Дали вреди да се биде добар?

I

Iblis

Гостин
Немам видено аир,ќар од тоа шо сум добар, ама и не ми пречи, веројатно оти сум приглуп :)
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Абе вака ако бидеш добар,вака така може некој да ти се најде.. Ништо не губиш.

Ако бидеш гомно можеш само да си влошиш ситуација.. Но ако некој не ја цени твојата добрина нема потреба кон сите да се понашаш како кретен.

Викаат со кретенот однесувај се кретенски.. :))
 
T

Torchyrus

Гостин
Вреде да бидиш добар во кревет, а за на друго место слабо вреде .
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.507
Поени од реакции
30.850
definitivno vredi da se bide dobar., vremeto na dobrinata i da se bide poshten doprva doagja., ima vistina i vo toa deka ne trba da dozvolish da gazat po tebe., ., no na krajot sekogash dobroto so dobro se vraka(y)
 
F

FuckYouAll

Гостин
Вреди да се биде добар, ама да бидете добри и спрема себе, а не да дозволувате да ве искористат за што и да било, затоа што има многу идиоти кои не знаат да направат нешто самите па одвај чекаат некој да се најде за да го искористат, и ако му го дозволите тоа ќе ве мислат глупи и ќе ве бараат само кога им требате.;)
 
С

Сатори

Гостин
Не знам.
Секогаш мислев дека знам дали вреди или не како да постапувам во некоја дадена ситуација, како да се модифицирам себе за да им одговарам на другите, како да изгледам, да зборувам, да мислам, како да бидам добра.Сега, откако ги поминав фазите на bitch wanna be/american sweetheart искрено не знам, веројатно ми е тешко дури да оформам дефиниција за тоа што би требало да биде добро а што не.Каде почнува а каде завршува границата на наивност и газење на сам себе и злоба и наводна почит.

Не сум неблагодара, така што ќе лажам ако кажам дека не ми се исплатело со вистинските луѓе, јас сум најсреќната личност на светот затоа што ги имам моите пријатели, сите од прв до последен селективно добри луѓе со потенцијал да бидат големи.Мојата лична констатација е дека е безползено, да се поставуваат линии за тоа до каде може да се оди во интеракцијата со остатокот од светот, да не спомнуваме колкаво губење на време е.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Добар... да добар ... види вака добар со добрите , уште полош со лошите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.512
Поени од реакции
82.058
Околу дилемава во насловот на темата, има една многу интересна појава особено карактеристична за нашево општество, каде духовниот пад на популацијата е евидентен, предизвикан, помеѓу другото, и со долгата социјална и економска несигурност....
Имено многу често, добар процент од околината, нашата добрина (што и да подразбирате под тоа), не ја вреднува како ценета доблест, туку ја забележува како слабост која треба да се искористи, можност за создавање на некаква предност.
Оваа тажна состојба на македонскиот дух е честа појава и за жал ме доведува во искушение под кое понекогаш потпаѓам, свртувајќи си го личниот развој во погрешен правец и нарушувајќи си ја композицијата на кармата. Свесно. Се враќам некој чекор наназад и , да ја употребам терминологијата од Среќна Нова 49-та: - Гомнарот - со гомнарска цевка.
Не треба така, али тоа е тоа. Нигде не реков дека сум совршен.
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
52
Поени од реакции
3
Vredi da si dobar ama da znaes i da pokazes zabi, zasto sto poveke si dobar tolku poveke te gazat!!!!
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Околу дилемава во насловот на темата, има една многу интересна појава особено карактеристична за нашево општество, каде духовниот пад на популацијата е евидентен, предизвикан, помеѓу другото, и со долгата социјална и економска несигурност....
Имено многу често, добар процент од околината, нашата добрина (што и да подразбирате под тоа), не ја вреднува како ценета доблест, туку ја забележува како слабост која треба да се искористи, можност за создавање на некаква предност.
Оваа тажна состојба на македонскиот дух е честа појава и за жал ме доведува во искушение под кое понекогаш потпаѓам, свртувајќи си го личниот развој во погрешен правец и нарушувајќи си ја композицијата на кармата. Свесно. Се враќам некој чекор наназад и , да ја употребам терминологијата од Среќна Нова 49-та: - Гомнарот - со гомнарска цевка.
Не треба така, али тоа е тоа. Нигде не реков дека сум совршен.
Ако не одам во дебата дека добро за еден е лошо за друг и дека нема универзално добро или лошо туку ако го прифатиме доброто според некои општо прифатени човечки норми, да се биде добар универзално и со сите е можно само во пештера и во изолација. Во нашиов модерен свет да си претерано добар е равно на самоубиство.

