Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да не може повеќе горили од безбедносни агенции блиски до власта да добиваат работа, редовно да одат на психијатриски прегледи, постриктна обученост и поголеми плати за да не бидат толку гневни.

Мислиш дека ова е можно??? кога се ќе се собере и одземе,што добиваме? власта т.е. политиката ни ја ебава државата...

Иначе платите им се доволни :)
 
Видете ја сликата сега, оваа зошто е вака напишано? е сега на пример некој понеупатен може да помисли дека пред некое време е убиен некој Даниел, па сега пред некој ден Мартин, а уствари станува збор за едно дете но го испомешаа со имињата....

protestintro.jpg

 
Видете ја сликата сега, оваа зошто е вака напишано? е сега на пример некој понеупатен може да помисли дека пред некое време е убиен некој Даниел, па сега пред некој ден Мартин, а уствари станува збор за едно дете но го испомешаа со имињата....

protestintro.jpg


Без разлика дали постоел Даниел пред Мартин, утре СТВАРНО може да бидеш ТИ!
Тоа е поентата.
Се бориме да не бидеме следното ТИ...:cautious:
 
Syn, вака од моја гледна точка, станува збор да не претерувам ама за 1.000 припадници на Алвите и Тигрите. Кога веќе барате нешто мислете дека во тие 1.000 души барем од 10-50 припадници кои не ги исполнуваат условите и сеа поради нив да се расформираат тие две единици морате да почнете од самиот факт дека тоа се луѓе претежно од Источна Македонија и можеби дури 50% фамилиите нивни живеат од тие високи плати и да барате да бидат расформирани поради поединци ќе доведе до гладување на некои семејства бидејќи голем дел во тие единици се златни деца. Морате да си го преформулирате барањето.
А што велам Јас ? Тие 10, 50, 100, 200 припадници што не ги исполнуваат условите сигурно нема да истапат и да кажат еј, абе ја знаете малце ментален сум, си играм со кукли и ме имаат киднапирано вонземјани ...
И ја сум за преформулирање на барањето, алфите ко алфи да останат зашто реков, они како единица се формирани со цел ние ко граѓани да имаме голем ќар од нив, но потребно е да се исчешлаат, убаво да се исчешлаат, да остане она што заслужува да остане таму зашто тие 10-50 сеедно колку се е до ова доведуваат а ко што реков, сами да се изјаснат дека не се способни да ја вршат оваа работа ко што им доликува јок, тоа нема да го направат..

п.с. И не генерализирајте, не се ставајте во исти кош со оние кои генерализираат за нас дека сме наркомани и пијаници или партиски симпатизери кои работат стриктно за профит на партијата.
 
Видете ја сликата сега, оваа зошто е вака напишано? е сега на пример некој понеупатен може да помисли дека пред некое време е убиен некој Даниел, па сега пред некој ден Мартин, а уствари станува збор за едно дете но го испомешаа со имињата....

protestintro.jpg


Друга е замислата на транспарентот бе луѓе мислете убаво, ова со даниел - мартин е искажување гнев поради обидот за заташкување, не дека две деца убиле.
 
Целта на напишаното е да се отслика работата на МВР, која ни дозволи да шпекулираме и да убиеме друго дете, а со тоа семејството на Мартин за момент да помисли дека нивното дете е безбедно, бидејќи самите се изјаснија дека се загрижиле за Мартин но виделе дека станува збор за друго дете.
 
Значи според мене е нереално да се расформира единицата Тигар, но е реално да се направат некои реформи во организационата структура на МВР. Значи потребно е воведување надворешна контрола, покрај внатрешната контрола. Тоа ви е нешто ко надзорен одбор у акционерско друштво составен од акционери на фирмата кој го контролира работењето на одборот на директори. Значи тоа би требало да биде независен орган кој би требало да биде составен од најразлични профили кои нема да доаѓаат само од една партија односно нема да бидат партиски обоени.

Инаку на МВР не и е првпат да заташка случај. Така го имаме случајот на Ален Зекиров инаку обезбедување на директорот на ДБК, Сашо Мијалков. Уште пред 2 години се случило делото, кога на Партизанска изгази 73 годишен старец на точак со мотор и човеков уште не е во затвор. Истрагата и после две години не е затворена а министерката Јанкуловска тогаш кажа дека обвинетиот ќе одговара што воопшто не се случи.

Истрагата за Ален Зекиров се' уште е отворена
8EC6CE4E1A9F4244960139AA840FD5DE.jpg

Истражната постапка за телохранителот на Сашо Мијалков чека на уште еден доказ за предметот да биде испратен до Обвинителството
Љубиша Станковиќ

И по една и пол година од трагичната сообраќајка во која загина 73-годишниот Симо Серафимовски, истрагата што се води против осомничениот Ален Зекиров се' уште е отворена. Телохранителот на директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, треба кривично да одговара за сторено тешко дело против безбедноста во сообраќајот, но како што засега стојат работите, тешко е да се предвиди дали и кога ќе седне на обвинителна клупа.

Од скопското Обвинителство велат дека се чека на окончување на истрагата за случајот. „Токму по вашето барање, побарав колегите да ми го реферираат овој предмет. Но, она што засега можам да го кажам е дека истрагата за овој предмет се' уште не е завршена“, ни изјави скопскиот обвинител Марко Зврлески.

Од скопскиот Кривичен суд не кријат дека за случајот на Ален Зекиров се води кривична истрага, но, според портпаролот на скопска „единица“, Владимир Туфегџиќ, судијата што постапува во овој кривичен предмет чекал на уште едно дополнително известување. Дури потоа истрагата ќе биде затворена и предметот ќе биде вратен кај јавниот обвинител.

Случајот со Ален Зекиров е отворен веќе една година откако против него беше започната кривична истражна постапка. Настанот за кој се товари Зекиров се случи кон средината на јуни минатата година кога на булеварот „Партизански одреди“, кај ТЦ „Буњаковец“, со мотоцикл „агуста“ на обележан пешачки премин беше прегазен скопјанецот Симо Серафимовски. Сведоци на овој трагичен настан тврдеа дека Зекиров со својот мотоцикл се движел со голема брзина и дека од ударот велосипедистот бил отфрлен десетина метри. Во несреќата и Зекиров се здоби со повреди.

Потоа, дел од јавноста ја обвини власта дека се обидува да го забошоти целиот случај и да ја развлече постапката колку што е можно повеќе. МВР ги отфрли ваквите обвинувања, по што беше поднесена кривична пријава до Јавното обвинителство. Од поднесувањето на пријавата до изготвување барање за поведување кривична истрага помина уште половина година. Јавното обвинителство во почетокот на оваа година поднесе до Кривичниот суд барање за спроведување истрага, но таа и натаму е некомплетна. Кон крајот на летото, осомничениот даде своја одбрана, а потоа се чекаше да биде изготвено сообраќајно вештачење. Сега недостига уште еден доказ за да се затвори истрагата.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1FBF7938C65796468F92A8D0E634EE72
 
Еве гледаме што се случува во државана на на ни.
Пајкан може кога сака да те скине, а ти него не дај боже шамар да го удриш...

Ајт сега на протести доста форум.
 
ќе му се даде казна. судот треба да одлучи наредните денови дали ќе биде 10 години затвор или доживотна робија.
 
Yea, 10 или доживотна. In our dreams.
Државава нема ни п од правда, justice free сме, па ќе си го гледаме Спасов низ улициве за година-две.
 
251713_10150210407689190_794204189_6914649_2819255_n.jpg

Чисто информативно...
Mirko Popov напиша:
Драги сограѓани...
Протестот по повод бруталната и НЕПОТРЕБНА смрт на нашиот сограѓанин Мартин Нешковски ПРОДОЛЖУВА СЕКОЈ ДЕН, се додека сите вмешани во убиството и прикривањето на истото не понесат морална и кривична одговорност. Се тоа за да ја направиме нашата земја побезбедна за нас и нашите деца.

Оваа САБОТА протестот ќе добие форма на СЛОБОДЕН КОНЦЕРТ со настапи на некои од нашите најинтересни бендови/артисти

17:30 The John
18:00 PMG Kolektiv
18:30 Fonija
19:00 ???
19:30 Dusko Janevski

СЛОБОДНИОТ КОНЦЕРТ започнува во 17Часот на платото кај Мајка Тереза. Придружете се со МАТЕРИЈАЛНО ПРИСУСТВО, кликовите атендинг НЕ СЕ ВАЖАТ!!!

ПРЕПОСТИРАЈТЕ ГО ЕВЕНТОТ И ПОКАНЕТЕ ГИ СИТЕ ВАШИ ПРИЈАТЕЛИ !!!
 
ќе му се даде казна. судот треба да одлучи наредните денови дали ќе биде 10 години затвор или доживотна робија.
Не верувам дека толку брзо ќе се донесе пресуда.
Не за џабе полицаецот се бранеше со молчење, за да купи време. Сега ќе се прави наудрен, ќе се вади на пост-воен синдром, ќе добие потпис и тешка дијагноза од сомнителен психијатар и ќе лежи 3-4 години во затвор.
 
Еве гледаме што се случува во државана на на ни.
Пајкан може кога сака да те скине, а ти него не дај боже шамар да го удриш...

Ајт сега на протести доста форум.

Баш ме интересира од сите фаци овде кои "начукаа" 150 страни, колку всушност биле бар на еден од протестите деновиве?
Многу е симптоматично ова, дали луѓево не сфаќаат или што е работата...На форум можете да направите и 1500 страни, нема да се направи НИКАКВА разлика.

Нешто не ви одговара, имате нешто да кажете?
Отидете на протести, ако сте по форумите, имате отворен форум таму.

Можеби е залуден протестот, можеби барањата не ви се погодени, можеби нешто трето не ви е погодено, ама кој кур се буните заради тоа на форум човече?
Има тука форумџии кои немаат еден пост на темава, па ги гледам на протестот. А има и такви кои се најактивни, а бар јас кога сум бил, ги немам видено во толпата.
Од седење дома ништо не праите, само стомак може да добиете.
 
Не верувам дека толку брзо ќе се донесе пресуда.
Не за џабе полицаецот се бранеше со молчење, за да купи време. Сега ќе се прави наудрен, ќе се вади на пост-воен синдром, ќе добие потпис и тешка дијагноза од сомнителен психијатар и ќе лежи 3-4 години во затвор.

Meне ми е страв дали и ке лежи, всушност ке лежи колку да ни покријат очи и после некое кратко време како непресметлив ке го пуштат и потоа ке се курчи по улиците како тој не ебе ниту држава ниту закон...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom