Сите знаеме дека Скопје е пренаселен, и дека нема смисла повеќе да никнуваат згради нагоре, а Скопје територијално да не се шири.
Исто е глупаво, некој да не доаѓа во Скопје, зошто не е роден скопјанец.
Скопје нема добра инфраструктура, зошто е создаден за дупло помалку луѓе отколку што живеат во него.
На нормалните скопјани, не им пречат студенти и општо кој и да дошол, додека се однесува тој што дошол цивилизирано и не е проститутка, и не е цура која би сакала да се омажи во Скопје. А некој што дошол за академски да се изгради, не гледам причина зошто некому би сметал.
И јас го сакам Скопје повеќе во лето, затоа што е по празно и се подобро се одвива, но, го сакам и во зима, кога е се натрупано.
Јас го сакам разликите, всушност, сакам да има разлики во мислењата, ама на тој начин да донесуваме конструктивни идеи за оваа наша Македонија. Прост пример, имам другар дојден од внатрешноста, студира тука, ќе стане инженер

Истражувал пазари политики поволности се и сешто, и дошол до заклучок дека по дипломирањето и магистратурата, во план му е со уште 2ца негови колеги, во едно градче во централна Македонија да се отвори фирма... зошто ќе имале услови да подигнат некаков кредит, ќе добиеле помош од државата и тоа што ќе го сработуваат можат да го продаваат и на државните институции и на граѓаните.
САКАМ ВАКВИ ЛУЃЕ.
Зошто јас како патриот, не ми е важно само Скопје, Скопје има големо значење за мене, но уште поголемо има целава наша Македонија. Јас после целиов муабет, заклучувам дека јас повеќе го сакам Прилеп од прилепчани, и Охрид од охриѓани, и Дојран од дојранчани итн....
Не е вистина дека само државата вложува во Скопје. Има и МНОГУ приватен капитал, и тоа, уште почесто од нескопјани... Е кога овие нескопјани би го пренамениле тој капитал во помалите места... Би било одлично.