Erepublik иницијатива - бришење на акронимот

  • Креатор на темата Креатор на темата Eddie_rebel
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Сметам дека во моментов најголем проблем на еМакедонија е нејзиниот назив на играта и дека овој проблем заслужува посебна тема и посебен министер кој со своја група на луѓе ќе се занимава исклучиво со ова прашање.

Има повеќе начини како да се стигне до посакуваната цел (но сепак јасно е дека конечниот збор го имаат админите):

1. Преку константно праќање на пораки до админите со кои би се барало бришење на акронимот:

- со користење на правно политички аргументи.
- или со барање на техничко решение во рамки на играта со кое преименувањето не би го направиле админите (едноставно би се оградиле), а би се дозволила опцијата преименување на секоја држава да може да прави нејзиниот претседател (или со гласање во сенат).

2. Статии во весници

Со статии кои би излегувале периоднично и на различни јазици, да се информираат и да се побара подршка од повеќе еНации.

3. Петиции.

Досега се покажаа како неуспешни, ама подобро неуспешни петиции одошто да се седи со скрстени раце.

4. Барање и условување од страна на оние кои купуваат злато.

Не е сеедно промена да бара некој комушто админите сметаат дека му прават услуга и со играта му го пополнуваат животот и некој којшто директно ја спонзорира играта преку купување на злато.

5. Притисок со аватари

Изработка на поголем број на аватари, коишто би ги користеле оние кои не се приморани да носат друг аватар (воени едници) и со кои би се барало бришење на акронимот.

Може и на потписите на весниците да има текст со кој ќе се бара бришење на акронимот.

6. Бојкот

Не зборувам за екстремен начин на бојкот со напуштање на играта туку поблаг и периодичен (не сум толку активен и нз како ама), веројатно има начин.

7. Договор со еГрците.

Доколку ова се прифати од еМакедонците, прво треба да се назначи преговарач, а второ колку ќе биде успешно зависи од еГрците (а дуру потоа од админите).

еГрците се најголеми т.е. единствени противници на бришењето на акронимот. Доколку се направи некаков компромис со нив, тие да се согласат, побараат од админите акронимот да се избрише ние за возврат да им ослободиме дел од нивните региони и евентуално договор за ненапаѓање на одреден период (доколку админите го избришат акронимот).

...

Некои од предлозите веројатно се подобри, други пак можеби се неостварливи и непрактични. Не сум баш активен во играта, но знам дека доколку се одбере група на луѓе кои ќе се занимаваат исклучиво со тоа дека тие ќе изнајдат начин и методологија на делување.
 
Совет... немој да праќаш тикет за тргање на акронимот, особено немој да ги бомбардираш со тоа бидејќи знам неколкумина кои беа банирани на неколку дена поради таа причина.

Договор со егејција? Тие немаа достоинство и мир да си побараат како што треба, дојде нивниот "претседател" кажа 2-3 збора и кога му се обратив што точно нуди за "мир" замина од Мофа (мин. за надворешни) каналот. Со нив нема договор, ќе им кампираме кај нив до крај на мој мандат, ако треба со никого нема да војуваме ама не им мрдам од кај нив - нека се откажат од играта.

Ама ако изиграме умно (на картата дека во новиот свет нема проблеми од РЛ) моожеби и ќе можеме да им најдеме дупка во нивниот устав која ќе ни го гарантира тоа право ;)
 
Постои и друга опција... Некој од играчите што купуваат највеќе злато да ги праша админите колку пари сакаат (во приватна порака) за да ја отстранат референцата и после сите играчи да донираме пари само за таа намена без никакви други придобивки.
 
Како малце пари досега да изедоа од Скајмекс и Аексил...
 
Добро, вака сега...

Тој бркото, Плато, односно администрацијата на еРепаблик убаво ви посочи дека тие ја разгледале опцијата за тргање на акронимот, но, објаснаа дека тие не можат ништо, поради тоа што меѓународно, во ООН или што знам јас, Македонија е призната под референцата. Ерепаблик како интернационална глобална игра не смее да се заебава со правилата кои важат надвор од виртуелниот свет. Јас ги разбирам потполно.
Не знам што сте запнале како мали деца. Знаете дека Македонија во светот се води со FYR, админите на ерепаблик не можат ништо против тоа. Нели, треба да биде играта реална.
 
ок. а тогаш како казнуваат за слики со РЛ политичари и работи кои се иритантни во РЛ т.е алудираат на нивниот "нов свет" кој е незагаден со влијание од РЛ
 
Не знам што сте запнале како мали деца. Знаете дека Македонија во светот се води со FYR, админите на ерепаблик не можат ништо против тоа. Нели, треба да биде играта реална.
Како бе што сме запнале? Борбата се води на секој фронт макар и за ваква банална работа како обична игра. Над 120 земји не имаат признато под уставно име и тоа е наше ексклузивно и основно човеково право.
 
Како бе што сме запнале? Борбата се води на секој фронт макар и за ваква банална работа како обична игра. Над 120 земји не имаат признато под уставно име и тоа е наше ексклузивно и основно човеково право.
тоа е така...ама некои батки потпиашле привремена спогодба во која сме FYR......во ООН...и сега некои сајтови се водат по ООН
 
Имаше некој поставено на форум многу добра тема со РЛ факти ...и мног јасно после пола саат беше закључена. Не проаѓа тоа (n)
Најдобро би било овие што се редовни голд купци да напишат "заканувачки" тикет ,бојкот со некупување голд.Едино тоа може да упали :unsure:
 
Темата беше од Корнелија Македонска ...последното нешто што го видов на ерепублик форумот... и попив бан за мојот пост, сеуште неможам да го гледам форумот... иако мислев дека како претседател ќе ми дадат можност да го гледам :@
 
Само праќање на пораки (имејлови) до газдите што инвестирале пари што им дале кредити на Ерепаблик, и така имаат проблеми со враќањето ко што имам прочитано не им оди баш па овие ќе ги притиснат ако убаво ние објасниме со писма до инвеститорите со факти убаво и да кажеме дека сме голема заедница а 90% од нас бојкотираат и не купуваат злато поради додавката што ја имаме ..

Само така може нешто да средиме, знам во еден бојкот кога играта ја направија ептен тапа (в2 модул мислам) многу од играчите беа незадоволни и почнаа да се испраќаат пораки до инвеститорите и оп одма ја сменија верзијата со брзина на светлината.

+ директни разговори на фејсбук и мејл со газдите на играва инаку нема шанси.. ние така првиот пат го притиснавме за промена на името откако не додадоа само како FYROM па после пишаа и Republic of Macedonia... па белким ќе има позитивни сигнали од таму :)
Или барем да се состави тим (преговарачи што се вика) и со главните администратори (Белеа пример) да се свика состанок.

Или наједноставно Скамекс нека им даде мито (кола пример) и готово хахахах :ROFLMAO:
 
@Apokalipto
И во реален живот забранети се слики од иритантни личности од реален живот. Така да... тоа е тоа.

@Propagator

Не пропагирај... се додека во ООН се водиме под референцата, така и ќе не реферираат.
 
Абе некако не можам да ја најдам грција на World Map шо е работата :D :D
 
Темата беше од Корнелија Македонска ...последното нешто што го видов на ерепублик форумот... и попив бан за мојот пост, сеуште неможам да го гледам форумот... иако мислев дека како претседател ќе ми дадат можност да го гледам :mad:

We know you like to hang out with us on the forum, but at the moment is not available because a few technical issues.
Не пропушташ ништо...имаат квар веќе неколку дена
 
Статија од весник во врска со ваквата иницијатива http://www.erepublik.com/en/article/-fyrom-1-1802797/1/20#comments

Не си земам за право да сугерирам до другите да пратат тикет и со тоа да ризикуваат да бидат банираат. Јас пратив, а знам дека колку повеќе луѓе пратат толку помали се шансите за банирање. Не може сите да не банираат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom