Што според Библијата кажува Бог за оние кои за време на брак се заљубиле во друга личност?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Црквата не забранува развод, поарно добар развод отколку пеколен брак.

Што се однесува до предметниов случај, тоа што дотичната се заљубила во друг, тоа е чисто емотивна категорија, која нема блага врска со духовноста. исто како што духовноста не е емотивност. Духовноста е над емотивноста, а емотивноста е „добра„ само ако е филтрирана и преку духовноста. Така, (ајде, ќе бидам „драга Савета„...) ако дотичната сака да се разведе само затоа што се заљубила во друг а веќе е во брак, која е гаранцијата дека истата нема да се заљуби и во трет, доколку го раскине првиот брак и влезе во втор брак?

Емотивноста од световните луѓе е саде обична емотивност, која редовно е придружена со страсти и похоти, кои (страсти и похоти) се наша природна пречка во донесувањето мудри одлуки, освен одлуки само на рационална и емотивна основа, а без притоа да се има бар грам духовност, а последиците од избзраните одлуки, донесени на рационализам и емотивност, се очигледни, па након то, ќе бараме совети за тоа што вели Билбијата за секој емотивен проблем, небаре Библијата е збирка од готови совети.

Значи, памет во глава и внимане што се прави...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Според Црквата, можен е развод помеѓу сопружниците, ако за разводот има добра причина или прични. Во Црквата, постои можност за стапување до трет брак, со тоа што само првиот брк е благословен од Црквата, а другите се само допуштени, но не и особено благословени. Ако првиот брак е чисто световен, склопен пред матичар, таквиот брак е само световен, но не и црковен, и Црквата световниот брак не го „брои„.

Ако желбата за развод е заснована исклучиво на нескротени страсти и похоти, тогаш поубо да не правиме муабет за развод.
Кога веќе спомнуваш специфични (небиблиски) православни учења за бракот и разводот, тогаш фер и чесно е да потенцираш дека тоа е учење и пракса на православните цркви, а не да генерализираш велејќи „според Црквата“, па неинформираните да си помислат дека тоа е така во сите цркви.
Воопшто не ти го одземам правото да си веруваш дека православните цркви се таа единствената вистинска Црква, но сепак заради прецизност и можно заведување неинформираните, етички е да пишеш дека тоа важи само во православните цркви.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Kako mislis deka reagira, mislis se nervira i krsi se okolu nego (okolni sozvezdija) ili onaka lukavo sedi i si vika e mamata sum ti ja ebal sea kako jas koga igram sims i koga ke me iznervira nekoj pa go butam vo bazen i mu gi vadam skalite. Tvoj stav, tvoe "viduvanje" (tvojot omilen zbor) me interesira, nemora da bide tocno, edinstveno me interesira tvojata zamisla...
Просто кажано, на Твоево прашање, навистина не знам како Бог реагира. Но, доволно е да видиме како Христос Богочовекот реагира во евангелијата па можеме да извлечеме паралела: Христос секогаш реагира како ЧОВЕКОЉУБЕЦ, полн со разбирање за отпаднатата човекова природа и и последиците од тој пад, но и мудар советодавач, кој посочува на последиците од газењето човеково по волјата Божја!

Што се случува во конкретен случај, не знам, но може да се види од последиците кои ги следат сопружниците кои од прв, влегле во втор или трет брак. Ако вториот или третиот брак „одат„ добро, тоа е добар показател! Од она кое го имам слушнато како вистински настани кај конкретни луѓе, се случува токму тоа: вториот брак да биде полн погодок во однос на првиот, како промашување. За среќа., лично знам и такви примери.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Црквата не забранува развод,
Можеби православните цркви не забрануваат развод, ама Господ и Христовата Црква и те како забрануваат:

„Зашто Јас го мразам напуштањето на жената - зборува Господ“ (Малахија 2:16, Библијата)

„А Тој одговори и рече: „Зар не сте читале дека Оној, Кој ги создаде во почеток, ги создаде машко и женско, и рече: ‘Затоа мажот ќе ги остави таткото и мајката и ќе се прилепи до својата жена, и обата ќе бидат едно тело?’ Така што не се веќе двајца, туку едно тело. И така што Бог соединил, човекот да не разделува!“ (Господ Исус Христос, ев. Матеј 19:4-6, Библијата)

Жената е сврзана додека мажот и е жив. Ако и умре мажот, слободна е да се премажи за кого сака,“ (1 Коринтјаните 7:39, Библијата)

„Сврзан ли си со жена? Не барај развод! “ (1 Коринтјаните 7:14, Библијата)

Единствена причина заради која според Христос (а не според МПЦ) е дозволен (но не и неопходен) разводот е прекршување на брачниот завет со чинот на прељуба.

„Туку ви велам: „Кој ќе ја остави својата жена - освен за прељубодејство - и се ожени за друга, прави прељуба“ (Господ Исус Христос, ев. Матеј 19:9, Библијата)

Ете тоа вели Бог, а што вели самопрогласената „црква“ или самопрогласениот „свештеник“ (ѓоамити портпарол Божји) е сувишно и воопшто не важно.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ете тоа вели Бог, а што вели самопрогласената „црква“ или самопрогласениот „свештеник“ (ѓоамити портпарол Божји) е сувишно и воопшто не важно.
Хмммм, значи, Ти велиш што Бог вели, така?

Она кое Бог го вели, она кое Бог го чини, тоа точно е објаснето само ВО Црквата Христова, која е тело Христово, а на која (Црква) Он и Е глава. Према томе, секое толкување на Божјиот збор НАДВОР од Црквата е само произволен став, кој ради произволноста а не ради мудроста, во Црквата Христова се нарекува „...мудрување по својот ум...„.

Во Црквата, Светото Писмо е насока/насоки, кои се разбработени ВО Црквата, .т.е. во Црквата, Писмото не е збирка од точни инструкции, до кои верните треба да се држат како за готов рецепт.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Хмммм, значи, Ти велиш што Бог вели, така?
Не, туку како што можеш да видиш од предходниот мој коментар, јас само цитирав од Божјиот Збор што Бог јасно таму вели. Јас не го толкував Бог, јас само го цитирав.
Но знам и зошто ти мора вака да пишуваш. Ти откако ги прочита библиските цитати, те здоболе тоа што тие јасно велат нешто тотално спротивно на она што православните цркви го учат и што ти преостанува друго освен тоа да велиш „ама те не толкуваш правилно, ти не си црковно лице итн“, небаре јас некаде ги толкував цитатите. Се што направив е тоа што ставив наводници помеѓу нив. Тоа не е толкување, тоа е граматичка конструкција за цитирање во македонскиот јазик.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не, туку како што можеш да видиш од предходниот мој коментар, јас само цитирав од Божјиот Збор што Бог јасно таму вели. Јас не го толкував Бог, јас само го цитирав.
Наведените цитати чак и јас ги знам и достапни ми се, не ги порекнувам.
--- надополнето: Jun 23, 2011 2:46 PM ---
Но знам и зошто ти мора вака да пишуваш.
Не, не знаеш.
--- надополнето: Jun 23, 2011 2:47 PM ---
Ти откако ги прочита библиските цитати, те здоболе тоа што тие јасно велат нешто тотално спротивно на она што православните цркви го учат
Православната Црва не само што учи правилно, туку Црквата живее според напишаното, за разлика од Вас, кои сте надвор од Црквата, и на кои животот им поминува во цитирање библиски стихови, без никакви дела достојни за награда, или како што вели еден од Светиите, практикувате „..вера не по разумот..„ туку по Вашата своеглавост и гордост.

Патем кажано, принципот „сола скриптура„ никогаш не бил валиден во Црквата. Истиот тој принцип, Вие го „позајмивте„ од друга заедница, небаре е Ваш, и вешто се криете зад Писмото, кое е оформено токму ВО Црквата Христова и точно толкувано само ВО Црквата а не и надвор од неа.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
MIKI1, кога те читам тебе, како DBack да го читам. Немаш што да приговориш на јасното библиско учење против разводот, се фати во тесно, па лукаво ја смени темата и посегна по лични навреди и клевети, иако воопшто не ме познаваш приватно.за да можеш да ме судиш дали живеам според Писмото или не.

И пак ќе речам, јас не ги толкував библиските цитати, туку само ги цитирав онака како што стојат запишани во Библијата. Ако имаш нешто против нив приговарај Му на Бог, а не мене, бидејќи тие се од Неговиот збор, а не моја измислица. Ако не ти се допаѓа што Бог вели за разводот објаснувај се со Него, а не со мене.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
MIKI1, кога те читам тебе, како DBack да го читам.
Убо, продолжи да го читаш DBack, сигирно со него полесно ќе се разбереш.
--- надополнето: Jun 24, 2011 7:29 AM ---
Немаш што да приговориш на јасното библиско учење против разводот, .
...кое од Тебе е саде механички препишано и извадено од духот од Писмото.
--- надополнето: Jun 24, 2011 7:31 AM ---
се фати во тесно, па лукаво ја смени темата и посегна по лични навреди и клевети, иако воопшто не ме познаваш приватно.за да можеш да ме судиш дали живеам според Писмото или не.
Не си ласкај, јес да не Те знам лично, ама лично и не Ти се обратив, туку се обратив до сите Вас, кои лукаво се криете зад Писмото, исто како што тоа го прават гатачите и бајачите, кои лукаво се кријат зад иконите и крстот, глумејќи побожност.
--- надополнето: Jun 24, 2011 7:33 AM ---
И пак ќе речам, јас не ги толкував библиските цитати, .
..и во тоа е Твојот проблем, и проблем на сличните на Тебе, кои Светото Писмо го претворивте во прирачник за влез во Рајот.
--- надополнето: Jun 24, 2011 7:33 AM ---
Ако имаш нешто против нив приговарај Му на Бог, а не мене,
Благодарам за советот, ама кон Бога не роптам.
--- надополнето: Jun 24, 2011 7:35 AM ---
Ако не ти се допаѓа што Бог вели за разводот објаснувај се со Него,
Веќе одговорив и не ми подметнувај евтини сугестии, префрлајќи ја вината на мене.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не ми се верува дека ќе го напишам ова, но Чорбаџијата е овде во право. Во библијата фино лепо ти пишува што се случува со прељубниците и каков е ставот на Бог спрема тоа. Тумачењето на зборовите, кои се прилично еднозначни, е од Лукавиот, што би рекол Toucatter. Тоа што црквата ги растегнува зборовите на Бог, за да ги покрие и оправда делата на луѓрто, и за себе да се направи помодерна и поприфатлива, е повторно од Рогатиот...

Ти нема спас Мики, огненото езеро чека на тебе...
 
Член од
28 февруари 2009
Мислења
284
Поени од реакции
138
Vi blagodaram za iskrenite odgovori no izgleda ne bev dovolno jasna so postavuvanjeto na samoto prasanje. Koga soprugot te izneveruva milion pati i so samoto toa pridonesuva da pomegu soprugot i soprugata se izgradi ogromen zid site cuvstva preminuvaat vo odbivnost vo istiot moment zenata se zaljubuva vo druga licnost sto jasno i dava na znaenje deka ja podrzuva vo sekoj nejzin cekor i deka ja saka takva kakva sto e. Znaci sto spored ova gore navedeno kazuva svetata kniga ?
Vi Blagodaram i se izvinuvam poradi toa sto ne pisuvam na makedonski font no nemam vo komp.
Pozz
 
thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.008
Поени од реакции
2.043
Vi blagodaram za iskrenite odgovori no izgleda ne bev dovolno jasna so postavuvanjeto na samoto prasanje. Koga soprugot te izneveruva milion pati i so samoto toa pridonesuva da pomegu soprugot i soprugata se izgradi ogromen zid site cuvstva preminuvaat vo odbivnost vo istiot moment zenata se zaljubuva vo druga licnost sto jasno i dava na znaenje deka ja podrzuva vo sekoj nejzin cekor i deka ja saka takva kakva sto e. Znaci sto spored ova gore navedeno kazuva svetata kniga ?
Vi Blagodaram i se izvinuvam poradi toa sto ne pisuvam na makedonski font no nemam vo komp.
Pozz
Разведи се бе човек, простено ти е!
 
T

theTinule

Гостин

Па гледаш дека пишува дека е прељуба, одењесо било кој дрг партнер освен твојот. -.-
Значи не е дозволено.
Аман не сте мали деца, контролирајте си ги страстите малку.. -.-
--- надополнето: Jun 25, 2011 8:59 AM ---

Kajgana Shop

На врв Bottom