- Член од
- 23 јуни 2011
- Мислења
- 569
- Поени од реакции
- 339
Зборот хомосексуалност во превод значи истополност и е скована од грчкиот префикс homo( во значење “исто”) и латински корен sex. Зборот го сковал унгарско-австрискиот новинар Karl-MarijaKertbeny.Хомосексуализмот е едно од најпретресуваните прашања во 21виот век.Постојано во медуимите слушаме за хомосексуалците, за нивните права, за легализириње на нивните бракови и сл. Оваа појава зема се пошироки размери. Секојдневно слушаме за тоа како се тие третирани во некои земји прифатени, а во други каменувани. Секојдневно се исмевани и третирани со потсмев и подбив и одбивани од општеството. Хомосексуализмот е една од можните сексуални ориентации. Тоа е сексуална и емотивна привлечност кон лица од истиот пол. Како вид сексуална ориентација хомосексуалноста е основа за изградба на психо-социјален идентитет. Ја отварам оваа тема со цел да дознам што мислите вие во врска со хомосексуалците, дали ги оправдувате ваквите врски и дали ги оправдувате хомосексуалните бракови?