Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
То Ти велиш, а ај вела дека токму генетиката и палеонтологијата ја погребаа еволуцијата...
Не велам јас, велат луѓе кој се експерти и кој си го посветиле животот за да ја одкријат вистината каква што е. Зад тие тврдења најмалку има празни зборови.
Ти самиот на неколку наврати имаш кажано дека ниту си читал ниту имаш намера да читаш нешто кое ќе ја разниша твојата убеденост во црковната догма. А тоа ја руши твојата валидност да тврдиш било што! Ја руши како кула од карти.
 
Неверојатно:) Човек да изгуби желба да комуницира. Како ли да те прашам а да не ми одговориш како 8одделенец.

Што ти значи болдот????? Дали па нешто се заеба или .....???????????

Значи ли тоа дека сите денешни видови потекнале од еден ист вид? Кој е тој вид можеч да дадеш објаснување?

Што не ти е јасно бе човече?! Другиве луѓе на темава да ги прашам, дали ме разбравте што сакам да кажам?
Сите денешни видови потекнале од еден вид, од една единствена пра-клетка.Дали ти е сега јасно?
 
Имам нормално... поубаво има... но полека со промени, со еволуција ќе дојде и до тоа и ќе се надмине :)

Ваков невиден оптимизам искажа и Сен Симон пред едно 250г. ама типов не ја дочека „убаата иднина„, како што ни Маркс ни Ленин не го дочекаа комунизмот.
--- надополнето: Jun 24, 2011 12:51 PM ---
Не велам јас, велат луѓе кој се експерти и кој си го посветиле животот за да ја одкријат вистината каква што е. .

Токму тија кои си ги трошат животите во докажување на недокажливи нешта, све што „отркиваат„, по неверојатна „случајност“ убо се уклопуе у нивнио светоглед....Невероватно лесно и едноставно!
--- надополнето: Jun 24, 2011 12:53 PM ---
Ти самиот на неколку наврати имаш кажано дека ниту си читал ниту имаш намера да читаш нешто кое ќе ја разниша твојата убеденост во црковната догма. .

Грешка си: исто така имам напишано и то дека пред моето обраќање кон Христа, се исповедав и за атеист и за подрржувач на марскизмо, ленинизмо, еволуционизмо и сличните на нив “изми“„...
 
Што не ти е јасно бе човече?! Другиве луѓе на темава да ги прашам, дали ме разбравте што сакам да кажам?
Сите денешни видови потекнале од еден вид, од една единствена пра-клетка.Дали ти е сега јасно?

Хаха ок јасно и прецизно:) .

Откако дефиниравме дека сите сме потекнале од пра-клетка ќе одиме со другите нелогичности од тој прапочеток.
 
Токму тија кои си ги трошат животите во докажување на недокажливи нешта, све што „отркиваат„, по неверојатна „случајност“ убо се уклопуе у нивнио светоглед....Невероватно лесно и едноставно!
--- надополнето: Jun 24, 2011 12:53 PM ---

Грешка си: исто така имам напишано и то дека пред моето обраќање кон Хриоста, се исповедав за атеист и за подрржувач на марскизмо, ленинизмо, еволуционизмо и сличните на нив “изми“„...
Научниците немаат зацртана цел што треба да докажат или одкријат, затоа нивните одкритија се валидни.
А што се однесува до мојата "грешка" ниту ленинизмот, ниту атеизмот, ниту марсизмот не спаѓаат во наука!
 
Ваков невиден оптимизам искажа и Сен Симон пред едно 250г. ама типов не ја дочека „убаата иднина„, како што ни Маркс ни Ленин не го дочекаа комунизмот.

Ама ти броиш во човечки години... Еволуцијата не работи така... ах со рисјани кој се разбрал па и јас? Штета што немаме лавови...
Ете кај сме промашиле... кај мене сликата е малку временски подолга... Види не сега кај сме... Црквата е на дното... таа е критикувана и е приморана да се менува!Бесконечната работа на еден куп научници доведе таа да биде уште поапстрактна од порано.
Науката е таа што дава надеж а не стравот од смртта и лажните морални и етички преданија на рисјаните...

П.С. Во Македонија уште да успееме да докажеме дека патриотизмот и националната припадност не зависи од верата и ете не на коњот :)
 
Научниците немаат зацртана цел што треба да докажат или одкријат, затоа нивните одкритија се валидни.

Наивно е да мислиш дека науките, т.е. научниците се што праат, праат од досада, од разонода и од хоби, без посебна смисла и цел...Наивно е, а со то, и Ти стануваш наивен, оти се чини дека НЕ МОЖЕШ да ги видиш РЕАЛНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ од ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА на одредени научни сознанија ВО РЕАЛНИОТ ЖИВОТ, кои и Тебе личноТе засегаат!
--- надополнето: Jun 24, 2011 1:02 PM ---А
што се однесува до мојата "грешка" ниту ленинизмот, ниту атеизмот, ниту марсизмот не спаѓаат во наука!

Е то еволуцијата, то е сува наука, не?
--- надополнето: Jun 24, 2011 1:03 PM ---
Види не сега кај сме... Црквата е на дното...

То е саде Твој „објекивен“ став...:D
--- надополнето: Jun 24, 2011 1:05 PM ---
критикувана и е приморана да се менува!

Што се сменило во Црквата, во делот од нејзиното учење, или воа е уше еден Твој “објективен„ став?

--- надополнето: Jun 24, 2011 1:06 PM ---
А
Науката е таа што дава надеж а не стравот од смртта и лажните морални и етички преданија на рисјаните...

Каква надеж ни дава науката, па нели самио пред малце рече дека науката нема некоја посебна цел и сеа-оп! Науката ни давала надеж...Ајдеее.....
 
То е саде Твој „објекивен“ став...:D


Тоа е факт, не став...
Ајде живеј во твојот розов свет на молитва надеж и живот после смрт, но НЕ се обидувај да ја побиеш науката, остави ја науката да ти носи струја, нет, вода дома...
Треба да се донесе закон сите рисјани кои се бунтуваат против науката да им се скинат овие благодети на науката. :)
Би коментирал на другото што си го коментирал на Ипсисимус, но сепак е упатено кон друг. Ќе се усложни полемиката а нема да не однесе никаде..

П.С. Ипсисимус го кажа тоа за целта, не јас :) Не се губи во муабетот...
 
Мисли си ти така... убаво е тоа... се збуни целиот и сега ајде Хептаграм е со фактот отаде ставот на фактичкиот муабет :)
Глупости...
Црквата никогаш нема да даде објаснување за животот... ниту на земјата ниту на некое друго место!
Прекини да се бламираш и да ја оспоруваш науката...
Сакаш докази од науката а ја презираш... па како така... :)
Навистина ти велам, покај се оти ќе дојде време ќе немаш ни вода ни струја, а не пак нет :)
 
Црквата никогаш нема да даде објаснување за животот... ниту на земјата ниту на некое друго место!

Црквата тоа веќе го даде, ама Ти си бегал од часој...
 
Наивно е да мислиш дека науките, т.е. научниците се што праат, праат од досада, од разонода и од хоби, без посебна смисла и цел...Наивно е, а со то, и Ти стануваш наивен, оти се чини дека НЕ МОЖЕШ да ги видиш РЕАЛНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ од ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА на одредени научни сознанија ВО РЕАЛНИОТ ЖИВОТ, кои и Тебе личноТе засегаат!
Па кој рече дека научниците го прават тоа од досада, разонода или хоби?! Кој рече дека го прават без цел? Колку само придобивки има во медицината од тие одкритија!
Јас ги гледам реалните последици од одкритијата на науката, ама ти самиот си призна дека наука не те интересира и дека ниту си читал, ниту пак ќе читаш било што кое е во конфликт со Адам и Ева и сличните прикаски. А тоа не те прави компетентен за да ја критикуваш науката.
 
Сакаш докази од науката а ја презираш... па како така... :)

Не ја презирам, само барам ЗАДОВОЛИТЕЛЕН одговор, а не маса од прикаски за пополнување теоректси „рупи„.
 
Бараш задоволителен одговор... По професија си нешто блиско до природните науки или сакаш некој убаво да ти соџвака ти да пробаш да голтнеш и ако небива да му се испукаш на другиот бидејќи лошо ти ја соџвакал храната?

ТИ кажав научи како да пресметаш волумен на радијатор(имаш дома сигурно) или на попален коњ, а јас потоа ти давам задоволителен одговор.
Сега оди да научиш нешто од науката, па утре ќе продолжиме :)
 
Па кој рече дека научниците го прават тоа од досада, разонода или хоби?! Кој рече дека го прават без цел?

Види овде: #3904
--- надополнето: Jun 24, 2011 1:35 PM ---
Јас ги гледам реалните последици од одкритијата на науката, .

Тешко дека ги глеаш, оти да ги глеаше, ќе пишуеше поинакви постој...
--- надополнето: Jun 24, 2011 1:37 PM ---
П ама ти самиот си призна дека наука не те интересира и дека ниту си читал, ниту пак ќе читаш било што кое е во конфликт со Адам и Ева и сличните прикаски.

Иам напишано само то, дека од моето воцрковување, не ме интересираат научните вистини, за разлика од мојот претходен живот, кога ме занимаше безмалку све што е научно, философско и уметничко.
--- надополнето: Jun 24, 2011 1:38 PM ---
Сега оди да научиш нешто од науката, па утре ќе продолжиме :)

Да мамо, ќе ја научам лекцијата. Од утре ќе почнам да учам...:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom