Сексот е потреба и не е само желба. Хормонскиот систем бара интимен контакт (секс) и нежности со спротивен пол заради здравје, балансирање на енергиите и задоволување на чувствата. Може да се контролира донекаде (не може секој) но не е здраво а ниту е умно.
Во ред ако така мислиш. Во ред е и да не се согласуваме. Јас сепак сметам дека воздржувањето до брак е добро за физичкото, емоционалното и духовното здравје на човекот.
Знаеш ли како може да ја снема сидата од целата планета? Лекот е многу едноставен и практичен. (читај внимателно)
Ако сите луѓе решат да имаат секс само со еден партнер до крајот на својот живот, сидата ќе ја снема во ЕДНА генерација
Што ќе се случи ако една личност не најде соодветен партнер за брак до својата 35, 40 или 50 година? Дали тоа би значело пола живот или повеќе да се откажат од едно од најголемите (за мене најголемо без конкуренција) задоволства познати на човекот и дејство кое и те како би им го подобрило здравјето и би ги направило многу посреќни. Ако е пропратено и со љубов кон соодветниот партнер позитивното дејство се зголемува многукратно.
Не би се согласил дека сексот е бесконкурентно најголемото задоволство во животот. Но ок, тоа е субјективно и индивидуално за секого.
Ако некој човек има секс и тоа секс попратен со љубов кон својот партнер, тогаш што ги спречува да се земат и да ја официјализираат својата сексуална врска со брак? Дали тоа што едниот од нив (или двајцата) си поставиле некои превисоки критериуми за брачниот партнер па 15 врски ќе сменат, некои дури и ќе останат немажени/неженети ама ете ептен биле баксуз и не можат се уште да го најдат „вистинскиот“ или „вистинската“. Обично зад овој проблем лежи гордост и вообразеност. Личноста (пр. машко) има превисоко мислење за себе, никоја не го заслужува и не може да си најде совршено убава девојка (а тој не се погледнал убаво во огледало), совршено паметна девојка (иако тој не е совршено паметен), совршено комуникативна, која што совршено ќе го разбира (дури и во работите во кои што тој самиот не се разбира), ќе го смета за совршен (и покрај тоа што не е), со која ќе има совршен секс (иако и самиот тој не е совршена секс машина) итн. И така надуениот/надуената со себе се мачи во својата вечна потрага по „вистинскиот/та“, по „совршениот/та“ и менувајќи сексуални партнери мисли дека следната ќе биде таа.
Ќе ја потенцирам и твојата реченица, многу интимни врски па би те запрашал, што е за тебе многу секс пред брак и кој е тој што ќе одлучи дали јас сум имал или немал многу сексуални врски пред бракот? Има ли некоја бројка што е многу а што малку и дали е иста и за двата пола?
Да, истата бројка е за двата пола. Тоа е бројката 1. Една сексуална врска е многу пред брак. Се разбира 2 се повеќе, 3 уште повеќе итн. Најдобрата варијанта е да имаш секс само со една личност во твојот живот т.е. со твојот брачен партнер.
За последното се согласувам, кој не е верен пред брак нема ни после ама тие што вараат не ни се тема за муабет и да не ги мешаме во дискусија.
Неверноста не се состои само во тоа да имаш таен секс со други личности додека си во врска со една личност. Неверен е и оној кој ќе оди со една девојка, ќе има секс со неа, потоа ќе и раскине, ќе си фати друга и ќе има секс со другата. Тој и е неверен на првата. Некој можеби ќе рече: „ Ама зошто неверен, па тој немаше секс со неа додека беа во врска? Тој прво и раскина, па потоа си имаше секс со другата!“
Значи „раскинувањето“ (со два збора, без никакви обврски) го прави него слободен да има секс со друга личност. Сто пати раскини и можеш да имаш секс со 101 девојка и сепак ти си верен дечко кој откако ќе влезе во брак нема ни да погледне друга девојка и ќе и биде верен на сопругата. Утопија. Таквиот човек ќе биде навикнат да гледа по други, да посакува да легне други, едноставно ќе си биде истиот тој како и пред бракот. Венчавањето не може преку ноќ да го смени човекот. Разликата е што во брак потешко се „раскинува“, потешко отколку како во врските каде што можеш и преку смс или фб порака да раскинеш. Во бракот се појавуваат децата, имотно правни односи, угледот пред другите луѓе и сл. што пак го отежнува разводот и затоа неверните се одлучуваат на тајни врски или во крајна линија на тајни флертови.
Чорбаџија една забелешка на инаку коректната дискусија, женскиот оргазам не е дело на ѓаволот и многу сум изненаден дека така мислиш!?!
Погледни внимателно. Јас не го напишав тоа, туку Teocutter. И мислам дека го напиша на шала.