Роаминг има некоја посебна цена или?
Цената на интернет во роаминг е многу голема и прескапо незнам колку точно но многу е.Ако користиш да речеме Гугл мапс во Македонија со гпрс конекција ќе се изначекаш да се вчитаат мапите.Ако одиш на одмор ако имаш ви фи на телефонот закачи се на некоја мрежа и така користи
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.529
Вака, пошто се спремам сеа за на одмор, ми треба GPS на телефонот, гледам цена на интернет на Vip 17,7 денари за мегабајт (шо е сосем разумно), тарифирање на 10 kb :eek:. Ова значи дека ако потрошам пример 15 кб, и се исклучам аутоматски ми се наплаќаат 17,7 денари? Роаминг има некоја посебна цена или?
Не бе :)

1 МБ = 17,7 ден.
10 Кб = шознам, израчунај :) Малку е.

И ти тарифира на секои 10 Кб. Јас користам GPRS нон-стоп и не тарифира 17.7 ден на секое уклучување на нет туку колку ке си потрошиш толку. И како што разговорите се тарифираат по секунда, така интернетот се тарифира на 10 Кб.

А за роаминг нормално - ке биде поскапо (и тоа бааги), па распитај се во некој салон најдобро. Ке ти објаснат во која држава колку пари ке ти биде ваљда
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
^Грасијас за одговорите :)
Интернет во роаминг

За уште поопуштен одмор, со Vip добивате и неверојатни цени за сурфање на интернет во роаминг, сега намалени до 80%. За само 99 денари, активирајте интернет - роаминг со праќање SMS со текст „START SURF” на бројот +38977140300 и во текот на следните 30 дена бидете он-лајн кога Вам Ви одговара, и тоа во сите мрежи од Телеком Австрија Групацијата и Vodafone.


Зона
Златен партнер
Цена (ден/100kb)
Зона 1​
9,9
Зона 2​
19,9
Зона 3​
29,9
100че, + 10 на 100kb...Скупоча.

Офтопик малце, колку шо гледав One имаат најефтин интернет, 5.5 денари по мегабајт, а цени за странство немаат идиотите.
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Вака, пошто се спремам сеа за на одмор, ми треба GPS на телефонот, гледам цена на интернет на Vip 17,7 денари за мегабајт (шо е сосем разумно), тарифирање на 10 kb :eek:. Ова значи дека ако потрошам пример 15 кб, и се исклучам аутоматски ми се наплаќаат 17,7 денари? Роаминг има некоја посебна цена или?
За ГПС не ти треба интернет.
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
За ГПС не ти треба интернет.
Треба, мора да се конектира телефонот било вај фај или интернет од операторот. Кини малку сосем, ама не можи без, пробав без картица да го конектирам не сакаше ;)
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Треба, мора да се конектира телефонот било вај фај или интернет од операторот. Кини малку сосем, ама не можи без, пробав без картица да го конектирам не сакаше ;)
Кој телефон го имаш и која апликација ја користиш? За што ти треба ГПС? Види да не ти е ставено Assisted GPS - за тоа зема малце интернет, ама сосема малце. Јас користам Garmin на Нокиа 5800 без интернет, на ајфоун исто имам користено, Блекбери исто мислам, на Андроид само мислам дека немам пробано или не ми текнува...
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Ovi Maps, Nokia 5800.
Ovi користи интернет, стави си Garmin, подобра е ко апликација и + имаш избор да се поврзеш само преку ГПС, да не користи интернет (ама со интернет + ГПС побрзо те лоцира).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom