- Член од
- 5 април 2011
- Мислења
- 334
- Поени од реакции
- 142
Манипулатор еден никаков. Carbon-14 методата воопшто не се користи денес за датирање на староста, се користат други методи од кои сите мерат различни елементи кои се распаѓаат со различна брзина. Земи прочитај само колку методи има и сите покажуваат кон иста старост.2. Јас не реков дека се валидни мерењата кои покажуваат 50 000 години старост, туку реков дека Јаглеродната метода не може да се користи за старости поголеми од 50-60 илјади години, а не дека и тие мерења се прецизни. Едноставно тој „часовник“ во ИДЕАЛНИ услови не може да оди подолу од 50 000 години заради релативно брзото полураспаѓање на изотопот на Јаглеродот (C14).
Но како што објаснив дека под „идеалните услови“ се подразбира меѓу другото и дека односот на C14/C12 во атмосферата би бил константен во сите години од моментот кога животното било живо па се до денес. Но како што видовме тој однос зависи од многу фактори така што таквата екстраполација е далеку од оправдана и затоа прецизноста на таа старосна метода, како и на сите останати, е несигурна.
И немаат никаква врска различните услови што постоеле пред милиони години, сите примероци се подложуваат под ригорозни тестови кои траат со месеци, подложени се под екстремни температури и различни притисоци посилни од тие на Земјата. И како што кажа Frankie: да беше толку лесно забрзувањето на распаѓањето немаше да имаме проблеми со радиоктивниот отпад.