Прво и основно ќе те удри на контакт со жени пошто тие не сакаат добри и имаат право. Ќе си речат чим е овој ваков значи е мифче и сите други ќе го користат. Жените знаат дека таканаречените мажјаци се полни со агресија и најчесто основни инстинкти им се да заебат, украдат или опљачкаат а од таквите се регрутираат најголем дел од политичарите и директорите на фирми. Значи една жена со претерано добар тип ќе го „ебе“ ежот заедно со него ако сакаат да бидат и малку амбициозни.

Друго, те удира на бизнис. И да си на работа кај друг ќе те заебаваат колеги и се некој друг ќе зема унапредување а ти ќе стагнираш затоа што си добар па ќе ти биде понижење да бркаш врски а без врски се знае колку бргу се напредува. Ако имаш бизнис а си добар или уште полошо наивен не е прашање на време дали ќе ти пропадне фирмата туку колку бргу ќе ти пропадне. Светот само чека да се појави некој наивен и добар па „ајкулите“ да имаат нова жртва.

Ќе те остават и пријатели со тек на време и ќе завршиш на почеток односно никаде.

За жена е нешто полесно ама и таа ќе си помине неславно.

Така да добрината е ок за жена ти и неколку проверени и докажани пријатели а за сите други само дистанца и блокади за ако ти го нарушат животниот простор да наидат на ѕид или отворена челуст. Па кој сака да се проба барем ќе знае дека ќе наиде на организиран отпор а нема тек така да се прошета низ твојата „добрина“.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Ако сакаш да успееш во животот не треба да бидеш добар. Денес пак и нема луѓе за кои вреди да бидеш добар ( освен семејтвото и неколку пријатели). Биди добар за себе, а не за другите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.512
Поени од реакции
82.058
Kaiser, за повеќе нешта од твојот пост јас лично, имам спротивно мислење (од твоето). Мислам дека постои универзално (апсолутно) добро, исто така постои и спротивното.
Да, за некој нешто е добро, за друг истото е лошо, но во однос на погорните апсолути нештото има фиксирана позиција, а не релативна.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Kaiser, за повеќе нешта од твојот пост јас лично, имам спротивно мислење (од твоето). Мислам дека постои универзално (апсолутно) добро, исто така постои и спротивното.
Да, за некој нешто е добро, за друг истото е лошо, но во однос на погорните апсолути нештото има фиксирана позиција, а не релативна.
Ајде дефинирај ми го апсолутното добро помеѓу тебе и едно теле кое е растено за да биде заколено за да го изедат твоите деца за ручек? Каде е тука универзалното добро?

Или кога ќе утепаш мравка на улица од невнимание каде е тука универзалното добро?

Или кога ги носиш децата во зоолошка за да видат заробени животни полни со стрес од живот во заробеништво каде е тука универзалното добро?

Или кога фаќаш врска за побргу да се вработиш а со тоа му смалуваш шанса на некој кој нема таква врска каде е тука универзалното добро?

Радо ќе дебатирам на темава, ајде да ги разгледаме моите и твоите ставови во детал..
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.512
Поени од реакции
82.058
Примериве кои ги наведе и длабочината со која ги третираш ми кажува дека нема да дебатираме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom