Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Не продавајте муда за бубрези. Типот ќе добие минимум 4 години, а сега се останато се сведува на доказите.

Ако бил воен обврзник во 2001 и тоа како го има правото на ПВС што му овозможува да не добие максималните 15-20 години.
А ние што го чувале телото додека било покриено со кеса и што го пуштиле убиецот да си оди, по колку ќе добијат? Оние што го прикриваа случајот? Што се правеа на 3 и пол? И тие страдаат од пост-воен синдром?
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Епа само кај нас го има тоа во КЗ казната "доживотен затвор" изнесува од 15 до 20 год, насекаде во странство казната доживотен е буквално ДОживотен, цел живот, ако добие 4 год, пак е малце, за свирепо убиство.
Јас ја разбирам твојата револтираност.
Во државава за еден шамар да удриш некому или да го плукнеш добиваш казна 2.000 евра као оштета доколку се правиш луда на лекарското, типов ќе се прави луд ПВС ќе искористи и чао пријатно 4 години затвор може да добие. Или да оди во лудница. Само детето што нема да се врати. Тоа е тоа. Жално ама така е.
--- надополнето: Jun 9, 2011 11:26 AM ---
Ако можел да биде полицаец без разлика што страдал од ПВС, може и да биде суден без разлика на тоа. Или некој што му дозволил да се шета таков.
А ние што го чувале телото додека било покриено со кеса и што го пуштиле убиецот да си оди, по колку ќе добијат? Оние што го прикриваа случајот? Што се правеа на 3 и пол? И тие страдаат од пост-воен синдром?
На двајцата ќе ви кажам, за да ја пројде некој таа ригигорозна проверка од страна на психолози и психијатри треба да биде значи совршен со совеста и психата. Очигледно е каде и кој треба да сноси одговорност после ова.

Пвро тој самиот, после тие што му помогнале на некој начин тие 2 дена и на крај да го јадат комисијата од психо тестовите.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
И плус кога беше војната 2001 они не спасиле бла бла да не биле они. Океј, благодарни сме им сме се заблагодариле за тоа тогаш го цениме. Ама не може алиби да им биде цел живот тоа и да се понашаат ко да имаат 4 иљади евра у џеб.
 
Алибито не е во тоа што не “спасиле “ туку после воениот синдром, значи од кога ќе заврши било која војна мора да бидат сите изложени на тестови, демек трауми, несоници флешови итн итн, типот на тоа ќе се ваѓа.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.640
Поени од реакции
1.240
Не не не, погрешно ме свати ти, немам ништо против социјалните мрежи, всушност они и придонесоа да се открие вистината, да се рашири таа вест додека други се обидуваа истата да ја заташкатаат, они и ќе придонесат зборот наш што повеќе да се шири, но, потребна е организација, треба да има група која ќе не застапува, треба да се стават црно на бело нашите барања а не еден ова бара, друг она, трет трето.
Е само ова не ми се допаѓа од протестиве , ама јебига мора да се излезе и да се протестира ако не беа протестите ќе останеше дека нема траги од насилство и никому ништо нели
Мора да добијат казна и тие што му помогнале на убиецот во прикривање на телото
И бркот да напушти позиција
И лицето И.К. мора да си добие казна зашто лажеше , а по чија наредба лажеше е тоа е интересно и неразјасниво
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
Алибито не е во тоа што не “спасиле “ туку после воениот синдром, значи од кога ќе заврши било која војна мора да бидат сите изложени на тестови, демек трауми, несоници флешови итн итн, типот на тоа ќе се ваѓа.
Па што да му праиме ако има јебига, значи не е способен за работа. Не може комплекси на невини да лечи.
Ама тоа е таа непрофесионалност кај нас, демек ајде гинел во 2001 и ете му работа му обезбедиле, заслужил.
До кога вака бе ?
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.969
Поени од реакции
45.252
И бркот да напушти позиција
И лицето И.К. мора да си добие казна зашто лажеше , а по чија наредба лажеше е тоа е интересно и неразјасниво
Бркот да напушти позиција во пакет со Иво, тоа треба да е примарно, после Се останато кое исто мора да се исполни како барање ! Но, за тоа останато потребно е она од болдираниот дел во постот што го цитираше.

п.с. А И.К. инаку според постоечките закони, треба да одговара !
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Па што да му праиме ако има јебига, значи не е способен за работа. Не може комплекси на невини да лечи.
Ама тоа е таа непрофесионалност кај нас, демек ајде гинел во 2001 и ете му работа му обезбедиле, заслужил.
До кога вака бе ?
Епа тоа е тоа што го зборам, бидејќи никој од нив не биле проверени како стојат со психата и знаејќи го законот тој ќе се вади на тоа.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Глупаво е за ваков случај, за ваква неправда на форумов да имаме тема, ама заклучена. Ако не престанете да се вреѓате меѓусебе, нажалост ќе мора да ја затворам.

Имајте барем малку доблест и почитувајте се кога комуницирате. На крај, сите сакаме едно исто. Правдата истерана до крај, и зголемување на сигурноста на секој поединец во државава.
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Епа тоа е тоа што го зборам, бидејќи никој од нив не биле проверени како стојат со психата и знаејќи го законот тој ќе се вади на тоа.
Сосема е разбирливо учесник во 2001-ва да страда од пвс, без разлика што најверојатно само го користат тоа за да му ја намалат одговорноста. Фората е што, колку е негова, толку е вина и на МВР, на психијатрите, на тој што го ставил на должност и на секој кој е инволвиран. А моментално, единствено тој е обвинет. Затоа треба да има протести, затоа треба да се масовни, затоа треба да се врши притисок!

За барањата црно на бело. Еве ви уште еднаш слика од петицијата.

И наместо да тролате не се знаело што се бара, прво дојдете и изразете поддршка (сигурно нема на форум да ги одредуваме), да добиеме на масовност, а потоа ќе збориме за барањата. Додека сме малку, баш ги заболе кои ни се барањата.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Овие млади луѓе не се џаболебари што висат на Интернет. Напротив, тоа е критичката маса на оваа држава, која сардисана од корумпирани политичари, полтронски медиуми и затворени институции, си го најде својот пат за да ги искаже ставовите, да посочи на болките на општеството, да ја исмее глупоста што ни се сервира како реалност. Овие млади луѓе всушност се иднината на оваа земја. Заслужуваат повеќе од третман на оружје за политички престрелки

Не, не мислам дека е премногу поетично што ги нарекувам „децата на цвеќето“ илјадниците млади луѓе што вчера повторно повикаа на протест, овој пат со цвеќе во рацете, за да му оддадат почит на еден трагично одземен млад живот. И да го кренат својот глас против полициската бруталност, злоупотребата на службена должност, лагите и обидот да се одложи вистината за убиството на Мартин Нешковски што пред неколку дена ја потресе домашната јавност.

И не, не сум изненадена од незапирливата моќ на социјалните мрежи - во изминатава година, тие станаа реалност во светот, а во неколку наврати, помалку или повеќе, и кај нас (пред сé, случајот „Кале“, иако тогаш ситуацијата беше малку почувствителна, најмногу поради вмешаноста на меѓуетничките елементи). Тоа што ме изненади, но и ме израдува, е фактот што конечно се покажа дека Македонија има критичка маса. Мала, неколкуилјадна, но сепак ја има. И стационирана е на Интернет, со акцент на микроблогерскиот сервис Твитер.

Наспроти обидите да и се прикачат разни политички приврзоци, себични профитери, што ловат поени дури и на човечки трагедии, онлајн-јавноста го крена гласот (не е првпат, но сега погласно од секогаш), повика и излезе да протестира мирно, без насилство, туку против него, одолевајќи им на обидите за провокации. Веројатно, развојот на настаните е многу логичен ако се има предвид дека речиси 40 часа по убиството немаше веродостојна информација за тоа што навистина се случило, кој е одговорен и кој сé ќе понесе одговорност. Обид да се прикрие убиство, така протестантите го окарактеризираа молчењето на институциите, пласирањето невистинити и фабрикувани информации од медиумите, непреземањето одговорност...

Онлајн-јавноста не се исплаши од циничните изјави, како онаа на портпаролот на МВР, Иво Котевски, кој соопшти дека „тие следеле сé што се случува таму“ (што сакаше да каже?!), ниту од отстранувањето (од „виша“ сила) на неколку групи на Фејсбук што повикуваа на протести. И како повеќепати досега им ја завршија работата на мејнстрим-медиумите, кон кои недовербата го достигна дното, со целосно покривање на настанот, преку видеа, твитови, постови на Фејсбук, серија блог-постови, сумирани на еден блог, „Правда за Мартин“ (justiceformartin.blogspot.com) посветен на убиеното момче, како и анимирање на светската јавност преку разни мрежи и објави на англиски.

Овие млади луѓе не се џаболебари што висат на Интернет. Напротив, тоа е критичката маса на оваа држава, која сардисана од корумпирани политичари, полтронски медиуми и затворени институции, си го најде својот пат за да ги искаже ставовите, да посочи на болките на ова наше општество, да ја исмее глупоста што ни се сервира како реалност. Овие млади луѓе всушност се иднината на оваа земја, која за многу скоро време ќе биде мејнстрим. Заслужуваат повеќе од третман на оружје за политички престрелки. Заслужуваат некој да излезе, да ги погледне во очи и да слушне барем дел од тоа што имаат да го кажат. Но дури и ако не се грижат за иднината, таа секако ќе се погрижи сама за себе и порано или подоцна, ќе се избори со сите транзициски и постранзициски тумори. И без диригираните медиуми, и покрај корумпираните политичари и килавите институции. Го има Интернет како оружје. И својата свест.

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Сосема е разбирливо учесник во 2001-ва да страда од пвс, без разлика што најверојатно само го користат тоа за да му ја намалат одговорноста. Фората е што, колку е негова, толку е вина и на МВР, на психијатрите, на тој што го ставил на должност и на секој кој е инволвиран. А моментално, единствено тој е обвинет. Затоа треба да има протести, затоа треба да се масовни, затоа треба да се врши притисок!

За барањата црно на бело. Еве ви уште еднаш слика од петицијата.

И наместо да тролате не се знаело што се бара, прво дојдете и изразете поддршка (сигурно нема на форум да ги одредуваме), да добиеме на масовност, а потоа ќе збориме за барањата. Додека сме малку, баш ги заболе кои ни се барањата.
А покрај пишаната потребна е иста таква петиција и во електронска форма, како би се забрзал процесот на потпишување, кликот е побрз од потписот.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
ПВС се дијагностицира доста лесно. Тоа не е некоја скриена болест.

Не сфаќам зошто би се барало оставка од Котевски? Затоа што пренел погрешна информација?
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
ПВС се дијагностицира доста лесно. Тоа не е некоја скриена болест.

Не сфаќам зошто би се барало оставка од Котевски? Затоа што пренел погрешна информација?
Котевски е портпарол и стварно е нелогично од него да се бара било што. Не е дека му е него фунцкијата да го прави увидот и да ги истражува доказите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom