Дали дечково се откажува уште пред почеток
))
Дел Потро: „Ни перфекција не може да ми помогне против Надал“
27.06.2011
Денес, тенисерот број еден на АТП-листата и бранител на титулата од минатата година на „Вимблдон“, Рафаел Надал, ќе игра против Аргентинецот Хуан Мануел дел Потро.
Тоа би требало да биде првиот, најголем испит за Надал годинава, иако Дел Потро никогаш во кариерата не играл добро на трева. Дури и во 2009 година, кога ги имаше своите пет минути и стигна до четвртото место на ранг-листата и го освои Отвореното првенство на САД, тој испадна во второто коло на „Вимблдон“.
Ова осминафинале за него е најголем успех во кариерата на лондонската трева.
„Што да се каже пред натпревар со Надал? Треба да играм совршено за да дојдам до шанса да победам. Иако мислам дека ниту перфекција не би ми била доволна против Надал“, рече Аргентинецот.
Во кариерата овие двајца се сретнале осум пати. Шпанецот води со пет спрема три, како и една победа на трева, во Квинс 2007 година.
„Мојот пат кон врвот е тежок и долг. Знаев дека преку ноќ нема да дојдам таму каде што бев пред повредата. Но секој ден сум сè подобар и сè повеќе сум задоволен со тенисот што го играм“, заврши Дел Потро.