Ривер Плејт отпадна во втора лига, немири по улиците

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Ја даваа у живо на Спортклуб , кога заврши мечот почнаа нередите и овие останаа со слика .. од тоа шо го видов дел од фамилиите на играчите , пријатели , па дури мислам дека и еден играч беа заобиколени од страна на навивачите во едно коше или ложа и беа напаѓани , една жена беше удрена постојано навредувана , и плукана и истото им се дешаваше на сите шо беа внатре , едно старче дури доби и дел од седиштето по глава имаше малце крв ... Ќе гори Буенос Аирес вечер ...
 
Tоа на крај беше језиво, изгледа син им беше тој малиот што беше преплашен и плачеше, алал и вера на жената како им 'ржеше на лудацине. Имаше еден со зелен дуксер језиво ме нервираше, к*р ги боли, цела Аргентина на ТВ им ги гледа фаците а на овие не им чуе, и мене ме интересираше за кого станува збор а и кај к*р беше полицијата за време на истото, штета Супер Клуб прекинаа за да го дознаевме епилогот од дешавката мада и они долго се задржаа по последниот свиреж ...
 
Ај ако гледаше некој и ако е информиран, ако може да ми каже кој беше човекот со жената и детето на трибина кој навивачите сакаа да го убијат на крајот. Јас прво помислив дека е претседателот на Ривер ама после видов дека претседател им е Пасарела.

Страотна глетка беше тоа, тројцата беа бутнати во еден ќош а разгневени навивачи маваа кон нив со се што им дојде до рака. На човекот едно време му се слоши а жената стоеше пред него како жив ѕид. Искрено многу жал ми падна. Само неколку навивачи ги разубедуваа своите ама малку беа на број и не можеа да се справат. Полиција, како и обично, секогаш кога е потребна, немаше.

Незнам дали се работи за истото.... али фанови на Ривер директно во камерите на стадионот му се заканувале на Симеоне да си го тргне детето од младинската школа на Ривер, пошо нема да го види повеќе.
Симеоне е тренерот кој им ја донесе последната титула на Ривер во 2008, после него се тргна надоле...
Дали бил на стадионот он со фамилијата, незнам.
 
На Симеоне му се закануваа поради тој системот за испаѓање. Како што објаснија погоре, се смета просек од три години за да се игра бараж за опстанок. Најголема вина за слабиот просек на Ривер имаше таа прва од трите последни години кога Симеоне беше тренер.
 
Незнам дали се работи за истото.... али фанови на Ривер директно во камерите на стадионот му се заканувале на Симеоне да си го тргне детето од младинската школа на Ривер, пошо нема да го види повеќе.
Симеоне е тренерот кој им ја донесе последната титула на Ривер во 2008, после него се тргна надоле...
Дали бил на стадионот он со фамилијата, незнам.
Човеков што ќе доживееше линч во ќошот не беше Симеоне. Ова беше постар човек а тие со него веројатно му беа жена и син. Спорт клуб долго остана вклучен со случувањата на трибините ама како што кажа Syn, се исклучија на најинтересното и не го видовме епилогот на крајот.
 
Е ова се навивачи... I mean... well... you know what i mean, a не како “навивачите“ на вардар. :D
иако на шала го пишав ова, сепак вистина е.
 
Каде е полицијата,кој к*р има да се бунат ако испаднале заслужено.
Инаку ова се случува зоштого губат реномето пред Бока пред се како граѓани.Колку што сум упатен Ривер го претставува граѓанскиот слој а Бока Богатите.
 
Tоа на крај беше језиво, изгледа син им беше тој малиот што беше преплашен и плачеше, алал и вера на жената како им 'ржеше на лудацине. Имаше еден со зелен дуксер језиво ме нервираше, к*р ги боли, цела Аргентина на ТВ им ги гледа фаците а на овие не им чуе, и мене ме интересираше за кого станува збор а и кај к*р беше полицијата за време на истото, штета Супер Клуб прекинаа за да го дознаевме епилогот од дешавката мада и они долго се задржаа по последниот свиреж ...
Опопо и јас гледав на Спорт Клуб на крајот, нерви ми искина тој со зелениот дуксер арно шо прекинаја неможев да го поднесам вејче, а да... секој момент викав сеа ко ќе дојдат џандарите ќе биде пекол, тие нигде бе маме му ебам. Ако некој добие инфо. за тоа како се одвиваше инцидентов после прекинувањето на преносот нека пиши. :mad:
 
Каде е полицијата,кој к*р има да се бунат ако испаднале заслужено.
Инаку ова се случува зоштого губат реномето пред Бока пред се како граѓани.Колку што сум упатен Ривер го претставува граѓанскиот слој а Бока Богатите.
Грешка си Ривер бил клубот на богатите на времето ги викат Милионариос.
Ривер има 33 титули Бока 23 но има повеќе интернационални.
Ако испаднаа пак ќе си останат голем клуб ке се вратат кај што им е место.

 
Каде е полицијата,кој к*р има да се бунат ако испаднале заслужено.
Инаку ова се случува зоштого губат реномето пред Бока пред се како граѓани.Колку што сум упатен Ривер го претставува граѓанскиот слој а Бока Богатите.
Грешка си, Ривер се богатите, бока се сиромаштијата.
Него вечерва ќе биде интересно, кој знае и следната недела дали и Копа Америка ке се одржи.
 

Штета што клуб како Ривер ќе игра во втора лига.
 
А како само плачеа играчите. Мислам плачеа од страв, а не дека излегоа од лигата...
 
Полицијата почнала сда тепа се живо по улиците, бидејќи тотално ја изгубила контролата, барем така информираше еден жител на Ел Салвадор на форумот на депортиво...
 
ама после се што се случува во светов (мислам на фудбалско поле) дека им поминува рокот на фудбалските екипи кој порано биле шампиони и им доаѓа времето на новите екипи( малце се чворосав ама ми се спие тд се надевам дека нема да ми се замери :Р) па јас мислам дека тоа е процес од кој неможе да се избега а истото се гледа и со репрезентативниот фудбал , европејците доминираа, па после тоа јужноамеркиканците , па сега повторно европејците но секој пат искачаат некој нови репрезентации кој играат многу подобро со рандом играчи отколку репрезентации со име и премногу ѕвезди (играчи играат а не ѕвезди) а освен тоа па и сите научија да играат фудбал... мислам нема што да се жали за риверпллата, вардар, гледам и олимпијакос ке идел 2 лига, може се брендови сето тоа ама јбг кога не им иде не им иде подобро да се тргнат понастрана и да чекаат да им дојде подобро време , па земете ги за пример њукасл па тоа е екипа со преку 110 години историја со многу титули и екипа која имаше најголем континуитет со играње во прва лига но не им идеше си изиграа една сезона 2 лига па пак се вратија , може не се шамиони но пак играат во прва лига, мислам незнам што толку се потресуваат и прават секакви глупости сакаат на сила да ги оправат јбг касно е после свадба тапани (а имаше и уште една поговорма ама таа е малку повулгарна па ќе ја изоставам овој пат :Р)
Сепак штета е што шампионите идат у к#$@ц ама сеа тоа е повеќе среќа следен пат :)
 
Се зафркнаа во последното коло од Ланус изгубија немаше да има плеј оф после тоа губат кај вие 2-0 а денеска им одговараше они да тепаат 2-0 грешно читате тоа за нерешено го имаше тоа на хрватскиот телетекс затоа ги збуни многу луѓе.
Ја гледав на спортклуб денеска навивачите беа разочарани маваа со што ќе им дојде низ улиците може да се замисли што се случува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom