Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Па тоа е поентата бе Мики, тоа е доказот за Биг Бенгот, дека секаде радијацијата е иста.Таа е остаток од раната фаза на развојот на вселената, кога била екстремно жешка и збиена.

Гледам чисто рационално и велам:

1. Каков е тој доказ, кој е „видлив„ и после17 милј. г., па нека е тоа и позадинско зрачење, кое и тековно е мерливо?
2. Ако Вселената е инфлаторна, тогаш зашто тоа зрачење не губи на интензитет, ради зголемувањето на волуменот од Вселената, како што се случува со било кое друго тело, чиј обем се „надувува„?
3. Зашто доказот за „експлозијата„ треба да го сведеме само на една измерена категорија (позадинскто зрачњење), а не на повеќе, мерени паралелно и контекстуално?
--- надополнето: Jun 24, 2011 10:13 AM ---
И да, Биг Бенгот е нултата секунда, пред тоа немало време.
.

Тогаш, од каде „дошло„ времето во сингуларитетот? Само до себе се створило?
 
Јас само ќе скратам со конкретно прашање кое требаше да го поставам и претходно д ане забегаме. Биг бенгот е почетокот на времето? ТОа е нултата секунда?
Теоријата на релативноста докажува дека времето забавува во близина на масивни тела. Колку повеќе материјата е концентрирана во една точка, толку повеќе времето тече побавно. Со оглед на тоа што на почетокот целата материја била концентрирана во една точка, и времето било забавено до бесконечност, т.е. не течело воопшто.
 
Тоа зрачење денеска е со јачина од неколу келвини,

Поточно, 2.7-2.8 Келвини, така?
--- надополнето: Jun 24, 2011 10:17 AM ---
Теоријата на релативноста докажува дека времето забавува во близина на масивни тела. Колку повеќе материјата е концентрирана во една точка, толку повеќе времето тече побавно. Со оглед на тоа што на почетокот целата материја била концентрирана во една точка, и времето било забавено до бесконечност, т.е. не течело воопшто.

Ако е времето нематеријална категорија, тогаш, како може гравитацијата, која е материјална сила, да го „набие„ времето и да го „натера„ да не „тече„?
 
Најпрво да ве поздравам сите...
ТЕ е можна, и поддржана, верувам од сите на форумов и надвор од него, во рамките на еден вид. Дискутабилна е еволуцијата помеѓу видовите.
Трите елементи на кои почива ТЕ се: НАСЛЕДУВАЊЕ, МУТАЦИИ и ПРИРОДНА СЕЛЕКЦИЈА. Секој од овие три поими разгледуван засебно е неспорен и сите заедно неспорно чинат еволуција во рамките на ЕДЕН вид

Кој е механизмот кој ги спречува животните да престанат да еволуираат надвор од границите на својот вид? Кои се тие граници? Еволуцијата е постепен процес како преминот на ден во ноќ, или зима во лето.

Зошто се обвинети креационистите кои веруваат во настан (интилигентно битие го создал животот на земјата) кој има апослутно мала веројатност гледано од денешен аспект, а истите тие обвинувачи треба да замижат пред еден куп настани и “случајности” кои исто така имаат извонредно мала веројатност, за да биде логичен заклучокот за еволуцијата МЕЃУ видовите и уште повеќе настанаокот на животот (јеби га верувам дека нема да пречи на никого да се дискутира и за абиогенезата иако не е насловена темата така, што повеќе информации тоа подобро да нешто се научи или нешто се искорегира во наученото нели?). Дел од тие нелогичности и малку веројатни причинско последични настани ги имав спомнато, и секако откако ќе се подразвие дискусија ќе се навратиме на нив.
Колкава беше веројатноста дека годинава во Јапонија ќе се случи најголемиот измерен земјотрес кој предизвика над 20000 жртви? Тоа беше случајност со многу мала веројатност, ама ете се случи.
Колкава е веројатноста дека во иднина повторно ќе има земјотрес? Тоа е неизбежно. Веројатноста е точно 1.

Дали човекот и пркоси на ТЕ, и дали гореспоменатото е мешање во еволуцијата?


  1. Дали уништувањето на одреден вид од страна на човекот е во склад со ТЕ и тоа се подразбира како природна селекција???
  2. Дали создавањето на нов вид во лабораторија од страна на човекот е во склад со ТЕ и под тоа се подразбира мутација на постоечките и создањае на нов???
1. Изумирање на видовите е механизам на еволуцијата. Во минатото изумреле многу видови под дејство на некои други видови, а не само под дејство на човекот.
2. Во овој случај генетскиот материјал е генериран од човекот. Пример за ова е и вештачката селекција на припитомените животни и растенија, која го користи (и го потврдува) природниот механизам на селекција на видовите. Ако не беше вистина еволуцијата не ќе можевме да создаваме нови видови ниту со вештачки создадени мутации, ниту со вештачка селекција.

Креационизмот е сосема погрешна теорија без основа во физичкиот универзум.
Еволуцијата најдобро го објаснува биодиверзитетот на Земјава.
Ако има други теории, те молам сподели ги.
 
Ако е времето нематеријална категорија, тогаш, како може гравитацијата, која е материјална сила, да го „набие„ времето и да го „натера„ да не „тече„?

Повели:
1c930c402b2864992fa4062192bb552c.png
 
Прашање до еволуционистите: ако ѓоамити сме настанале од еднокелиски предок, тогаш, зашто и ден-денес паралелно постојат и еднокелиски и сложени огранизми, во распон од вирус до човек? Ако еден вид преоѓа во друг, тоа значи дека претходните/поедноставните видови до сега би требало да не постојат, оти, нели веќе „прешле„ во посложени?
--- надополнето: Jun 24, 2011 10:22 AM ---
Хвала...
А што е ова погоре, преведено на крилица? Равенка која докажува постоење на времето?
 
Поточно, 2.7-2.8 Келвини, така?
Така.
Ако е времето нематеријална категорија, тогаш, како може гравитацијата, која е материјална сила, да го „набие„ времето и да го „натера„ да не „тече„?
Тука можам да дадам мое лично толкување, бидејќи науката нема одговор.
Според мене, целиот универзум е свесен ентитет. Времето, просторот, материјата и енергијата се само 4 "елементи" од кој се состои, т.е четири елементи со кој се манивестира во оваа "материјална" реалност.
--- надополнето: Jun 24, 2011 10:26 AM ---
Прашање до еволуционистите: ако ѓоамити сме настанале од еднокелиски предок, тогаш, зашто и ден-денес паралелно постојат и еднокелиски и сложени огранизми, во распон од вирус до човек? Ако еден вид преоѓа во друг, тоа значи дека претходните/поедноставните видови до сега би требало да не постојат, оти, нели веќе „прешле„ во посложени?
Затоа што еволуираат само оние организми кој се приморани да се адаптираат, кај кој има промена во животната средина.
 
Кој е механизмот кој ги спречува животните да престанат да еволуираат надвор од границите на својот вид? Кои се тие граници? Еволуцијата е постепен процес како преминот на ден во ноќ, или зима во лето.

Колкава беше веројатноста дека годинава во Јапонија ќе се случи најголемиот измерен земјотрес кој предизвика над 20000 жртви? Тоа беше случајност со многу мала веројатност, ама ете се случи.
Колкава е веројатноста дека во иднина повторно ќе има земјотрес? Тоа е неизбежно. Веројатноста е точно 1.

1. Изумирање на видовите е механизам на еволуцијата. Во минатото изумреле многу видови под дејство на некои други видови, а не само под дејство на човекот.
2. Во овој случај генетскиот материјал е генериран од човекот. Пример за ова е и вештачката селекција на припитомените животни и растенија, која го користи (и го потврдува) природниот механизам на селекција на видовите. Ако не беше вистина еволуцијата не ќе можевме да создаваме нови видови ниту со вештачки создадени мутации, ниту со вештачка селекција.

Креационизмот е сосема погрешна теорија без основа во физичкиот универзум.
Еволуцијата најдобро го објаснува биодиверзитетот на Земјава.
Ако има други теории, те молам сподели ги.

Си утнал нешто со постов. Не знам што сакаш да ми доловиш со постов?

за Болдот веќе прашав претходно еве пак

Хмм, дали тоа значи дека е дозволено интилигентно мешање во еволутивниот тек????????? Од кај знаеме тогаш дека некој не се вмешал интилигентно во нашата еволуција, нашиот вид homosapiens??????
 
aj vaka jas ko shutrak ., a shto toa imalo ili nemalo pred big benot ., pred taa iskra na sozdavanje., .....bupo_O
 
Тоа дека некој се вмешал интелегентно во еволуцијата на човекот е само шпекулација.

Шпекулација??
Прашањето е сосема нормално ако е дозволено интилигенто мешање во еволуцијата на некој вид и ако тоа го може човекот зашто не би можел и некој друг да не го направи тоа?

Шпекулација не е одговор на ова. Едноставно ова е нелогичност, недореченост или како сакаш во ТЕ.
 
aj vaka jas ko shutrak ., a shto toa imalo ili nemalo pred big benot ., pred taa iskra na sozdavanje., .....bupo_O

Wow, како не заеба, буп , што ќе правиме сега? Ојдов јас во манастир.
--- надополнето: Jun 24, 2011 10:39 AM ---
Шпекулација??
Прашањето е сосема нормално ако е дозволено интилигенто мешање во еволуцијата на некој вид и ако тоа го може човекот зашто не би можел и некој друг да не го направи тоа?

Шпекулација не е одговор на ова. Едноставно ова е нелогичност, недореченост или како сакаш во ТЕ.

Ти се заебаваш?
 
Хмм, дали тоа значи дека е дозволено интилигентно мешање во еволутивниот тек????????? Од кај знаеме тогаш дека некој не се вмешал интилигентно во нашата еволуција, нашиот вид homosapiens??????

Еве јас како неповикан директно, ќе пробам да ти одговорам.
Дозволено од кого? Ако под интелегентно, мислиш на човечко, не знам кој би забранил. И да, е еволутивен процес, ако постоел (генетски инжинеринг или слично)
За второто прашање, за хомосапиенсот, не знаеме, можно е.
 
Така.
Според мене, целиот универзум е свесен ентитет.
.

Воа ми звучит „њу-ејџерски„ и пантеистички, така да одговоров не е задоволотелен-едноставно, не е Твој.
 
aj vaka jas ko shutrak ., a shto toa imalo ili nemalo pred big benot ., pred taa iskra na sozdavanje., .....bupo_O
Ај ти вака ко шутрак, да видиме кои се твоите одговори ...буп, да видиме што мислиш на темата ...буп. Да видиме некој твој став и имислење ...буп
Што викаш...буп?
 
Еве јас како неповикан директно, ќе пробам да ти одговорам.
Дозволено од кого? Ако под интелегентно, мислиш на човечко, не знам кој би забранил. И да, е еволутивен процес, ако постоел (генетски инжинеринг или слично)
За второто прашање, за хомосапиенсот, не знаеме, можно е.

Забраната е од страна на самата ТЕ? дали ТЕ вели дека и човечкото смислено мешање во еволутивниот тек на другите видови е еволуција за истите тие? Ако е така како што очигледно се наметнува одговорот тогаш е недоследност недореченост, неуниформност и дозволува шпекулации како таа дека можеби некој се замешал и пред нас.
--- надополнето: Jun 24, 2011 10:47 AM ---
Ти се заебаваш?

Така ти личи ли?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom