- Член од
- 2 август 2010
- Мислења
- 100
- Поени од реакции
- 38
Може да направиме и амнестија на капиталот. Успешно спроведена политика во Русија и Италија.
..ne brzaj.., mozebi i da gradi zosto ne????, koga se raboti za golemi MEGALO proekti kade vo prv moment privatniot interes ne moze da vidi dobivka.......Абе улави да не сте. Па државата ако гради фабрики, тоа автоматски значи дека однапред се осудени на пропаст. Државата под дефолт е лош сопственик и стопанственик, видете само што се случува со државните фирми. Чист промашај. Државата по дефиниција постои за да создава услови за што поквалитетен живот на нејзините граѓани. Власта односно владата е тука заедно со законодавниот дом и судската власт да држат рамнотежа помеѓу капиталистите (сопствениците на средствата за работа) и работничката класа (сопстеник на работната сила, без која невредат средствата за работа). Ова е толку просто и едноставно , но затоа се тука лујѓето да го искомплицираат сето тоа.
За оваа тематика би можел да пишувам до бесконечност. Но воглавно се би се свело на тоа дека за секое средство за работа треба да се знае сопственикот/сопствениците, а државно значи во сопственост на народот , а народот е широк поим.
Така да не дека несум за фирми во државна сопственост. Туку треба да се знае кој ќе биде сопственик/сопственици на тие фирми. А тоа да се изведи е многу едноставно, со доделување Акции или хартии од вредност. Не значи дека само оние кои што имаат пари дека ќе можат да добијат Акции, туку и оние кои ќе се согласат со својот труд да учествуваат во изградбата, обновата и надоградбата на тие фабрики. Основната грешка на РМ во 1992-93 год. беше таа што не се доделија т.н. Ваучери (акции) на секој државјанин на Р.М. ....
Мислам дека е доста....
Ако малку го подкренеме тепихот на она што денес се нарекува ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА ќе се забележи поврзаност,план и влијание на големата политика....до денес незебележано во историјата, што е и нормално...досега немало толку голем економски и политички систем кој се тркала на планетарно ниво... еден таков сложен и гломазен систем..., без тоа.... би се распаднал ко бебешка звечка....Денешната економија бара што поголема децентрализација и делегирање. Централизирана власт ја прави работата мнг посложена. Апсолутна власт и контрола води кон апсолутна корупција. Кај нас државните Охис,ЕМО,Еурокомпозит и Тутунскиот комбинат се тешки загубари и служат за партизација на кадарот. Пазарна економија вели секоја приватизација е подобра отколку државна сопственост. Модели и закони за приватизација не постојат, постојат законите на слободен пазар и на централизирана економија. Мнг југоисточни земји поминаа лошо со приватизација но Чешка и Полска поминале добро со оглед на тоа што споро и сигурно ги приватизирале компаниите.
Според мене,правилниот пат по кој требаше да се движи македонската економија ќе личеше на нешто вакво:Во вакво општествено уредување државата не може да гради фабрики, ама мислам дека може да биде косопственик заеднички капитал со приватно/и лице/и или конзорциуми.
па ни би рекол баш........не дека функционира 100%..кај нас синдикати нема,па останува само Државата да ни биде "грб" за работнички права.
Државата да ни биде "грб" за работнички права ова е пробано и нефункционира
Дојди во Прилеп посети ги фирмите 95% скоро сите работат по 12 часа не сакам да пишам кои фирми кај по 12 часа работат па уште ги осигураат на 4 часа.Ако им се пожалиш на газдите ке ти се развикаат и кажат дека такви прашања не се поставуваат на тој леб што ти дава.па ни би рекол баш........не дека функционира 100%..
за разлика од порано сега
Работник не смееш да вработиш без да го пријавиш,без минимална плата
да не му плаќаш придонеси(здравствено и пензиско осигурување)
,користење на (некаков) годишен одмор(10 дена),
можност да не работи за празници,
зачестени инспекции и казни,за непочитување на законот за работни односи
8 саати работно време
иако во голем дел од овие работи што ги најдов има пропусти,газдите на секаков можен начин гледаат да те Експолтираат,сепак се мрдна од мртва точка......но треба уште многу државата да поработи за ЗАШТИТА и ДЕФИНИРАЊЕ на работничките права(бидејќи за синдикат кај нас е SF
Немој да мислиш дека само во Прилеп е така.....ете кај вас има таква "поговорка"..Овде во Скопје ти викаат...Никој со никого не е Венчан(ако не ти се допаѓа слободно оди си)Дојди во Прилеп посети ги фирмите 95% скоро сите работат по 12 часа не сакам да пишам кои фирми кај по 12 часа работат па уште ги осигураат на 4 часа.Ако им се пожалиш на газдите ке ти се развикаат и кажат дека такви прашања не се поставуваат на тој леб што ти дава.
Оти да се богатат на туѓ грб ?Немој да мислиш дека само во Прилеп е така.....ете кај вас има таква "поговорка"..Овде во Скопје ти викаат...Никој со никого не е Венчан(ако не ти се допаѓа слободно оди си)![]()