вакви работи се бараат пред избори,а не сега....тогаш ќе се сложеа на Се,со паметни и разумни барања Пелистер ќе си го најдеше своето ЈАС(како и многу работи во градот),но изгледа немаме зрели и совесни луѓе за оваа работа - џабе сега џафкање и заканување
Не е за џабе....
Не сме пробале досега да напрајме ништо....ПОКОНКРЕТНО.....
Битола отсекогаш е еден од најбунтовните региони....
Ама во последно време како да го изгубивме духот...
Ни се случија еден куп лоши работи,народот ќути....
Одамна се изгуби духот на навивачите...
Да се случеше ова во 90ите,ќе се запалеше пола Битола..
Други времиња беа тогаш,други луѓе...не беше политиката толку навлезена кај навивачите..
Денес е каша попара се....
Прво се гледа партијата,па дури после интересите на Битола....
Затоа дојдовме на ова дереџе....
Ни пропадна спортот....тониме одамна,еден протест не се напрај..ништо...резили...
Со пароли,со пишување графити....се проба....
Не дека со протестот ќе се смени нешто ептен на подобро...
Власта(онаа НАЈВИСОКАТА) вмеша прсти во Вардар,и решено е....
По секоја цена мораше да го спасат Вардар....
За Пелистер нема кој да лобира,нема кој да застани,зошто сите градски моќници се ДУДУЦИ за спорт...АНАЛФАБЕТИ....
Не треба да се очекува од чоек шо не стапнал на спортски терен да има слух за спорт,тие се бирократи,и гледаат само да ги наполнат џепчињата....
Ама во едно сум сигурен....ако се реализира нешто од протестот....
Ќе им се УКАЖИ ЈАСНО И ГЛАСНО НА ЛОКАЛНИТЕ КАБАДАИ ДЕКА НЕ ШТИМА РАБОТАТА....
Дека не работат како треба,дека не се грижат за интересите на Битола.....
И треба некој да одговара за ова....
Да им се исправат пред општина 300,400 луѓе..ќе биди доста,со повеќе е тогаш ќе имаме вистински протест....
Дека ќе се радикализира протестот тешко,покрај толку џандари не е можно...
Но ПОРАКАТА МОРА ДА БИДИ УПАТЕНА...и то директно до НАЈГОЛЕМИОТ ВИНОВНИК-ГЛУМЕЦОТ ДВОЈЧЕ......
Ако нема градот спорт...џабе...
Битола беше синоним за спорт...сега сме на маргините...
Наместо да оди на подобро,со децентрализацијата...ние потонавме...
И никој од локалните глаучи нејќи да сноси одговорност....
За сликање на прослави,банкети,за јадење скара први се и имаат ингеренции,тогаш се фалат со "постигнатото"...
Кога ќе треба да помогнат е тогаш настапуваат со легендарната реплика-НЕМАМЕ ИНГЕРЕНЦИИ......