Kaко се уништува јазикот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Vollstandig
  • Време на започнување Време на започнување
Србизми, турцизми и слични ИЗМИ ни го искасапија јазикот. Жалосно е што толку малку си го познаваме нашиов јазик.
Деновиве налетав на коментар на You tube "Кога Македонецот се весели, ги создава најразиграните и најубави мелодии...Ама кога тажи - и небото може да заплаче од болката во неговата песна."
И сфатив дека убавината на нашиве песни е токму во јазикот. Има нешто исконско во него, што ја прави нашата музика возвишена.Да го сочуваме...
 
Избришани се последните неколку коментари на темава.

Дај внимавајте што пишувајте, и немојте со лични навреди.
 
Мислам дека во последно време посебно е изразена неправилната употреба на едначењето по звучност.
Незнам која е главната причина (можеби само невина пројава на дебилизам), но мислам дека придонесоа бугарските "образовни" емисии и текстови на надарени певаљки.
БеЗшумно, оДсега, наДфрли - се само малку од многуте примери кои можат да се прочитаат секојдневно по интернет страните на телевизиите, соопштенија од државни институции до статуси на фејсбук...

Не знам ни јас што е работата, ама уште повеќе ме иритира слеано пишување на негација и глагол, од типот на неможам,незнам и слично,или пак одвоено пишување на префиксите за суперлатив и компаратив, на пример нај добар, по убав, некои па ги пишуваат со цртичка, нај-популарен,нај-висок,а кога некој ќе напише беФ, отидоФ, Фторник, во истиот момент паѓа во моите очи.Најтрагично е што се почесто ги забележувам овие појави и по весници, списанија и интернет сајтови(претпоставувам дека некој од јазичните пуританци ќе ми забележи за зборот).Се на се, кога станува збор за јазикот,имаме ние многу поголеми проблеми од англицизми, интернационализми, неологизми и сленг.
 
Не знам ни јас што е работата, ама уште повеќе ме иритира слеано пишување на негација и глагол, од типот на неможам,незнам и слично,или пак одвоено пишување на префиксите за суперлатив и компаратив, на пример нај добар, по убав, некои па ги пишуваат со цртичка, нај-популарен,нај-висок,а кога некој ќе напише беФ, отидоФ, Фторник, во истиот момент паѓа во моите очи.Најтрагично е што се почесто ги забележувам овие појави и по весници, списанија и интернет сајтови.Се на се, кога станува збор за јазикот,имаме ние многу поголеми проблеми од англицизми, интернационализми и сленг.

Така е мацо! Проблемот е во галопирачката неписменост. Има и тема на форумов насловена „суругат мајки.“ Таму веќе предложив ваквите суругати да им прават друшво на многуте флизери, кенлери, здрели милицински сестри со стредно, матреални стресва, искурзии со хилихоптери, пархети, земња, релни, здрачење, бомбандирање, контињери, бољери, фем за коса, и да јадат спањак и јоргут во Дорјан да не добијат инфрак на стари години. Инфраци се незгодна работа.

Што се однесува до англицизмите, интернационализмите, неологизмите и сленгот, доколку се употребуваат со мерка и во соодветен контекст, не претставуваат никаков проблем. Освен можеби за суругатите.
 
Така е мацо! Проблемот е во галопирачката неписменост. Има и тема на форумов насловена „суругат мајки.“ Таму веќе предложив ваквите суругати да им прават друшво на многуте флизери, кенлери, здрели милицински сестри со стредно, матреални стресва, искурзии со хилихоптери, пархети, земња, релни, бомбандирање, контињери, бољери, и да јадат спањак и јоргут во Дорјан.

Што се однесува до англицизмите, интернационализмите и сленгот, доколку се употребуваат со мерка и во соодветен контекст, не претставуваат никаков проблем. Освен можеби за суругатите.

Иронијата е во тоа што до неодамна, мислам баш на овој подфорум имаше тема со наслов Битолскиот дијалект бил "нај македонски"?, Разбирам дека не сме сите лектори или лингвисти, ама неколку основни правописни правила може да научи секој кој има барем минимум мозочни клетки...Туку да не должам многу,треба да идам утре до Џорче,позади базентот,на лојзето,ќе береме гројзе, само не знам дали да облечам халахопки и винтијага?Ај па може ќе се стретнеме.
 
Сите македонски дијалекти се подеднакво македонски. А има стандарден јазик кој е најмакедонски (слеано напишан) и вреди да се изучува и негува. Туку, ако не се стретнеме кај струшениот ресторант, те молам провери сабаље дали мачорот дезертирал -- секој ден обврзно му даваме некој дезерт.;)
 
Иронијата е во тоа што до неодамна, мислам баш на овој подфорум имаше тема со наслов Битолскиот дијалект бил "нај македонски"?, Разбирам дека не сме сите лектори или лингвисти, ама неколку основни правописни правила може да научи секој кој има барем минимум мозочни клетки...Туку да не должам многу,треба да идам утре до Џорче,позади базентот,на лојзето,ќе береме гројзе, само не знам дали да облечам халахопки и винтијага?Ај па може ќе се стретнеме.

Ма, глупости .. Се и сешто.
Јас разбирам да се инсистира за употреба на стандардизираната норма, ама не бива до толку. Инаку повеќето од примерите што ги напиша спаѓаат во категоријата дијалектни форми и како такви воопшто не се спорни, ниту пак се основната причина за недоволната образованост на јавните личности (новинари, професори, политичари, експертутки....). Од човекот (или како што рече ти "минимумот мозочни клетки") зависи дали ја сфатил потребата да се изразува/пишува правилно кога се обраќа официјално со цел да биде разбран од сите, за разлика од комшиски "муабет" каде може да комуницира како што сака (разни јазици :)).
 
Кога спомнав минимум мозочни клетки мислев на друго, на грешки од типот нај убав, нај брз, или па несакам,неодам,значи на примерите од од мојот прв пост на темата, а ова другово што ти кон нарекуваш муабет беше повеќе на шега.
 
Ма, глупости .. Се и сешто.
Јас разбирам да се инсистира за употреба на стандардизираната норма, ама не бива до толку. Инаку повеќето од примерите што ги напиша спаѓаат во категоријата дијалектни форми и како такви воопшто не се спорни, ниту пак се основната причина за недоволната образованост на јавните личности (новинари, професори, политичари, експертутки....). Од човекот (или како што рече ти "минимумот мозочни клетки") зависи дали ја сфатил потребата да се изразува/пишува правилно кога се обраќа официјално со цел да биде разбран од сите, за разлика од комшиски "муабет" каде може да комуницира како што сака (разни јазици :)).

Karan, мислам дека малку погрешно си го разбрал „дијалогов“ меѓу Мачорка и мене. Никој не ја спори употребата на дијалектите и другите нестандардни форми на македонскиот јазик. Напротив, дијалектите на било кој јазик се многуслојна категорија и се многу важни од повеќе аспекти. Прво, дијалектите се непресушни извори на автохтона лексика, фразеологија, јазичен израз и стил, итн. и затоа треба треба да се негуваат, како што и стандардот треба да се негува.Понатаму, дијалектите се јасен израз на идентитет и припадност: секој од нас зборува повеќе различни дијалекти:а) регионален дијалект (скопски, битолски, штипски, тетовски, итн.), б) социјален дијалект, односно социолект (во зависност од своето ниво на образование и општествена класа), в) родов дијалект или genderlect (машки, женски), д) професионален дијалект (технички жаргон) (ако си лекар, стоматолог, правник, архитект, генетичар, биохемичар, лингвист – тогаш треба да го познаваш и владееш соодвентниот професионален жаргон), ѓ) урбан дијалект (во мегалополисите како Њујорк или Лондон, каде да речеме, жител на Менхетн зборува поинаку од оној во Бруклин). Можам уште многу да пишувам на темава бидејќи ми е добро позната и ја истражувам долги години. Она што сакав да го посочам е дека повеќето луѓе се мултидијалектални – говорат барем неколку од наведените дијалекти на еден јазик (кои не се само регионални).

Мислам дека ти загатна нешто што има повеќе врска со контекстуалната употреба отколку со дијалектот. И за тоа мислам дека напишав во еден друг пост ама попатно и без доволно објаснување. Тука ќе се обидам да дообјаснам: секој изворен зборувач на еден јазик е способен да го адаптира својот јазичен израз во зависност од формалноста на ситуацискиот контекст. Таквата јазична употреба во лингвистиката е позната како регистер. Кога купувам на Зелено пазарче и` се обраќам на старицата која љубезно ми вели “Синко ај земи од патлиџанчево“ со “Ќе земам, мајче.“ Тоа е соодветниот регистер во дадената ситуација. Кога разговарам со универзитетски професори, мојот јазичен израз се уподобува на таквиот контекст. Кога зборувам се тригодишни дечиња, употребувам поинаков регистер и интонација (child-directed speech). Софистициран зборувач на еден јазик е способен да разликува и правилно да употребува различни регистри.

Еве ја конечната поента: дрската неписменост ме иритра и ја разобличувам, особено кога се некој неписмен се дрзнува да дели лекции само затоа што може да набоде нешто на тастатура. Пред некој некому да дели лекции како се негува и уништува јазикот, треба а) добро да го има совладано стандардниот јазик (ова е минимум!), б) да ја познава сопствената јазична историја, литература, богатсво на дијалекти, итн. и в) со сопствен пример да сведочи она за кое се застапува. Како што можеби си забележал, мене не ми се блиски изблици на „јазична полиција“ – претпочитам слобода во изразот и кротко сведочење со пример. Меѓутоа, кога неписмени (навистина немам поблаг збор) „бранители“ на јазикот се обидуваат да ми делат лекции, остро реагирам, понекогаш и со цинизам.

Прости за долгиов пост, и многу поздрав,
 
Во ред. Што би рекол еден член на форумов:
хм...незнаев дека сум од Дебар ;).
:)
Еве ја конечната поента: дрската неписменост ме иритра и ја разобличувам, особено кога се некој неписмен се дрзнува да дели лекции само затоа што може да набоде нешто на тастатура. Пред некој некому да дели лекции како се негува и уништува јазикот, треба а) добро да го има совладано стандардниот јазик (ова е минимум!), б) да ја познава сопствената јазична историја, литература, богатсво на дијалекти, итн. и в) со сопствен пример да сведочи она за кое се застапува.
Во секој случај она болдираното е најважно. Како и се останато и јазикот може да премине од фаза на изградба (збогатување) и развој, во фаза на опростување (деградација) и уништување.
Факт е дека грижата за правилната употреба на јазичните правила во државава се состои само од декларативни повици и апели "да си го зачуваме јазикот", еднаш во годината преку телевизиски прилози. Да, секој поединец е должен да го одржува она што е наше заедничко, но не секој чувствува таква потреба (да бевме таков народ многу работи не би биле какви што се, а не треба да бидат). Би било логично кога би постоеле развиени механизми за заштита од ваквите негативни појави. Спротивно од ваквата потреба денес тие коишто треба да бидат пример за останатите, се се друго само не јазично описменети личности. Лингвистите пак, затворени по кабинети и други пријатни простории (лете ладни, зиме топли) си пишуваат филозофски есеи. Кој е тој што треба да ја доближи грижата за зачувување и збогатување, оживување, развој на јазикот до пошироките маси?

Како резултат на тоа се појавуваат такви полуписмени ликови кои можеби повеќе несвесно промовираат погрешна употреба, во недостиг на луѓе со соодветни јазични познавања (ако една нива не се обработува таму ќе порасне само плевел).
Мене не ме нервираат толку тие личности колку оние што оставиле простор за нив ( а не требало). Бидете поздравени.
 
Така е karan. Затоа и велам дека јазикот, културата, идентитетот се бранат со знаење и личен пример. Кој треба да ја доближи грижата? Родителите, наставниците и професорите, пред се`, а потоа и институциите на државата. И во право си за зачауреноста на оние кои се занимаваат со јазик. Сепак, има многумина (меѓу кои би се вброил и јас) кои следат што се случува и се во тек со реалноста. Инаку, „широките народни маси“ се секогаш и секаде недоволно писмени. Ова не го зборувам со никаква ароганција, туку како докажлив факт. Во Британија, на пример, која има долговековна традиција на стандардизиран јазик, врвна лкесикографија, богата литература, и правна држава која се грижи за се` ова -- употребата на говорниот стандард е пониска од 15%. Изненадувачки, нели? Не ми се познати статистички податоци за Македонија, но не би се изненадил кога процентите би биле слични.

Јас не се ставам себеси над „широките маси“ -- не, јас сум дел од мојот народ. Но, кога некој експерт зборува за нанотехнологија или биодизајн, молчам и, ако нивото на знаење тоа ми го дозволува, со интерес го следам, затоа што сум лаик. Кога се води дискусија за јазикот (кој, само навидум е едноставна материја која секој може да ја анализира) би било коректно од неупатените да го имаат истиот тој респект.
 
Јазику македонски

1
Јазику македонски, ти си нашата кралска флота,
со секој калибар наоружана бродска артилерија
за пречек на Кјеркегор и сечија хулиганска јота
со лебот и солта на разбирањето без хистерија.

2
Не ти треба излез на море или матичен пристан
зашто лазурот ја носи тежината на твоите сидра;
со ќеф другите јазици во тебе се капат и чистат
за и најсложената им мисла да плива како видра.

3
Тебе ти се падна во животот да си немаш мир,
те плукаат отровни јазици со упорност штедра;
но ни тој дожд од балканскиот подземен пир
нема да ги стутка и расцепи твоите вечни едра.

4
Туѓата култура ја примаш не сал заради редот
туку за таа да стане мајка и на твое мило чедо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom