MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Значи прашањето ми беше од каде информации за практикувањето на светите тајни во црквата?
Дали е од библијата и ако не од каде се?
Доцна забележав: разбира се дека се од Писмото, а погоре на линкот Ти е посочено каде (во кои стихови) се одредени Светите Тајни.
--- надополнето: Jun 8, 2011 2:38 PM ---
Абе ме интересираат цитати каде што се прецизира како се прават овие ритуали(да ги наречеме условно земено).
Светите Тајни се одредени од и во Црквата, а познати се уште од 1-от век. А ако очекуваш точна процедура за истите во Писмото, нема да ја најдеш: Новиот Завет, кој го живееме, не е збирка од старозаветни интрукции, туку е само основа и насока за дејствување. Новиот Завет не е нормативно уреден како инструкциите од Стариот. Светото Предание е дополна и продолжеток на Новиот Завет и во него (во Преданието) дадено е се што е потребно.