Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Што е глувчиња, што се покакавте? :)
Бидик е фин, само не му е сезоната... :)
 
Што е глувчиња, што се покакавте? :)
Бидик е фин, само не му е сезоната... :)

Да бе фин од финска ... бидик само несака кењатори со оф-топик муабети ... другите можете да распалите барем дур не прегори некоја база на сервер ...
 
Иначе браво за сите тие што на Facebook стискаат attending а уствари не доаѓаат. За денес имаше 8000 attending, бар 2000 да дојдеа ќе беше добро.
 
Иначе браво за сите тие што на Facebook стискаат attending а уствари не доаѓаат. За денес имаше 8000 attending, бар 2000 да дојдеа ќе беше добро.
Има и луѓе кои живеат во другите градови низ Македонија, некои и надвор од Македонија кои сакаат да бидат информирани за случувањата. Има некои кои се на работа или имаат други обврски.
 
Што е работата денес слушам дека од 12часот ќе почне протестот ?
Запрете ја полициската бруталност, запалете по некој Пајкан.
 
Има и луѓе кои живеат во другите градови низ Македонија, некои и надвор од Македонија кои сакаат да бидат информирани за случувањата. Има некои кои се на работа или имаат други обврски.
Па нека не кликаат I'm Attending...
создаваат погрешна слика.А баш би сакала да се соберат во толкав број,да покажеме кој е главен oвде.

Ете и предлог текст за што се протестите.

Ние граѓаните на Р.М., загрижени и згрозени од инцидентот кој што се случи на 6 јуни 2011 година на градскиот плоштад во Скопје, јавно го изразуваме нашиот револт против полициското насилство, употребата на прекумерна сила и непрофесионалното однесување на припадниците на МВР, особено дел од нивните единици како Единицата за брзо распоредување на МВР - ЕБР, Посебната мобилна единица на МВР “Алфа“ и Единицата за специјални задачи на МВР “Тигар“.

Како граѓани на Р.М. бараме:

1. Целосно расчистување на немилиот инцидент каде крвнички беше претепан до смрт 22-годишниот Мартин Нешкоски од Скопје и превземање на конкретна одговорност од страна на сите припадници на МВР во хиерархиската низа (по основ на командна одговорност). Во таа насока бараме:
а) Доживотна казна за припадникот на специјалната единица “Тигар“ - И.С., осомничениот за стореното кривичното дело убиство на Мартин Нешкоски.
б) Разрешување и казни за припадниците на МВР кои биле соучесници ноќта кога се случило убиството, кои му помогнале на И.С. истото да се прикрие и не го регистрирале ниту пријавиле случајот на надлежните.
в) Оставка од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, од морални причини.
г) Оставка на лицето одговорно за односи со јавност на МВР, портпаролот Иво Котевски, поради прикривање на веќе достапни информации и погрешно информирање на јавноста. Сносење на кривична одговорност за соучешништво во прикривање на убиство.

2. Замена на секторот за внатрешна контрола во МВР со независно цивилно тело.

3. Распуштање на специјалните единици на полицијата како што се “Алфи“, “Тигри“ и други. Формирање на нови професионални единици за тие намени кои ќе ги исполнуваат критериумите подолу:
а) Соодветно факултетско образование и стручна подготовка. Во тој контекст бараме реактивирање на Полициската Академија.
б) Контрола при вработувањето нови кадри во МВР од страна на независното цивилно тело кое ќе има контролна функција за проверка на криминалното минато на апликантите. Независното цивилно тело, воедно, би вршело евалуација на работните истории (CV-a) со сите информации за дисциплински мерки, психолошки профили и слично на сите работници во МВР.
в) Психолошки тестови и други проверки на кадрите.
г) Задолжително доделување на општествено корисна работа на сите полициски работници како дел од секојдневните работни обврски.
д) Задолжителна обука за контрола на гнев за сите полициски работници.

4. Зголемена контрола над Министерството за внатрешни работи од страна на Собранието на Република Македонија преку формирање на посебна собраниска комисија, за чија работа ќе можеме јавно да се информираме преку месечни извештаи или слично.

5. Задолжително присуство на униформиран полициски работник при секој контакт на полицијата со граѓаните.

6. Зголемени казни во Кривичниот законик за прекршочните и кривичните дела што работниците во МВР ќе ги сторат без разлика дали се или не се на служба/на работа.

Сите кои сакаат да се потпишат ќе треба да остават свое име и презиме, матичен број и град на живеење, како и лично да се потпишат.

Петицијата би се доставила до:
- Народен правобранител на Р.М.
- Хелсиншки комитет на човекови права
- МВР
- Собрание на Р.М.
- ОБСЕ/OSCE - Spillover Monitor Mission to Skopje
- Дипломатскот кор, акредитиран во Р.М.

Предлог текстот е отворен, денес (петок, 10 јуни 2011 година) би го допрецизирале на собирот во 12 часот позади спомен куќата на Мајка Тереза.
 
Аман бе во све поверувавте пак ли го пуштија на А1 ова?
Не знам кој што објавил, нит ме интересира, кажав дека не смеете да верувате на НИЕДЕН медиум, сите си ја презентираат приказната како им наредиле газдите. Дојдете еднаш и сами ќе се уверите, ДОСТА ВЕ ЛАЖАТ!
Јас бев на еден метар од дечкото кога збореше. Му се слоши, и падна. Еден од присутните се стрча до градска болница да побара помош, и се врати за 1 минута и рече дека му кажале дека не смее доктор да излезе. Ако е процедурата таква, во ред. Меѓутоа, кога има протести, треба да има амбулантна кола во близина. Значи сега бевме блиску, да требаше ние ќе го внесевме во болница, меѓутоа ако е подалеку? Мислам, цело време оди полиција покрај нас, може секако и една амбулатна кола. Како и да е...
 
На протестот вчера се случи тоа?Не гледам медиуми,а и на интернет не прочитав нешто слично.
 
Сите кои сакаат да се потпишат ќе треба да остават свое име и презиме, матичен број и град на живеење, како и лично да се потпишат.

А уште нешто треба да оставам ? На пр. кафе, локум, ајвар, пари...
 
На протестот вчера се случи тоа?Не гледам медиуми,а и на интернет не прочитав нешто слично.
Да. Кога тргнавме од собирното место, застанавме на раскрсницата кај Собрание и градска болница, и седнавме таму. Беше тука брат му на Мартин и збореше со мегафон, и се расплака, не можеше да стои, и падна. И остатокот е горе..
 
АПЕЛ до организаторите да не дозволуваат типови како Фрчковски и компанија да се мешаат со толпата протестанти оти тоа е контрапродуктивно и само создава погрешна слика пред јавностаа а и со тоа се губи на бројност на протестантите.....да не заборавиме кој е Фрчковски и да не се дозволи крлежите да профитираат од смрта на Мартин.
тоа не се крлежи, тоа се мршојадци....само мршојадец сака да профитира од нечија смрт
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom