V
Vollstandig
Гостин
Во ред е да додадеш збор “Хејтери“ пошто на наши би дошло МРАЗАЧИ или група која мрази некого, така да невкусно звучи, пошто е сиромашен јазикот со зборови. НО ХЕЈТАМ, е навистина глупо

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во ред е да додадеш збор “Хејтери“ пошто на наши би дошло МРАЗАЧИ или група која мрази некого, така да невкусно звучи, пошто е сиромашен јазикот со зборови. НО ХЕЈТАМ, е навистина глупо![]()
Па изгледа стварно имаш проблем со разбирањето, кога реков, ХЕЈТЕРИ Е океј, до некаде, чисто ради што нема збор за она што го означува Хејтери, ама хејтање е на македонски МРАЗЕЊЕ и имаме збор.
--- надополнето: Jun 9, 2011 10:59 PM ---
Уствари и за “хејтери“ имаме еден збор, тоа е: Душмани
Па, ПО-МАКЕДОНСКИ Е него ли ХЕЈТЕРИ.Така е Farscape. Логиката ти е топ, како и секогаш. Прости ми. Чисто ради што, донекаде, уствари „душмани“ е скроз македонски збор.![]()
Па, ПО-МАКЕДОНСКИ Е него ли ХЕЈТЕРИ.
И јас мислев дека имаме соодветен збор за секој англиски збор ама тогаш инсталирав Ексел со македонско мениИнаку тешко е да се зачува јазикот без прифаќање на странските зборови. Притисокот што го наметнува западната култура и НАШИТЕ медиуми е преголем, само прочитајте ја програмата на А1 или Сител ќе видите дека пола е напишана на англиски и што е уште полошо, на кирилица. Дури вестите се преполни со англицизми- хоспитализирани, импичмент.....
Инаку ги ценам делата на Венко Андоновски, овој автор прави неверојатни комбинации од македонски зборови и мислам дека во голема мера го збогатува јазикот
Нема да се согласам со тебе, не за да те контрам, туку поради некои лингвистички факти. Јас не носам вредносни ставови за нечија употреба на јазикот. Неологизмите како „хејтам“, „поукнам“, „аднам“ за пријател, „гејмам“, „не се филмај“, итн. се дел од сленгот на урбаните тинејџери и адолесценти. По години, јас сум многу далеку од овие категории и не ги употребувам овие зборови.Но тоа е не е причина да ги мразам или да не ги поднесувам овие зборови, ниту да тврдам дека социјалните мрежи го уништуваат јазикот. Таквите тврдења, според мене, се конзервативни изблици на (непотребна) параноја.
Горенаведените зборови на многумина како тебе им звучат грдо, накарадно, речиси „богохулно“! Јас сосема го разбирам тоа, но мојот пристап е поинаков. Јас не настапувам како „јазична полиција“ туку овој феномен го гледам од лингвистички аспект (кој не се занимава со вкусови ами со јазични факти). И еве ги фактите: овие зборови се дел од современиот урбан сленг. Во ниеден јазик не постои сленг кој е базиран на автохтона лексика, ниту е тоа битно. Кај сленгот се битни некои други аспекти: ефектност во изразот, оригиналност/свежина, одразување на ставови, мислења, трендови на една генерација, итн. Оттаму, мене како проучувач на јазикот, ми се интересни овие зборови како реалност -- како дел од изразот на овие сегашни генерации. Што се однесува до „лајкањето“ и „хејтањето“ -- најголемиот дел од оние млади софистицирани луѓе кои ги користат овие зборови во својот секојдневен сленг, совршено знаат КАДЕ да ги користат -- секако не во официјални извештаи или семинарски трудови. Би додал и дека огромен дел од оние кои ги осудуваш за употребата на овој сленг многу подобро го знаат и негуваат јазикот од некои „загрижени“ ама недоучени ликови на форумов кои мака мачат со елементарен правопис и синтакса. Зборовите од кои се згрозуваш не се дел од институционалниот стандард, ниту пак имаат тенденција да бидат дел од него. Следствено, тие неможат (дури ни со десетпати поголема застапеност) да го “уништат јазикот“ како што неколку од вас тврдат.
Ниту ги мразам, ниту не ги поднесувам, јас не ги употребувам, а да, ми звучат грдо.Да беа овие зборови само дел од сленгот на тинејџерите како што рече ти немаше ниту да се вмешам во дискусијава, ама работата е во тоа што ова нешто безброј пати го имам сретнато во весници, на телевизија(дури замислете и на вести!). Ете, тоа мене ме загрижува, што овие зборови не се дел од сленгот, туку навлегле и во оние сфери во кои од исклучителна важност е користењето на македонскиот литературен јазик.
Подготвен сум да верувам дека сте ги сретнале овие зборови во медиумите. Ама тврдењето дека не се дел од сленгот нема поткрепа. Ама баш никаква.![]()
Aбе јас ич не напињам, само го потврдувам тоа што го мислам,како што кажа јавен форум да си го кажи секој мислењето.
Toa ти е глупост, како сакаш речи Суругат мајка е фактички мајка на детето,
Цитатов е твој коментар на темата “Суругат мајки“.Би било навистина полезно за сите, а особено за тебе да се воздржуваш од пишување на тема јазик и да изразуваш грижа за неговото уништување.