Добро е младите да бидат објективни, да размислуваат разумно во изборот на политичката партија и да имаат некоја јасна слика за политиката и општеството. Се што е надвор од овие граници нема смисла. Ако уште во младоста се учат да ги бранат боите на својата партија поради тоа што се надеваат дека еден ден, ќе добијат 4 годишен работен стаж, тогаш тие луѓе размислуваат во грешна насока.
Во Македонија грешно се сватени политичките партии. Наместо да се гледа на нив како група на луѓе кои треба правилно да управуваат со државата, политичките партии служат како завод за вработување. Има млади кои се зачленуваат уште пред 16 годишна возраст (знам за повеќе примери),а како критериум не се зема идеата на партијата, туку моќта која ја поседува. Со 16 години ретко кој може да има став кон некое политичко прашање. Кај нас партиските членови (без разлика на возраста) немаат свои ставови и идеи, туку ги презентираат и форсираат ставовите наметнати од партијата, а секоја идеа која што се спротиставува на нивните се оценува како грев или идеа на "другите". Политиката е навлезена во секој сегмент од нашето општество (без исклучоци), а тоа е нешто што треба да се искорени. Се додека како критериум за вработување се зема партиска книшка, нема да имаме квалитетни кадри, ниту ќе успееме да промениме нешто кон подобро, а младите ќе се залажуваат и ќе лепат плакати за партиите кои наместо да прават општо добро, тие фунцкионираат како машинерија за крупно профитирање.
Заклучок: децата од мали нозе се учат дека штркот заспал на југ, па затоа морал/а нив лавот/ружата да ги донесе, а да не бил лавот/ружата немале да постојат.
Мој став: политика само таму каде што е потребна.
@danail.V Во партиите најважно е да се најде правиот човек на правото место (без разлика на возраста), само што кај нас многу често правиот човек не влегува во политика, па скоро сите места се оставени за погрешни луѓе.