Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Влези ко за почеток на кожно, на патологија и на детско да ми кажеш дека се финансираат. И додека си на патологија прашај некој пациент колку време чека за патолошки резултати од што нема опрема, може да си умре додека добие резултати.
--- надополнето: Jun 23, 2011 10:54 AM ---
И не се инаетете, погоре ви кажуваат аргументи асистент на градежен и археолог. Ко со мајка Тереза што викаше еден другар архитект, не учат 5 години какви градби не треба да се градат, не паѓаат на испити за глупости а за парадокс го направија чудото што еден материјал со друг не се склапа.
Како што знам многу болници почнаа да добиваат нова современа опрема, многу се реновираат. Ако бараме такви причини ќе најдеме многу, зошто не ова или другото.

p.s кој е асистент на Градежен и на што предмет?
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.651
Поени од реакции
3.550
Епа тие што сега се лишени од свое мислење и ги слушаат Фрчо и компанија се надевам ќе избистрат мозок и барем за 10години ќе сфатат која револуција е ова не само за Скопје туку и за цела МАКЕДОНИЈА!
Смешни ми се луѓето кој мислат дека ова ќе ни го развие туризмот.
Ајфеловата кула и тогаш била и сега е уникат, нема на друго место таква.А вакви споменици има во секоја 3та земја.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.673
Поени од реакции
13.263
Смешни ми се луѓето кој мислат дека ова ќе ни го развие туризмот.
Ајфеловата кула и тогаш била и сега е уникат, нема на друго место таква.А вакви споменици има во секоја 3та земја.
Уште посмешно е тоа што оваа изработка што ја имаме преоѓа во краен кич и невкус.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.651
Поени од реакции
3.550
Уште посмешно е тоа што оваа изработка што ја имаме преоѓа во краен лич и невкус.
Мене изработката ми се допаѓа, дечките од Фиренца одлично ја завршиле својата работа.Личноста не ми се допаѓа. :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Како што знам многу болници почнаа да добиваат нова современа опрема, многу се реновираат. Ако бараме такви причини ќе најдеме многу, зошто не ова или другото.

p.s кој е асистет на Градежен и на што предмет?
За P.S.-от пиши му на Brother Ego.

За кинеските донации ми зборуваш, што се расипуваат за 2 месеца? Ама ќе ве молам ОДЕТЕ во болнициве, не тоа што го слушате од вести.
И на стоматологија донесоа такви па знам колку издржаа. На стоматологија еве ќе ти кажам кај мајка ми што работи, чистачките немаат опрема (крпи) за бришење. Чим немаат крпи, за средства не прашувај. Нема клешти, нема бајни, нема стандардна опрема што секој забен техничар треба да ја има, си носат од дома уште од средно што си ги купувале кога иделе по пракси.
Се селиме на онкологија. Знаете ли колку време треба да се чека за зрачење и за добивање резултати? Еве чим знаете кажете ми.
За патологија кажав.
Дали сте биле на кожно да видите какво е руинирано? Побарав да одам во ВЦ и ми се слоши, градилишта имаат посредени санитарни јазли.
Одиме на гинекологија. Креветите крцаат од што се стари, душеците се со извадени федери од што се така нови, хигиената е на 0 ниво зошто нормално, немаат средства за да ја оддржуваат на ниво, тие што ќе им ги дадат на почеток на месец, доста им се.

И Спонџ ќе ми кажува да не се гњави за приоритет. Како да не се гњави за приоритет, здравството најважно е, што ќе ти споменици ако имаш рак и притоа како што кажав треба да чекаш за патолошки резултати а за тоа време ракот си се шири со метастази низ тебе ко паша на ледина?

За фондот да не правам муабет, па побогу ваша форумџика која на сите ви помогнала барем по еднаш со здравствени проблеми се бори за живот, за операција која е вредна колку пола опаш на коњот а вие тука се лупате во гради.

Да не бегаме од темата, кажав. Ако веќе планираа да прават скулптури од нашата историја, кој им талент во главата ги тераше да ги ставаат биковите, шмизлите, трансформаторските лавови и секаквите глупости кои навистина појма немам што имаат заеднички со градов. Како што кажа Саладин, на толку квадрати имаш распон на историја од 1000 години.

И да, не ги сфаќам тие што викаат сме им боделе очи на Грците со ова :ROFLMAO: Кое бодење очи бе братчиња и сестри? Спомеников како прво се вика „Воин на коњ“. Каде пишува дека се вика Александар? Личел на него :D Па и мене Ченто ми личи на Ентони Хопкинс ама си пишува под него дека е Методија Андонов - Ченто и нема забуни. Ние сме си знаеле дека е Аце и нема што :D Така и името ќе ни го спопикаат да го проголтаме, што се буните тогаш за Северна не ве сфаќам? Ние ќе си знаеме дека сме си Македонија, ве боли што ќе мислат другите надвор.

Ако мислите дека се повредени Грциве со ова нешто, мува не ги лази верувајте. Ќе си кренат и тие кај и да е од Александар споменик сосе неговото име и па ќе видиме кој ќе остане плукнат.
Кога можеа Грциве мојата репрезентација во 2007ма и тоа да не вратат од граница затоа што сме имале МК обележја на нас на репрезентативната опрема и никој ни А да им каже, не верувам дека некако ги тангираме. Сме ги „победиле“ со ова :D Во една ЕУ (да не ме сфати некој дека сум за влагање, не сум) не можеме да влеземе ради името, тие не блокираат кај ќе стигнат, ние ги „провоцираме“ со безимен споменик.
Good thinking :X3:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ти викам такви причини зошто не ова побрзо или покасно има многу.
За тоа и за комплетниот изглед требаше да се разговара претходно и спречи навремено. Сега остануваат за коментарите дали ни се допаѓа или не и другите коментари дека не е или е приоритет.

Мене не ми се допаѓа начичканоста. Не ми се допаѓа што ќе има порта, не ми се допаѓа мостот Око...
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.750
Поени од реакции
9.909
Ако не ви чини не се сликајте, замислете дека не постои, гледајте го уникатот од градба наречен Ристиќева. Сликајте се до циганите на Камениот мост, кога ќе дојдат гости од странство и прашат "што е ова?" речете "ништо бе, само провокација до Грција...не дека е поврзан нешто Александар МАКЕДОНСКИ со МАКЕДОНИЈА, чисто за провокација". И за крај, ако не ви чини ништо во државава тогаш имате и други опции - бугарски, словенски, амерички пасош. 90% од македонскиот народ се гордее со овој период од неговата историја, ако сте еден од тие 10% не значи дека сте убер паметни, космополити, најубави и најдобри. Значи дека сте позери и хипстери. Да бидеш космополит треба прво да ја сакаш својата држава и народ, а после другите. Провокација било...хах...од вакви не ми се живее.
 
Во ој град живееш? И како второ кај виде дека ние ја кудиме државата и целиот град?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Влези ко за почеток на кожно, на патологија и на детско да ми кажеш дека се финансираат. И додека си на патологија прашај некој пациент колку време чека за патолошки резултати од што нема опрема, може да си умре додека добие резултати.
--- надополнето: Jun 23, 2011 10:54 AM ---
И не се инаетете, погоре ви кажуваат аргументи асистент на градежен и археолог. Ко со мајка Тереза што викаше еден другар архитект, не учат 5 години какви градби не треба да се градат, не паѓаат на испити за глупости а за парадокс го направија чудото што еден материјал со друг не се склапа.
Да додадам на листата и нефункционалната гинекологија (барем на 7 јуни)
Новата Гинекологија уште со празни соби и ходници

Според неофицијални извори од клиниката, после официјалното отворање на зградата поприлично многу ќе се чека таа да почне макар минимално да функционира.
- Уште многу работи треба да се средат за условите во зградата да бидат нормални за пациентките кои ќе планираат тука да се породат. Целата зграда е полупразна, во собите нема доволно кревети, а операционите сали се уште немаат вода -
да додадам на листа и бодењето со федери испаднати од душеците на гастро, душеци постари од мене, проблемот на затегнување на чаршави на болничките кревети на истиот оддел затоа што ...замисли, има повеќе дупки него платно, гушењето на пациентите од топлината во летните периоди...Но тоа не се гледа едино кога на човек недајбоже ќе му затреба. Беспотребното и веќе невкусно трупање бисти и споменици, лавови, тигри, биволи, коњи и војници... низ градот за едни е патриотизам и крајна цел на живеењето, а за други...ненаменско и невкусно. И ако веќе се гради, можеби 1-2 споменици, ништо повеќе. Ниту имаме некаков туризам, ниту економски сме велесила. Да не се споредуваме со Франција и Париз и нивните милионски туристички тури. За која цел волку и вакви споменици, не знам. Едните велите патриотизам, другите историја... а камо ги тука сегашноста и човекот како вредност?
Дали Воинот ќе беше помалку вреден за нас ако беше во некоја големина на пример на споменикот на Делчев во парк?
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Ако мислите дека се повредени Грциве со ова нешто, мува не ги лази верувајте. Ќе си кренат и тие кај и да е од Александар споменик сосе неговото име и па ќе видиме кој ќе остане плукнат.
Има еден во Солун и тоа доста добро направен

Има и во Пела, ама не ми се допаѓа

И уште неколку други, ама без Букефал.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Истата авторка го даде и решението за релјефите на Портата Македонија, како и за воинот на Плоштадот Карпошово востание од другата страна на Вардар. Неофицијално ќе биде висок 13 метри, во стоечка положба, поставен на фонтана околу која ќе има помали скулптури. Според деталниот урабнистички план овде ќе има вкупно четири фонтани. Пред воинот ќе има уште еден водоскок со скулптури на мајки со деца, а од двете страни на Камениот Мост пред веќе поставените споменици на просветителите уште две помали фонтани. Преуредувањето на просторот помеѓу црквата Свети Димитрија и Министерството за транспорт и врски треба да почне наското. Договорите се веќе склучени, изградбата е доверена на „Бетон”, а избрани се и фирмите кои ќе го вршат надзорот.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/18299/tri_godini_za_neshto_shto_kje_trae_so_vekovi_–_kako_se_izrabotuvashe_spomenikot_.aspx

И официјално информацијата дека ќе се средува плоштадот Карпошово востание и дека е планирана скулптура на Филип Втори токму.

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.293
Поени од реакции
15.509
Уште еден воин? Јас би се превртувал во гроб доколку би знаел дека ме поставуваат како незнаен јунак.
И не ми е јасно, зашто Филип II на плоштад Карпошово Востание?
Сеедно...
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Уште еден воин? Јас би се превртувал во гроб доколку би знаел дека ме поставуваат како незнаен јунак.
И не ми е јасно, зашто Филип II на плоштад Карпошово Востание?
Сеедно...
Немај гајле,сигурно нема да постават споменик од тебе.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Да фукнеш толку милиони евра за грандиозен споменик на Александар Македонски, па после да го викаш Воин на коњ... бедно...

Тоа е ИСТО како да урлаш „ЈАС СУМ ОД ФИРОООООМ!!!“ у центар на Атина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom