Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

  • да

    Гласови: 36 39,6%
  • не

    Гласови: 47 51,6%
  • не знам

    Гласови: 8 8,8%

  • Вкупно гласачи
    91

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.790
Поени од реакции
11.838

Така е и со сите оние кои имале многу интемни врски и сексуални односи пред бракот. Кога ќе влезат, тие носат со себе голем багаж на фрустрации, скршени емоции, очекувања наметнати од предходните врски, ментални слики од предходните сексуални и емотивни искуства итн. Тоа доведува до судир, до неразбирање, до повторни фрустрации, неисполнети очекувања, караници.


Според еврејскиот пак закон 13 годишно момче ги има сите права како возрасен маж.
Замисли на колку години стапувале во брак во тие времиња!
До 18 мора!
Значи, сите слободни девојки и момчиња што имаат сексуални односи денес, добро прават, и бог се радува со нив!
Единствено потребно е добро запознавање со темата секс!
СЕКСОТ за тебе носи фрустрации? Чорбаџија те молам не бладај.
Фрустрации носи тоа што никој не сака ништо со тебе, а не ако имаш секс.
Сексот те потврдува и те прави одговорен спрема себе си и другите. Немој тука со такви библиски глупи изјави, те молам.
Или што, скромната и невина жена е подобра од онаа што има искуство во животот?
Што ќе ни се нам девици, незапознаени со задоволството на телото и контрола на истото?
Фрустрации доаѓале од секс... што нема да прочитам веќе...
Мислев да пишувам за алкохолот и општо за храната како со неа, но ова ме уби во старт...
Фрустрации не доаѓаат од секс, туку од потиснување или немање можност за секс!
Разгледај го малку подобро човекот, тргни си ги очилата на христијанин...


 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
4. ,немај секс и покај се секогаш кога ќе го имаш во брак,, - Христијанството не забранува секс, но забранува блудство и сексуален неморал. Сексот во бракот е еден од првите благослови со кои што Бог ги благословил луѓето. Значи сексот не е грев, туку благослов, оттаму не гледам причина зошто некој би требало да се кае.
Вистина е дека одредени православни цркви поучуваат дека сексот смее да се практикува само за репродукција и дека ако се користи за уживање, тоа било грев. Но тоа не само што не е библиско учење, туку е и контра-блиблиско т.е. еретичко учење, кое што поттекнува од некои забегани монаси.

И на крај би завршил со следниов библиски стих кој вели:
„Сè ми е дозволено, но не е сè полезно. Сè ми е дозволено, но не сакам нешто да завладее над мене.“ (1 Коринтјаните 6:12, Библијата)
Женскиот оргазам е алатка на лукавиот.
И како таков мора да се сузбива со време за да не се насели Белзебуб во утробата која Тој и ја дарил за да носи плод и да раѓа, а не да се оддава на блудствија и други адски навики кои ќе ја оддалечат од спасението и ја прават да подлегне на искушението...
 
I

Iblis

Гостин
Поарно да биде воспитано во семејна невера отколку да се залета со авион во зграда!
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
4. Две селотејпчиња најдобро се лепат ако предходно не се користени. Ако земеш две селотејпчиња и почнеш да ги лепиш по масата, по бирото, по фрижидерот итн. тие ќе попримат многу прашина и потоа кога ќе сакаш да ги залепиш, лепакот меѓу нив нема да држи многу цврсто. Така е и со сите оние кои имале многу интемни врски и сексуални односи пред бракот. Кога ќе влезат, тие носат со себе голем багаж на фрустрации, скршени емоции, очекувања наметнати од предходните врски, ментални слики од предходните сексуални и емотивни искуства итн. Тоа доведува до судир, до неразбирање, до повторни фрустрации, неисполнети очекувања, караници.

5. Партнерите кои не биле верни пред брак, тешко дека ќе бидат верни и во брак. Едноставно сексот со еден партнер не им е навика, не ги возбудува. Па така многу полесно се впуштаат во секс авантури со други партнери. Потоа следи откривање, развод итн.
Убав е примерот со селотејпот ама има една голема мана, луѓето не се селотејп и имаат чувства и разум додека селотејпот нема така да примерот е убав ама тотално несоодветен во нашиот случај.

Ќе се задржам на нешто конкретно и ќе ги потенцирам евидентните грешки на системот секс само во брак.

Сексот е потреба и не е само желба. Хормонскиот систем бара интимен контакт (секс) и нежности со спротивен пол заради здравје, балансирање на енергиите и задоволување на чувствата. Може да се контролира донекаде (не може секој) но не е здраво а ниту е умно.

Што ќе се случи ако една личност не најде соодветен партнер за брак до својата 35, 40 или 50 година? Дали тоа би значело пола живот или повеќе да се откажат од едно од најголемите (за мене најголемо без конкуренција) задоволства познати на човекот и дејство кое и те како би им го подобрило здравјето и би ги направило многу посреќни. Ако е пропратено и со љубов кон соодветниот партнер позитивното дејство се зголемува многукратно.

Како е можно да се провлече таков пропуст и на сите кои не нашле соодветен партнер за брак да им се ускратува дејство кое им ги подобрува здравјето и емоционалната и душевната состојба??? Ми личи на парадокс за кој црквата не дава никакво решение.

Ќе ја потенцирам и твојата реченица, многу интимни врски па би те запрашал, што е за тебе многу секс пред брак и кој е тој што ќе одлучи дали јас сум имал или немал многу сексуални врски пред бракот? Има ли некоја бројка што е многу а што малку и дали е иста и за двата пола?

За последното се согласувам, кој не е верен пред брак нема ни после ама тие што вараат не ни се тема за муабет и да не ги мешаме во дискусија.

Чорбаџија една забелешка на инаку коректната дискусија, женскиот оргазам не е дело на ѓаволот и многу сум изненаден дека така мислиш!?!

Моите овци го слушаат Мојот глас, и Јас ги познавам, и тие идат по Мене. Јас им давам вечен живот и никако нема да загинат и никој нема да ги грабне од Мојата рака. “ (Исус Христос, ев. Јован 10:27, Библијата)
Што со тие кое се чувствуваат како волци а не овци, можат ли и тие да влезат во рајот?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Сексот е потреба и не е само желба. Хормонскиот систем бара интимен контакт (секс) и нежности со спротивен пол заради здравје, балансирање на енергиите и задоволување на чувствата. Може да се контролира донекаде (не може секој) но не е здраво а ниту е умно.
Во ред ако така мислиш. Во ред е и да не се согласуваме. Јас сепак сметам дека воздржувањето до брак е добро за физичкото, емоционалното и духовното здравје на човекот.
Знаеш ли како може да ја снема сидата од целата планета? Лекот е многу едноставен и практичен. (читај внимателно) Ако сите луѓе решат да имаат секс само со еден партнер до крајот на својот живот, сидата ќе ја снема во ЕДНА генерација :)

Што ќе се случи ако една личност не најде соодветен партнер за брак до својата 35, 40 или 50 година? Дали тоа би значело пола живот или повеќе да се откажат од едно од најголемите (за мене најголемо без конкуренција) задоволства познати на човекот и дејство кое и те како би им го подобрило здравјето и би ги направило многу посреќни. Ако е пропратено и со љубов кон соодветниот партнер позитивното дејство се зголемува многукратно.
Не би се согласил дека сексот е бесконкурентно најголемото задоволство во животот. Но ок, тоа е субјективно и индивидуално за секого.
Ако некој човек има секс и тоа секс попратен со љубов кон својот партнер, тогаш што ги спречува да се земат и да ја официјализираат својата сексуална врска со брак? Дали тоа што едниот од нив (или двајцата) си поставиле некои превисоки критериуми за брачниот партнер па 15 врски ќе сменат, некои дури и ќе останат немажени/неженети ама ете ептен биле баксуз и не можат се уште да го најдат „вистинскиот“ или „вистинската“. Обично зад овој проблем лежи гордост и вообразеност. Личноста (пр. машко) има превисоко мислење за себе, никоја не го заслужува и не може да си најде совршено убава девојка (а тој не се погледнал убаво во огледало), совршено паметна девојка (иако тој не е совршено паметен), совршено комуникативна, која што совршено ќе го разбира (дури и во работите во кои што тој самиот не се разбира), ќе го смета за совршен (и покрај тоа што не е), со која ќе има совршен секс (иако и самиот тој не е совршена секс машина) итн. И така надуениот/надуената со себе се мачи во својата вечна потрага по „вистинскиот/та“, по „совршениот/та“ и менувајќи сексуални партнери мисли дека следната ќе биде таа.

Ќе ја потенцирам и твојата реченица, многу интимни врски па би те запрашал, што е за тебе многу секс пред брак и кој е тој што ќе одлучи дали јас сум имал или немал многу сексуални врски пред бракот? Има ли некоја бројка што е многу а што малку и дали е иста и за двата пола?
Да, истата бројка е за двата пола. Тоа е бројката 1. Една сексуална врска е многу пред брак. Се разбира 2 се повеќе, 3 уште повеќе итн. Најдобрата варијанта е да имаш секс само со една личност во твојот живот т.е. со твојот брачен партнер.

За последното се согласувам, кој не е верен пред брак нема ни после ама тие што вараат не ни се тема за муабет и да не ги мешаме во дискусија.
Неверноста не се состои само во тоа да имаш таен секс со други личности додека си во врска со една личност. Неверен е и оној кој ќе оди со една девојка, ќе има секс со неа, потоа ќе и раскине, ќе си фати друга и ќе има секс со другата. Тој и е неверен на првата. Некој можеби ќе рече: „ Ама зошто неверен, па тој немаше секс со неа додека беа во врска? Тој прво и раскина, па потоа си имаше секс со другата!“
Значи „раскинувањето“ (со два збора, без никакви обврски) го прави него слободен да има секс со друга личност. Сто пати раскини и можеш да имаш секс со 101 девојка и сепак ти си верен дечко кој откако ќе влезе во брак нема ни да погледне друга девојка и ќе и биде верен на сопругата. Утопија. Таквиот човек ќе биде навикнат да гледа по други, да посакува да легне други, едноставно ќе си биде истиот тој како и пред бракот. Венчавањето не може преку ноќ да го смени човекот. Разликата е што во брак потешко се „раскинува“, потешко отколку како во врските каде што можеш и преку смс или фб порака да раскинеш. Во бракот се појавуваат децата, имотно правни односи, угледот пред другите луѓе и сл. што пак го отежнува разводот и затоа неверните се одлучуваат на тајни врски или во крајна линија на тајни флертови.

Чорбаџија една забелешка на инаку коректната дискусија, женскиот оргазам не е дело на ѓаволот и многу сум изненаден дека така мислиш!?!
Погледни внимателно. Јас не го напишав тоа, туку Teocutter. И мислам дека го напиша на шала.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Знаеш ли како може да ја снема сидата од целата планета? Лекот е многу едноставен и практичен. (читај внимателно) Ако сите луѓе решат да имаат секс само со еден партнер до крајот на својот живот, сидата ќе ја снема во ЕДНА генерација :)
Спрема тебе сидата настана кога некој имал секс со повеќе партнери?
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Не би се согласил дека сексот е бесконкурентно најголемото задоволство во животот. Но ок, тоа е субјективно и индивидуално за секого.
Ако некој човек има секс и тоа секс попратен со љубов кон својот партнер, тогаш што ги спречува да се земат и да ја официјализираат својата сексуална врска со брак?
Да не цитирам се што напиша само ќе сублимирам дека според тебе и црквата решението е просто, чим имаш секс со жена мора да ја венчаш како и обратно.

Мене ми е тоа неприфатливо затоа што ако се скараме после 6 месеци и не сакаме да бидеме веќе заедно ќе треба да се разведувам па се одпочеток што би значело или да трпиш лош брак или да имаш 5-6 неуспешни брака пред да ти се падне тој функционланиот што е за мене неприфатливо.

Другото за самобендисаноста нема да го коментирам затоа што секој сака да најде соодветен партнер и секако нема да се венчам со некоја за која не сум сигурен или немам силни индиции дека ќе имам трајна и успешна врска и со која не сакам да имам деца и фамилија. Љубовта не ја спомнувам затоа што се подразбира дека мора да ја има во голема количина пред и да помислам на брак.

Гаранција дека ќе сретнеш партнер со кој можеш да направиш совршен спој (во човечки рамки) нема никој и несериозно е да ги кривиме таквите дека се самобенисани и многу бараат.

Не се согласувам воопшто со тоа што го напиша но во ред, ставот на црквата не мора да биде и мој.

Погледни внимателно. Јас не го напишав тоа, туку Teocutter. И мислам дека го напиша на шала.
Секако е саркастично, но ти си ставил дека ти се допаѓа и затоа претпоставив дека се согласуваш.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Мене ми е тоа неприфатливо затоа што ако се скараме после 6 месеци и не сакаме да бидеме веќе заедно ќе треба да се разведувам па се одпочеток што би значело или да трпиш лош брак или да имаш 5-6 неуспешни брака пред да ти се падне тој функционланиот што е за мене неприфатливо.
Караници и конфликти ќе имаш дури и со таа идеалната, таа што ќе ти биде на ниво и ќе стапите во брак. Не барај девојка со која што ќе немаш конфликти, туку барај девојка со која што ќе можеш да ги разрешуваш кофликтите. Процесот на одење е тест периодот кога партнерите можат да видат дали си одговараат во секојдневните работи, дали имаат исти или барем слични животни патишта (во спротивно не е мудро да бидат животни сопатници), како си ги поднесуваат карактерите, како ги решаваат конфликтите и сл. Тест периодот (одењето) не мора да трае повеќе од 1-2 години. Ако не можеш да издржиш толку време без секс, тогаш што ќе правиш во ситуациите во бракот кога можеби ќе мораш да одиш на некое подолго службено патување? Ако не си воздржлив пред бракот, таков ќе си останеш и по бракот. И што ќе и кажеш на жената: Извини душо, ама знаеш 4 месеци бев отсутен и едноставно не можев да издржам па затоа имав секс со колешката :)
--- надополнето: Jun 26, 2011 10:27 AM ---
Спрема тебе сидата настана кога некој имал секс со повеќе партнери?
Не знам како настанала сидата, ама пишав еден начин камо може да се искорени само за една генерација: доколку секој човек си одбере само по еден сексуален партнер.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Караници и конфликти ќе имаш дури и со таа идеалната, таа што ќе ти биде на ниво и ќе стапите во брак. Не барај девојка со која што ќе немаш конфликти, туку барај девојка со која што ќе можеш да ги разрешуваш кофликтите. Процесот на одење е тест периодот кога партнерите можат да видат дали си одговараат во секојдневните работи, дали имаат исти или барем слични животни патишта (во спротивно не е мудро да бидат животни сопатници), како си ги поднесуваат карактерите, како ги решаваат конфликтите и сл. Тест периодот (одењето) не мора да трае повеќе од 1-2 години. Ако не можеш да издржиш толку време без секс, тогаш што ќе правиш во ситуациите во бракот кога можеби ќе мораш да одиш на некое подолго службено патување? Ако не си воздржлив пред бракот, таков ќе си останеш и по бракот. И што ќе и кажеш на жената: Извини душо, ама знаеш 4 месеци бев отсутен и едноставно не можев да издржам па затоа имав секс со колешката :)
Чорбаџија, не ми се обраќај како на детенце кое не може 3 дена без секс и на кое му треба совет од татко каква партнерка да бара, да не почнеме да мериме кој има поголемо животно искуство зашто дискусијата ќе стане партал ако ти вратам на ист начин. Можеби јас можам многу подолго и поефектно без секс од тебе и затоа внимателно со совети :).

Многу добро знам каква барам и каква не барам но тоа што не знам е кога ќе ја најдам и немам намера додека стапам во брак да се стегам или воздржувам неколку години без секс со девојка што ми се свиѓа, ќе ја унесреќам и неа а и мене а корист нема да имаме никаква.

Конфликти има секаде но јас спомнав кога веќе не сакате да живеете заедно а тоа е нешто сосема друго.

За мене е грев да им се забранува активност која им дава здравје и задоволство на сите кои не се во брак и кои не знаат кога и со кого ќе стапат во истиот.

Забегавме од темава но барем соочивме некои ставови.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Во ред ако така мислиш. Во ред е и да не се согласуваме. Јас сепак сметам дека воздржувањето до брак е добро за физичкото, емоционалното и духовното здравје на човекот.
Знаеш ли како може да ја снема сидата од целата планета? Лекот е многу едноставен и практичен. (читај внимателно) Ако сите луѓе решат да имаат секс само со еден партнер до крајот на својот живот, сидата ќе ја снема во ЕДНА генерација .
Моногамијата е против сите човечки инстинкти. Секс со една жена цел живот, е сигурен рецепт да полудиш. Прочитај што пишува Толстој за ужасот на брачната постела...
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Моногамијата е против сите човечки инстинкти. Секс со една жена цел живот, е сигурен рецепт да полудиш. Прочитај што пишува Толстој за ужасот на брачната постела...
Толстој никогаш не бил задоволен со едно нешто - без разлика кое е тоа...така да неговиот ужас на неговата брачна постела е негов само.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Толстој никогаш не бил задоволен со едно нешто - без разлика кое е тоа...така да неговиот ужас на неговата брачна постела е негов само.
Толстој беше само еден пример. Тврдам дека моногамијата е казна за човекот, и дека никој не е среќен во неа...
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Истражувај, истражи ја веродостојноста на евангелијата. Побарај литература на таа тема. Побарај Бог да ти се открие, да ти ја открие вистината за Него. А има и друг фактор:

Моите овци го слушаат Мојот глас, и Јас ги познавам, и тие идат по Мене. Јас им давам вечен живот и никако нема да загинат и никој нема да ги грабне од Мојата рака. “ (Исус Христос, ев. Јован 10:27, Библијата)
За мене лично најверодостојно е ова Евангелието по Тома
A таму вика вака:
When you know yourselves, then you will be known, and you will understand that you are children of the living Father. But if you do not know yourselves, then you live in poverty, and you are the poverty.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Толстој беше само еден пример. Тврдам дека моногамијата е казна за човекот, и дека никој не е среќен во неа...
Ако е тоа твое искуство - тогаш тоа е твоја реалност. Клучниот збор е „твое, твоја“. Примери има и за среќни и за несреќни во моногамија. Ако нечив збор или туѓо искуство ги земам и ги посвојам како мои - нема далеку да стигнам. :cool:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Ако е тоа твое искуство - тогаш тоа е твоја реалност. Клучниот збор е „твое, твоја“. Примери има и за среќни и за несреќни во моногамија. Ако нечив збор или туѓо искуство ги земам и ги посвојам како мои - нема далеку да стигнам. :cool:
Моето мислење е мое, твоето е твое, од секогаш сум сакал квази демократија...:cautious:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom