Знам дека ќе бидам наречен хејтер, идијот, морон, безкичмењак ама морам да кажам и искрено не ми чуе за туѓото мислење, а истото може и вие да го кажете за моето мислење.
ПРВО: Ич не е океј тоа шо се случило, не го оправдувам во никој ама баш никој случај. Ќотекот е излезен од рајот ДА, ама волку брутален ќотек ни на најголем непријател не му се посакува. Ова е само колку да не испадне дека кичмата ми е фрлена у Вардар.
ВТОРО: Чуму протест? Вчера отидов на протестот, да видам шо е фората и шо видов? Банда хипстери застанати пред "Мајка Тереза". Од што на мој па Мајка Тереза, озбилно не ми е јасно? Зашто таму се протестираше? Кој ќе ве чуе таму? Фраерите шо пијат кафе у околни кафичи? Бонус ствар се извиците ПРАВДА ЗА МАРТИН! Која правда ја барате за починат човек? И зарем не видовте дека тој што го претепал до смрт е приведен и изнесен пред истражен судија? Ама не кажал ништо?! Тоа е неговото право да се брани со молчење.
Некој ми спомна дека се собирале за распуштање на единицата за брза интервенција АЛФИ. Да, имаат правено глупости и тоа премногу. Јас имам јадено шамар зашо сум имал мрсна коса. Ама ај да ве прашам вас кои продавате "морал" и шотијазнам Знаете дека голем број од тие АЛФИ имаат жена, деца, фамилии кои што ги ранат со тие пари? Заборавате ли во колку случки баш АЛФИТЕ се нашле да ускочат и да помогнат во "густи" ситуации? Ја заборавивте 2001? Кога сите си ги ладевме што подалеку од регион Скопје-Тетово, оние гниеа во ровови? И ќе ускочи сеа некој јак шизик и ќе рече "И што добивме од тоа?" ама тоа не е нивна кривица туку на сосема други луѓе, така да не навлагаме у тоа. Муабетот ми е дека ради еден човек не смеат да го јадат уште сто други луѓе. Тој еден ќе го јаде дебело, трагично е што 22 годишен дечко загина, ама тоа е тоа.
Пратам и фејсбук и твитер и ќе се изразам чентовски ама "Ми ги подувте со ивенти, профил слики, твитови ретвитови и карики" прочитав идиотски работи како "ЗАРЕМ БАСКЕРФЕСТ УШТЕ ТРАЕ?" а зашто да не трае? The show must go on, секој ден умира по некој. Некој ќе биде удрен од кола, некој ќе падне од мотор, некој ќе биде претепан од рандом џибери на кои им е досадно веќе седењето на клупи....ама тоа е тоа.
Цврсто стојам ПРОТИВ полициското насилство, во никој случај не оправдувам СИЛА затоа што има униформа и значка. Да A.C.A.B. ама од протестов до преку глава.
Сума сумарум од тоа што го гледам што правите по форуми, фејсбук и твитер можам да извлечам само една работа. ДОСАДНО ВИ Е ПО ДОМА, тролате на секој можен начин и така ви поминува денот. Јебига, компјутер за секое дете, слобода да се пишува што ти душа сака и автоматски го фаќате господ за муда.
Бонус: Како бе со мирен протест планирате да смените некои работи? Гоце Делчев, Александар Македонски и ред други најјаки шизици стоеле у место и урлале? Не, ги земале работите во свои раце. Со мирен протест ја покажувате само вашата храброст на тастатура и монитор.
Еве како верен фан на MARVEL стриповите можам да ви кажам само едно
Si vis pacem, para bellum - Frank Castle a.k.a The Punisher