Најдобар презентер-спикер во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата delux
  • Време на започнување Време на започнување
Ах Ана..:love: Од мерак вести гледав (не слушав) ..кај се изгуби женчето незнам..она ми е поим за убавина кај една жена

Професорка е на оној универзитетон за туризам и менаџмент :)
 
Таа убавата(:)) од Канал5 е убава да ја гледаш, ама правеше некои грешки при читањето порано, сега одамна не сум ја видел, ама сепак е нова, оправдано е. Татјана од А1 е професионална, јасно говори, а и убава за око.
Кога веќе спомнавте за телевизиите, единствена независна телевизија во МКД моментално е Телма. Алфа и А1 се про-опозициски, а Канал5, НашаТВ, државната(за неа е нормално) се про-владини. Сител е ван конкуренција, тие се медиумски покровител на владата. :)
 
Ако зборуваме сериозно на темава, Татјана Стојановска е за мене број еден моментално.Чист глас,добра дикција,професионална, сталожена, не внесува емоции,не добацува саркастични забелешки,плус е една од најубавите Македонки.Не за џабе А1 и плаќаат добри пари за да ја задржат.А има и други солидни презентери,таа на канал 5, исто на Алсат не се лоши,Валентин Николовски,Драган Антоновски...
 
Љубица Јаневска нумеро уно
сите други број 10 :)
 
Абе од МТМ и Шутел повеќе ќе ги гледам него Латас.

Имаш гледано вести на Сител кога Латас води? Уствари, тој не води вести, туку монолог, 20 минути он збори во вестите, а 10 минути се реклами (или како што самот денес во вестите рече: вие гледате Сител без пари, рекламите плаќаат). :confused: Мислам, тој кога збори, мене ми се лоши, само напаѓа и напаѓа, и тоа истите луѓе со кои тој беше до вчера. Ако има грам срам и достоинство, нека молчи. Не мора веќе да ги подржува, ама нека не јаде таквото во јавноста. Бљак и срам за презентер/спикер or whatsoever.

Што ни направи нам (матурантите) полани?
Излага со break-news дека и ние матурантите ќе полагаме екстерни тестови, иако јасно и гласно беше кажано дека екстерни тестови ќе полагаат само до 3та година средно. И нормално, се крена паника, и ние на протести. За два дена, истиот тој човек, повторно со break-news соопштува како матурантите не можат да живеат без протести и дека тоа е традиција во Македонија да се протестира за џабе, кога екстерни ниту имало, ниту ќе има за матурантите?! WTF?! o_O
А, оваа бумбарчето, пак, no comment. Денес ја гледав, и се засрамив што сум Македонец од таквите.

А чим не можеш да ги поднесеш зошто ги гледаш?
 
А чим не можеш да ги поднесеш зошто ги гледаш?

Затоа и стои тоа денес, оти се случило еднаш на 100 години.
Баба ми е редовен гледач на вестите, а после и на бумбарот, така да.. се најдов на местото на злосторството.
 
Латас е најдобар во што? Неможам да поверувам дека некој сака да го гледа и слуша Латас :eek: Ај за Ивона да сварам некако, симпатична е, ама овој паљачото?
Според мене најдобра е онаа од А1 со плавата коса, Биљана мислам се викаше... И Татјана е супер. Ааааа ќе го заборавив и Огнен :love: Беше на Сител едно време, сега незнам кај се изгуби :love:
 
Латас е најдобар во што? Неможам да поверувам дека некој сака да го гледа и слуша Латас :eek: Ај за Ивона да сварам некако, симпатична е, ама овој паљачото?
Според мене најдобра е онаа од А1 со плавата коса, Биљана мислам се викаше... И Татјана е супер. Ааааа ќе го заборавив и Огнен :love: Беше на Сител едно време, сега незнам кај се изгуби :love:
да да...Билјана Дебарлиева..беше едно време во МТВ
Огненчо како што знам не е веќе во Сител
New Moment New Ideas Company
(Outsource) TV Host, Journalist & Voice-over · ноември 2010 до сега · Skopje
 
Лазар Темелковски. Го памтам од времето на А1, сега е во Алфа , одличен спикер е.
Татјана Стојановска и Билјана Дебарлиева се врвот од македонското спикерство дефинитивно кога станува збор за жени. И дикција и изглед, а богами и со оглед на фактот колку е политички ориентирана А1 како телевизија мора да им се честита на професинализмот бидејќи асоцијацијата за нив две не може ниакако да биде политичка, како оние подлизурковци Ивона и Латас. Штета што Билјана чита вести само по потреба.

Исто така кога станува збор за спикери во моментов морам да признам дека Александар Делов е најдобриот машки презентер што сме го имале. ШТета што не чита веќе вести, гледам дека реклами снима, а може и со тоа престанал. Многу препознатлив глас има. Кој не фатил како тој човек чита вести, јасно ми е зашто на Латас му се диви. Кој аматеризам.
 
images
images
images


Кога станува збор за добри професионалци во презентирање не го мешајте ѓубрето латас...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom