NBA Сезона 2010/2011

  • Креатор на темата Креатор на темата D-Wade
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е..
Честитки до Далас, и сосема заслужено победија и го освоија прстенот!
Втората утакмица си го направи своето, после толкава предност, ти да го изгубиш мечот..
И убаво рече коментаторот на Спортклуб, дека Леброн кога ќе освои 2-3 титули тогаш ќе бидем голем, како Коби и останатите!
 
Далас, Далас, Далас!!! Новицки, Тери сите беа одлични!!!
Мило ми е за Далас, иако навивам за ЛАЛ.
И споредбата не држи вода, никогаш играч без муда да биде на ниво на Џордан!
 
кој го има споредувано леброн со џордан баш сакам да видам????
коби е споредуван со џордан а не леброн
 
Great season, unless you are a Jazz fan :)
 
>Dirk Nowitzki

meh.ro6758.jpg

 
Колку би сакал "кралот" да го имитира сега повторно на Дирк, но нема, немаааааааа !!! :D
 
Лебронтије први си остана некрунисани!

А и нема да се смени тоа уште некое време, најмалце година. Инаку се освен титула за Мајами со вакви играчи беше брука, ама тоа е тоа кога од 3ти ѕвезди, двајца имаат муда ко грашок и нема што тука да се дискутира.
 
Колку би сакал "кралот" да го имитира сега повторно на Дирк, но нема, немаааааааа !!! :D
СЕ СРЕДИ НА ЛЕБРОН "ГРИПОТ".........TERRY ГО ЧАСТЕЛ 2-3 ПАКЕТЧИЊА ЦЕДЕВИТА.......ЗА ТИТУЛАТА.....СКРОМНО.....АМА ЕФЕКТИВНО

ТУКУ ОСТАЈ ЛЕБРОН......СЕ ВАДАТ МУАБЕТИ WADE КАЈ ЖАН МИТРЕВ ЗАКАЖАЛ СО PAT RILEY...........НЕШТО ГИ СТЕГАЛО ГОРЕ.........
 
Најпрво искрени честитки до искрените навивачи на Мавси, кој се 2-3 некаде од прилика, ова другото е хејтер до хејтер :)
Прва титула за Мавс во Историјата, Прва Шампионска титула во Историјата на тим кој го изгубил третиот натпревар, прва титула за еден од најдобрите играчи и шутери во НБА Лигата, Диркенштајн, за еден од најдобрите плејови, Кид... за еден од најдобрите тројкаши Пеџа, за кој ми е највеќе мило, бидејќи ми беше идол во детството кога играше за Кингс, прва титула на Кјубан, човекот кој е скромен и е најголем навивач, а сепак е газда на клубот итн. итн.

Далас беа подобри и заслужено победија, не само денеска, туку во цел плеј-оф, тимска, колективна игра, Рик Карлајл убаво ги склопил коцките, од прв до последен, сите се заслужни на некаков начин... шутот за три го усовршиле, играта на ЛЏ и на ДВ убаво ја изанализирале и ја применија, зонската одбрана им функционираше беспрекорно... Браво

Мајами, денеска беа под голем притисок, шутот никако не им идеше, иако почнаа одлично... немаа решение за зонската одбрана на Далас и форсираа брзи шутеви, повеќето на сила... грешки колку сакаш, да кажеме почетнички, при водење му удира во нога и иде у аут, грешки во додавање итн... премногу слаб процент на слободните фрлања, одбрана скоро никаква...

И, дајте ќе ве замолам да не ги правете споредбите и да ги мерете на кој му бил поголем... големи светски познавачи на кошарката, аналитичари и експерти не го решиле прашањето кој е најдобар кошаркар, или кој има предиспозиции за тоа... вие ќе мрсите муда и ќе се правете експерти... оставете го тоа на стручњаците, на луѓето што им е тоа работа...

Се гледаме наредната сезона, а пред тоа да посакам бурно лето, полно со нови таленти од драфтот, големи трампи, одлично вклопени тимови и пред се што повеќе да бидат изедначени како би гледале поинтересна кошарка... се надевам сезоната 2011/12 ќе биде повозбудлива од оваа :)
 
12 се подобри од 3 !!!

Него сеа ме интересира муабет измеѓу ведјдиста и леброниста !! :)

Словенецот бил подобар од Ем Џеј, немој не ме радуј !!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom