gade,
за да не глумиш лудило, еве го одговорот, иако веќе го имам дадено.
Точно е дека Бог прво ги створил растенијата, па животните и на крај, човекот. Како фунцкионирале растенијата пред падот Адамов и Евин, не знаеме, но сигурно е дека растенијата можеле да опстанат и без Сонцето, затоа што пред да биде Сонцето одредено како носител на дневната светлина, светлината постоела како категорија, како способност, но постоела!. Зато Бог преку Мојсеј вели: „...Нека биде светлина!...„.(Битие, 1.3). Отако е створено Сонцето (и Месечината). тогаш Бог на Сонцето му ја пренесува способноста да биде извор на светлината, која веќе постоела! Затоа, иако се растенијата створени пред Сонцето, за растенијата воопшто не било проблем да опстојат, затоа што примале светлинска енергија од претходно создадената светлина, која не доаѓала од Сонцето.
Јасно ли сега зашто и на расенијата и на животнте не им требало Сонцето како светлосен извор! Дури кога Бог одлучил светлината да ја пренесе на Сонцето, но и на другите небесни светила/објекти, дури тогаш растенијата почнале да ја примаат светлината исклучиво од Сонцето! Воедно, Бог им ја доделил светлината на Сонцето и на Месечината, со цел, тие две небеси светила да бидат граници на денот и/од ноќта!
Се надевам дека чак и за Тебе ограничениот, сега е троа појасно како може ова и како може она...
Во краен случај, Бог си створи(л) сите нешта во совршена состојба, а ние денес ги гледаме нештата само во нивниот ентрописко-неповратен распад! Напросто, не знаеме како изгледа соврешноста од сите створени нешта, кои денес се различни од нивната совршена состојба, во која нивните потреби и градби биле поинакви од денешните!