Правна помош и совети

Член од
30 ноември 2010
Мислења
121
Поени од реакции
66
1. Банка нема овбрска да те извести. Извршителот треба да те извести, ама по спроведување на блокадата.
2. Извршителот може да собере се' што има на сметката, бидејќи незнае по кој основ се средствата (може ти праќаат пари од страна да речеме).
3. За деблокада ќе мораш со извршителот да се договориш. Однеси потврда од работодавач дека на таа сметка ти стигаат средства само по основ на плата.
4. Не згрешил, од причина што не знае по кој основ се, но кога ќе му однесеш потврда, треба да ти врати 2/3 од парите.
5. Имаш право на приговор до основен суд, после судот ќе го препрати до извршителот на одговор, по што носи решение со кое ти се одбива или усвојува приговорот, па ако си не задоволен од решението, имаш право на жалба до апелационен суд.
6. Се надевам ти помогнав :smir:
Samo da ja dopolnam princezava.
Vo se se slozuvam so nejze, pri sto sakam da nadoplnomam deka prigovorot do sud treba da se podnese vo rok od 3 dena od koga ke se primi nalogot za izvrsuvanje, kako i deka ako pretsedatelot na sudot, posto toj odlucuva po prigovorite, go odbie kako neosnovan toa se uste nekoi 100 evra plus izvrsni trosoci sto treba da gi plati dolznikot.
Moj sovet e sepak najubavo da se dogovoris so izvrsitelot, da mu odneses potvrda od firmata kade rabotis i da se napravi nov nalog da ti se odbiva po 1/3 od plata direktno vo firmata.
pozdrav
 
Член од
22 јуни 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво...Купив куќа во 2008 год. со уверение од судот дека нема спор и дека не е под хипотека...ја префлив на мое име, со договор на нотар, а исто така и со промена во катастар кое сега стои на мое име..Меѓу поранешниот сопственик на куќата и трето лице имало судски спор за истата за кое сега е донесена пресуда од првостепениот суд кој го прави сопственик 5/6 третото лице а Апелациониот суд тоа го потврдува во 2011 год. ( Сега случајот е на Врховен и со преставка до Судски совет бидејќи има много неправилности во таја пресуда )...сега ме тужет мене за раскинување на купопродажниот договор..дали може да се раскинит овај договор иаку јас сум платил пари за таја куќа , имам договор, стојам како сопственик во катастарските книги..иако е можно да го раскинет договорот која е мојата алтернатива (ве молам за совет од ваша страна)?!
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.997
Поени од реакции
12.577
Дали Македонија е земја потписничка на Хашкиот договор?
 
B

Borg_Drone

Гостин
Имам едно прашање.Мојот дедо почина и ме интересира доколку има он тестамент оставено за колку време треба ние да бидеме известени за содржината на тестаментот? Друго, дали ако оставил тестамент, во катастар на имотниот лист мора да ги пишува и луѓето на кого е препишан имотот? Благодарам однапред.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093

Јас колку што се сеќавам од наследно право, најпрво треба оставинска постапка да има (која е вонпарнична), во која ќе се донесе решение за наследување (врз основа на тестаментот). Што значи дека во постапката ќе биде прочитан тестаментот, доколку нема пречки ќе биде донесено решението. А потоа со тоа решение во катастар вршиш промени во сопственоста на имотниот лист.
 
Прашувам зошто веќе дедо ми е починат скоро 1 година.Ние живееме на тој имот, заедно со уште неколку членови од фамилијата.И ние веќе 10 месеци водиме постапка по адвокати и сл. за да се додели имотот односно да се подели на 4 дела, зошто дедо ми имаше 4 деца како што сметаме и дека е правилно да се подели на 4 дела, зошто мене утре да ме колнат за земјиште не сакам, за сите има земјиште.Но, после 10 месеци доаѓа братучед ми кај нотарката која го води случајот, која ние и дадовме овластување да го води, се претставил и и кажал као наводно имале адвокат, оставил број за да се договорат со нашиот адвокат и оставил број зошто наводно стариот оставил тестамент.Инаку со нив не сме во добри односи, и они од околу шушкаа дека имало тестамент ама мене тоа некако не ми се веруваше, зошто не им е првпат да направат муфте.
Мислам, ако е правилно да оставил тестамент ние требало да бидеме известени за тој тестамент уште многу одамна, пред 10 месеци, он почина минатата година, и сега наеднаш тестамент.Он веќе ако го заверил нотарски тестаментот по моја логика требало уште во првите 6 месеци ние да бидеме повикани на разговор.Барем јас мислам дека е така процедурата, ако не е така ве молам за одговор зошто мене некои работи навистина ми делуваат сомнително во овој случај.
Како и да е фала ти на одговорот.Ми нема логика некако, да биде заверен законски тој документ а да не бидеш известен 10 месеци од адвокатот или нотарот каде е заверен тој документ.Друго, известени сме од братучед ми, а не од правник.
 
Ахх брат, вие сте сигурно вовлечени во матни работи, благодарение на роднините. Доколку имало тестамент, ќе ви било кажано до сега, во спротивно законски се дели имотот. Вака тешко јас да ти помогнам, пошто оваа работа треба детално да се разгледа, заедно со сите документи, а и би ти препорачала да отидеш кај нотарката, и да бараш да ти објасни зошто толку време процедурата стои во место и како да продолжи понатака. За жал, кај нас мито и корупција се системски вредности.
Со среќа, па да завршиш работа.
 
Член од
30 јуни 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
:(
--- надополнето: Jun 29, 2011 11:10 PM ---
zdravo ja najdov temata pa se nadevam ke mi dadete odgovor na moeto prasanje ili sovet
vaka jas sum vrabotena i imam plata od 10.000 denari.imam dolg kon edna firma od 30.000 denari,e sega pred 2 meseca mi stigna resenie od izvrsitel vo koe se veli deka na firmata na koja i dolzam pari me dala na izvrsitel i deka sega izvrsitelot dava nalog vo edna od nasite banki da mi se stopira sekoj mesec sredstva od visina od 1/3 od platata.receno storeno.NO! bankata od koja jas zemam plata eve veke 2 meseca ne mi zapira 1/3 od platata kako sto e navedeno vo nalogot od izvrsitelot,tuku vo celost uste koga ke dobijam plata odma mu gi prefrla site pari odnosno mojata cela plata.kpga otidov vo bankata da se pozalam deka ova sto go rabotat ne e zakonski i deka ubavo im pisuva deka treba da zapiraat 1/3 od platata a ne cela,mi odgovorija deka bankata nemala sistem da odvojuva po 1/3 od platata ,i deka taa ne bila dolzna da se zanimava so problemite so lugeto tuku deka isplaka vo celost cela plata na izvrsitelot.
e sega pravnici i advokati ve prasuvam!
dali imam osnov da ja tuzam bankata poradi sto me ostava da trpam za leb jas i mojata familija(posto se zivee samo od mojata plata) i dali ova sto go raboti bankata eprotivzakonski? ve molam odgovorete mi bidejki nikoj ne saka da me soslusa poveke i sum se poveke razocarana
vi blagodaram
 
T

Tetro

Гостин
:(
mi stigna resenie od izvrsitel vo koe se veli deka na firmata na koja i dolzam pari me dala na izvrsitel i deka sega izvrsitelot dava nalog vo edna od nasite banki da mi se stopira sekoj mesec sredstva od visina od 1/3 od platata.receno storeno.NO! bankata od koja jas zemam plata eve veke 2 meseca ne mi zapira 1/3 od platata kako sto e navedeno vo nalogot od izvrsitelot,tuku vo celost uste koga ke dobijam plata odma mu gi prefrla site pari odnosno mojata cela plata.kpga otidov vo bankata da se pozalam deka ova sto go rabotat ne e zakonski i deka ubavo im pisuva deka treba da zapiraat 1/3 od platata a ne cela,mi odgovorija deka bankata nemala sistem da odvojuva po 1/3 od platata ,i deka taa ne bila dolzna da se zanimava so problemite so lugeto tuku deka isplaka vo celost cela plata na izvrsitelot.
e sega pravnici i advokati ve prasuvam!
dali imam osnov da ja tuzam bankata poradi sto me ostava da trpam za leb jas i mojata familija(posto se zivee samo od mojata plata) i dali ova sto go raboti bankata eprotivzakonski? ve molam odgovorete mi bidejki nikoj ne saka da me soslusa poveke i sum se poveke razocarana
vi blagodaram
Ако во решението пишува 1/3, а тие сопираат цела плата, не е во ред. Отиди до адвокат и поднеси тужба до банката. Понатаму нека се занимава адвокат со случајот, а него договори го од процент после добиениот спор. ;)
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
:(
zdravo ja najdov temata pa se nadevam ke mi dadete odgovor na moeto prasanje ili sovet
vaka jas sum vrabotena i imam plata od 10.000 denari.imam dolg kon edna firma od 30.000 denari,e sega pred 2 meseca mi stigna resenie od izvrsitel vo koe se veli deka na firmata na koja i dolzam pari me dala na izvrsitel i deka sega izvrsitelot dava nalog vo edna od nasite banki da mi se stopira sekoj mesec sredstva od visina od 1/3 od platata.receno storeno.NO! bankata od koja jas zemam plata eve veke 2 meseca ne mi zapira 1/3 od platata kako sto e navedeno vo nalogot od izvrsitelot,tuku vo celost uste koga ke dobijam plata odma mu gi prefrla site pari odnosno mojata cela plata.kpga otidov vo bankata da se pozalam deka ova sto go rabotat ne e zakonski i deka ubavo im pisuva deka treba da zapiraat 1/3 od platata a ne cela,mi odgovorija deka bankata nemala sistem da odvojuva po 1/3 od platata ,i deka taa ne bila dolzna da se zanimava so problemite so lugeto tuku deka isplaka vo celost cela plata na izvrsitelot.
e sega pravnici i advokati ve prasuvam!
dali imam osnov da ja tuzam bankata poradi sto me ostava da trpam za leb jas i mojata familija(posto se zivee samo od mojata plata) i dali ova sto go raboti bankata eprotivzakonski? ve molam odgovorete mi bidejki nikoj ne saka da me soslusa poveke i sum se poveke razocarana
vi blagodaram
Точно е дека банката не ја интересира третина, туку цел прилив од сметка го префрла кај извршителот. Затоа најсоодветно решение е да земеш потврда од фирмата каде што работиш дека на таа сметка примаш средства од плата и со тоа да отидеш кај извршителот и да му кажеш да го повлече налогот од трансакциска сметка што е во банка, и да направи нов налог од плата, кој што налог треба да го прати таму каде што работиш. Сметководството на фирмата при исплата на твојата плата, третина ќе ја праќа кај извршителот на сметка, а останатите две третини ќе ти ги префрла на трансакциска сметка, која ќе ти биде слободна за да можеш да ги користиш средствата.
Инаку основ за тужба против банката немаш, таа не работи против законски, бидејќи за банките lex specialis е закон за платен промет, а не закон за извршување. Проблемот ти е кај извршителот, а ќе го решиш на начин како што ти пишав погоре.
Поздрав
 
Член од
5 август 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Би ве замолил доколку некој има урнек од барање за оставинска постапка .
Поздрав и фала однапред.
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Дечки, да Ве прашам нешто итно ми е .... се работи за договбор за закуп на повеќе подвижни ствари ( инвентар од кафич ) ... во договорот треба да се наведат сите ствари по ред, под реден број или на посебен образец кој би бил составен дел од договорот и како треба да се заведе тој образец во договорот ( име на образецот ) ?
Благодарам однапред.
 
Нема потреба од посебен образец, во самиот договор еден член ќе ти биде за сите ствари под закуп, нешто во стилот:
Член 2
Под закуп се ставаат следните подвижни предмети:
1. Три дрвени маси;
2. 12 столови;
3. 2 апарати за кафе Lavazza... итн.
 
bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Знае некој како се раскинува преддоговор за купопродажба и дали може со изјава заверена на нотар?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom