Бев и во живо го гледав монтирањето на Александар Трети Македонски, не од патриотски побуди туку од чиста љубопитност да видам како таков гигантски споменик би се кренал на постаментот - фонтана.
СК2014 по моја претпоставка не е проект за кревање на патриотскиот дух кај народов, туку за привлекување на поголем број на туристи со што приходите од туризмот би биле озбилен ден од буџетот. Александар не не прави поголеми Македонци, туку не прави уште позатуцан народ! Сигурен сум дека огромен дел од нас во Александар гледаат само провокација, причина за да се распламува конфликтот со јужниов сосед. Ништо поврзано со анти-македонка политика, поголем дел и од полтроните на власта го гледаат истото во Александар. Се палат на него и се ситат на јужнациве како да сме ги поразиле после 20 годишната `војна`... „Вие нам `ФИРОМ` и `промени во устав` ние `Воин на коњ`! Сега пукнете“. Голем дел од нас не ни знаат ништо повеќе од името на Александар и тоа дека стигнал до Индија. Споменикот треба да биде потсетник за делото на Александар за кое само луѓе што се образовани знаат. Макдонец си ако доволно ја познаваш сопствената историја. Сите знаеме кој е Алекандар, Филип, Јустинијан, Гоце и Ченто, но колку знаеме која е нивната улога во целата приказна, која е нивната заслуга за наоѓање во центарот на Скопје? Споменивице само ќе ни помогнаш да ги научиме инињата на поначајните лица, а учебниците и литературата за да ги разбереме. А како што знам, слабо стоиме со себеспознавањето, зошто има премногу народ кој и по повеќевековно ментално ропство не сака да излезе од занданите. Добро, премногу офтопик, но мора да престанете да се јачате и мавате во гради дека како нација сме постигнале нешто со поставувањето на Александар. Идентитетот така не се чува....
Ме изненадија сликите неколку стрaни наназад на оваа тема. Биле во план повеќе фонтани. Навистин интересно, ако имате дополнителни информации и слики молам да ги споделите тука