Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи прашањето ми беше од каде информации за практикувањето на светите тајни во црквата?
Дали е од библијата и ако не од каде се?
Доцна забележав: разбира се дека се од Писмото, а погоре на линкот Ти е посочено каде (во кои стихови) се одредени Светите Тајни.
--- надополнето: Jun 8, 2011 2:38 PM ---
Абе ме интересираат цитати каде што се прецизира како се прават овие ритуали(да ги наречеме условно земено).
Светите Тајни се одредени од и во Црквата, а познати се уште од 1-от век. А ако очекуваш точна процедура за истите во Писмото, нема да ја најдеш: Новиот Завет, кој го живееме, не е збирка од старозаветни интрукции, туку е само основа и насока за дејствување. Новиот Завет не е нормативно уреден како инструкциите од Стариот. Светото Предание е дополна и продолжеток на Новиот Завет и во него (во Преданието) дадено е се што е потребно.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Доцна забележав: разбира се дека се од Писмото, а погоре на линкот Ти е посочено каде (во кои стихови) се одредни Светите Тајни.
--- надополнето: Jun 8, 2011 2:38 PM ---

Светите Тајни се одредени од и во Црквата, а познати се уште од 1-от век. А ако очекуваш точна процедура за истите во Писмото, нема да ја најдеш: Новиот Завет, кој го живееме, не е збирка од старозаветни интрукции, туку е само основа и насока за дејствување. Новиот Завет не е нормативно уреден како инструкциите од Стариот. Светото Предание е дополна и продолжеток на Новиот Завет и во него (во Преданието) дадено е се што е потребно.
Ќе ги видам објаснувањата од линков http://mk.orthodoxwiki.org/Свети_Тајни
Па после може да разговараме, вака тешко.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Значи прашањето ми беше од каде информации за практикувањето на светите тајни во црквата?
Дали е од библијата и ако не од каде се?
Тие се измислица (новотарија) на свештениците на Римокатоличката институциализирана црква, а потоа од неа ги наследиле и православните цркви (по расцепот во 1054 година).
Значи тие не се од Библијата т.е. не произлегуваат од Божјиот Збор.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155

Во Библијата нема крштевање, исповест, брак итн? Што правеше Јован Крстител? Нели Исус велеше да ги исповедаме гревовите? Бракот е небиблиски? Итн.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Во Библијата нема крштевање, исповест, брак итн? Што правеше Јован Крстител? Нели Исус велеше да ги исповедаме гревовите? Бракот е небиблиски? Итн.
Во Библијата има крштевање, исповед (но не со посредство на свештеник), брак, но нема свети тајни. Ниедна од овие во Библијата не е наречена „света тајна“ и за ниедна од овие не е заповедано дека мора да биде извршена со посредство на „свештеник“ - титула која што не постои во новиот завет и библиската Христова Црква.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Во Библијата има крштевање, исповед (но не со посредство на свештеник), брак, но нема свети тајни. Ниедна од овие во Библијата не е наречена „света тајна“.
Проблемот е што сите овие се ставени под терминот Свети Тајни? Тоа ли е проблемот? Навистина огромен проблем.

за ниедна од овие не е заповедано дека мора да биде извршена со посредство на „свештеник“
Сами да си се крштеваме? Јас сам да си го крстам детето? Дали во Новиот Завет луѓето сами се крштеваа или имаше посредник, Јован Крстител, кој тоа го правеше? Исто и со останатите, зарем јас сам треба да си се венчам со жената?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Сами да си се крштеваме? Јас сам да си го крстам детето? Дали во Новиот Завет луѓето сами се крштеваа или имаше посредник, Јован Крстител, кој тоа го правеше? Исто и со останатите, зарем јас сам треба да си се венчам со жената?
1. Не можеш сам да се крштеваш, но ткн. „света тајна“ во Римокатилизмот и православните цркви не го велат тоа. Тие велат дека мора свештеник да те крсти, свештеник со ткн, „апостолско преемство“, во спротивно крштевањето е невалидно. Демек од овој „ракоположен свештеник“ зависело крштевањето. Е тука лежи проблемот т.е. ереста. Проблемот е што ако нема таков свештеник, тогаш ти си остана некрстен. Наводно твојот постар брат во верата не можел да те крсти.

2. Повторно го имаме истиот проблем. Ако свештеник не те венча, тогаш бракот не ти е валиден. Во Библијата пишува дека Бог е Тој што ги врзува мажот и жената, а Римокатоличката црква и православните цркви велат дека мора и „ракоположен свештеник“ да посредува. Пед неколку години имавме една интересна пародија поврзана со ова. МПЦ без никаков проблем ги разведе Груевски и Бучковски од нивните екс жени со изговорот дека тоа не е развод, затоа што наводно нивните бракови не беа сметани за валидни затоа што не биле извршени од православен свештеник :)
Бог во Библијата вели дека го мрази напуштањето на жената, Исус јасно кажа дека е прељуба ако ја оставиш жената, а МПЦ вели тоа нема врска, штом „ракоположениот свештеник“ не ви мафтал со круните над главите, тогаш тоа не е брак.

3. Дали и за исповед на гревови ти е потребен свештеник? Што вели МПЦ за тоа?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
3. Дали и за исповед на гревови ти е потребен свештеник? Што вели МПЦ за тоа?
Ма неееее, за исповест, уопште не Ти е потребен свештеник, затоа што Ти е потребна следната процедура:

1. Го читаш Светото Писмо.
2. Се „ислолнуваш„ со „светиот дух„.
3. Почнуваш да веруваш.
4. Почнуваш да се каеш (???).
4. „бог„ Ти ги простува гревовите (???).
5. Следствено, веќе си спасен! (!!!)
6. Продолжуваш да си живееш световно, убеден дека Исус веќе Ти ги простил гревовите, независно од тоа колку си бил грешен, колку си грешен и колку допрва ќе грешиш (???).

Така, шо ќе ти е свештеник, шо ќе ти е исповест....Светото Писмо под мишка и правец во Рајот!
 
Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
1. Не можеш сам да се крштеваш, но ткн. „света тајна“ во Римокатилизмот и православните цркви не го велат тоа. Тие велат дека мора свештеник да те крсти, свештеник со ткн, „апостолско преемство“, во спротивно крштевањето е невалидно. Демек од овој „ракоположен свештеник“ зависело крштевањето. Е тука лежи проблемот т.е. ереста. Проблемот е што ако нема таков свештеник, тогаш ти си остана некрстен. Наводно твојот постар брат во верата не можел да те крсти.

2. Повторно го имаме истиот проблем. Ако свештеник не те венча, тогаш бракот не ти е валиден. Во Библијата пишува дека Бог е Тој што ги врзува мажот и жената, а Римокатоличката црква и православните цркви велат дека мора и „ракоположен свештеник“ да посредува. Пед неколку години имавме една интересна пародија поврзана со ова. МПЦ без никаков проблем ги разведе Груевски и Бучковски од нивните екс жени со изговорот дека тоа не е развод, затоа што наводно нивните бракови не беа сметани за валидни затоа што не биле извршени од православен свештеник :)
Бог во Библијата вели дека го мрази напуштањето на жената, Исус јасно кажа дека е прељуба ако ја оставиш жената, а МПЦ вели тоа нема врска, штом „ракоположениот свештеник“ не ви мафтал со круните над главите, тогаш тоа не е брак.

3. Дали и за исповед на гревови ти е потребен свештеник? Што вели МПЦ за тоа?
Во првиот пост на темава пишува да одговараат само Христијански верници, а и пожелно е верници кој што знаат добро да одговараат затоа ќе те замолам или постави прашање или не пиши на темава.

Инаку нема врска дека православието има нешто превземено од римокатоличката црква, туку е сосема обратно, но не зеле се така на пример нема икони кај католиците. Библијата не е романче за читање, туку треба целосно со концетрација и внесеност да се чита. Инаку свети тајни се и во библијата наречени како такви, а можеш да читаш и Пролог од светите апостоли околу ова ако те интересира па после ќе си колку толку компетентен да се спротиставуваш со аргументи.

1. Мора свето лице да те крштева тој го посветил целиот свој живот на тоа и е еден мост помеѓу тебе и Бог. Бог ги врзува преку молитвата на свештеникот.
2.Во црква не се врши развод тоа се прави на суд и во општина, а ако пред тоа не биле во црква земени тие не ни биле некогаш православно, така да тоа се смета за првпат по христијански пат.Дедо ми и баба ми на 60 години се земаа во црква, заради проклетиот комунизам кој не им дозволил во тоа време.
3.Свештеник е потребен и остај ја МПЦ многу на неа си се фатил, не ги измилила таа правилата, а нема ни да ги измени, 2011 години постојат тие правила.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Инаку свети тајни се и во библијата наречени како такви,
Повели аргументирај го тоа што го велиш. Повели цитирај ни каде во Библијата се спомнуваат крштевањето, венчавањето, исповедта итн. како свети тајни.

1. Мора свето лице да те крштева тој го посветил целиот свој живот на тоа и е еден мост помеѓу тебе и Бог.
„Еден е Посредникот меѓу Бог и луѓето: Човекот Исус Христос“ (1 Тимотеј 2:5, Библијата)

2.Во црква не се врши развод тоа се прави на суд и во општина, а ако пред тоа не биле во црква земени тие не ни биле некогаш православно, така да тоа се смета за првпат по христијански пат.Дедо ми и баба ми на 60 години се земаа во црква, заради проклетиот комунизам кој не им дозволил во тоа време.
Сакаш да кажеш дека ако дедо ти ја оставил баба ти на 59 години и си се оженел со некоја друга жена, дека Бог тоа нема да го гледал како развод, туку како прв брак?
Кој ги венчал Адам и Ева?
Како се венчавале луѓето пред Христос?
Зошто во целиот Мојсеев закон и во целиот Стар Завет воопшто нема никаква уредба за свештеничко посредување при венчавањето, а од друга страна пак има еден куп ситни детали за службите на свештениците?

3.Свештеник е потребен
Каде Библијата вели дека е потребен друг свештеник покрај Исус Христос? Зарам не е јасна Библијата кога вели дека Исус е нашиот свештеник и првосвештеник во новиот завет? Зарем не е грев да додаваме и други свештеници покрај Исус Христос? Зарем не е Исус доволен да посредува за нас пред Таткото Небесен?

Зошто на пример апостол Петар не вели за себе дека е свештеник, туку вели дека е старешина?
„Старешините меѓу вас ги повикувам јас, кој сум и самиот старешина“ (1 Петрово 5:1, Библијата)

Зошто целиот нов завет во црковните служби постојано спомнува старешини, а никаде свештеници?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
а можеш да читаш и Пролог од светите апостоли околу ова ако те интересира па после ќе си колку толку компетентен да се спротиставуваш со аргументи.
Немој ни случајно да даваш препораки за читање „таква„ литература, оти на форумов (а и надвор од форумов...) постојат поединци, кои сметаат дека веќе се спасени само затоа што го допреле, или во најдобар случај, прочитале Светото Писмо. :D
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Дали вие Христијаните мислите дека Библијата дава реална и точна презентација на моралот на Господ? (Да или Не одговор, ве молам)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Чек сеа, мислиш на то дали Е Бог морален, или дали моралните принципи кои Бог ги дава се правилни?...:confused:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Чек сеа, мислиш на то дали Е Бог морален, или дали моралните принципи кои Бог ги дава се правилни?...:confused:
Не те прашав за мислење, туку за информација.
Дали моралите прикажани и предавани во Библијата се тие на Господ? Прост ‘Да‘ или ‘Не‘ одговор сакам.

Малце ќе ти го проширам прашањето. Дали моралите и законите напишани во Библијата се човечки толкувања за моралот на Господ или стриктно и точно се истите со оние на Господ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom