Баш ме интересира како би го извел тоа.
Секое не-верско е антиверско и е дело на рогатиот
Не е вистина.
Едноставно - тема религија - нема дома.
Доколку дојде моето дете и ме праша, што е тоа Исус? Сигурно нема да му речам еден шизофреник што ги лажел луѓето, а тие поради необразованост му верувале. Исто како што нема да му кажам дека е Син Божји. И едниов, и другиов одговор, детето нема да ги сфати.
Едноставно - некои веруваат дека Исус бил многу моќен човек, лекувал болни, ги научил луѓето како правилно да се однесуваат. Затоа некои луѓе се молат на него и очекуваат да им помогне и денес. Мамо, зошто ние не веруваме во тоа? Мама не верува во тоа, затоа што ние тоа не сме го виделе со своите очи, а треба да веруваме на своите очи. Некои луѓе веруваат дека го виделе. Мама не знае дали се во право или не.
И толку. Следното прашање сигурно ќе биде посуштинско, поопширно, и ќе добие поопширен одговор. За секоја религија. Но нема никогаш да спомнам што е правилно, а што не.
На прашањето зошто е нешто правилно за мене - прост одговор - јас верувам дека сум во право, но тоа не значи дека навистина сум во право.
Детето мора да се подготвува самото логички да мисли и да пресудува, и ако одлучи да стане верник, никогаш не е касно да се крсти или сунетиса. Ама касно е, да го поништи сунетот кога ќе сфати дека не сака да биде муслиман, на пример.
--- надополнето: Jun 19, 2011 11:10 PM ---
Оф корс, како што и Дедо Мраз, Снежана и Црвенкапа се нелогични. Ама, детската имагинација ги надополнува дупките во логиката.
Дедо Мраз, Снежана и Црвенкапа, се детски јунаци, кои секако, носат убави нешта за децата и забава. Исус, тешко дека е забавен на некое дете. Мозокот автоматски ги отфрла работите кои не сакаме да ги знаеме - во случајов детето сосема ненамерно ќе го занемари фактот за распнувањето на Исус, неговите маки.... и се по ред.
Реално, ние треба да се плашиме од Бог, ако сме верници.
Детето, бега од тоа од што треба да се плаши.