- Член од
- 26 март 2011
- Мислења
- 592
- Поени од реакции
- 79
![](http://media.a1.com.mk/media/vesti200/boris-tadic.jpg)
Поделбата на Косово, очигледно се промовира како државна стратегија на меѓународен план, или е можеби преговарачка позиција на актуелната власт, во релациите на Белград со ЕУ.
Уште не средени впечатоците од вознемирувачките изјави на министрите за внатрешни и надворешни работи Дачиќ и Јеремиќ, кои оценија дека разграничувањето на Косово, е единственото реално прашање, што ќе му стави крај на српско-албанскиот конфликт“, синоќа со вознемирувачка порака се огласи и српскиот претседател.
Идејата за голема Албанија, Белград ја смета како опасна, но ако постои подготвеност за спогодбено решение, соседот најавува дека е спремен ја прифати таквата реалност.
Тадиќ во интервју за РТС, вели дека Белград е против создавање големи држави, по формулата за национално обединување на Балканот.
„Приказната за поделбата е отворена од 1968-та година, и никогаш не престана да постои. Јас не се изјаснувам за модалитетите на другите. Сето тоа постои, како што е и модалитетот за создавање голема Албанија, тоа е реалност како и се друго на што ние мораме да бидеме подготвени, но мислам дека имаме добра политика, свои црвени линии, трагаме за практични решенија тоа е наша стратегија. Србија нема да го признае Косово“, рече Борис Тадиќ.
Интересно е дека Тадиќ за една недела во домашниот и германскиот печат, ја става на маса идејата за поделба на Косово.
Во врска со идејата на официјален Белград, за поделба на Косово, се огласи и Стејт департментот преку помошниот државен секретар Филип Гордон, кој е во посета на Приштина.
„САД беа јасни, кога станува збор за поделбата на Косово, ние не ја поддржуваме таа идеја, Гордон предупреди дека поделбата на Косово, може да ја загрози стабилноста на регионот.
Идејата за поделба на Косово, инаку е концепт на САНУ во времето на Милошевиќ.
„Мислам дека Балканот станува критично подрачје поради бавното колабирање на партнерството помеѓу Соединетите Држави и Западна Европа. историското партнерство помеѓу САД и Западна Европа постепено слабее. Паралелно со распаѓањето на ваквото Сојузништво, Балканот станува критичен регион“, вели Сем Вакнин, аналитичар
Прогнозите за создавање на голема Албанија, во Македонија прв јавно ги соопшти екс премиерот Љубчо Георгиевски, кои одреди и временски рок до 2015 година.
Индикативно е што германски експерти за „Дојче Веле“, оценија дека Албанија и Македонија назадуваат во своите европски перспективи наспроти прогресот на Црна Гора и Србија.
Албанската етничка заедница во Македонија во неколку наврати јавно искажуваат несогласување со идејата за поделба на Косово. Како што тоа го направија и властите во Приштина.