Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.194
Syn, еве почнаа да излегуваат колумни во весници за протестите, ама да не беше твитер ФАКТ е дека немаше ни да има протест, моќта на 140 карактери излезе поголема од моќта на медиумскиот пишан збор и репортажи.
Денес сите се на социјалните мрежи, најдобар начин е да се рашири таа вест, не за џабе денес заработката од интернет маркетингот е толку висока. Ајде тогаш предлог како да се рашири совеста за протестов, на ФБ се бришат страници, на телевизиите кажуваат партиски ваков таков, луѓево тука осудуваат дека бил партиски, им го перат мозокот а не ни биле на протестот.
Џену, се е тоа ок, ама муабетот мој е дека кога ќе отидеш на протест нит твојот компјутер е пред тебе, нит Твитер, нит Фејсбук ...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Џену, се е тоа ок, ама муабетот мој е дека кога ќе отидеш на протест нит твојот компјутер е пред тебе, нит Твитер, нит Фејсбук ...
Тоа е многу јасно, сега ќе почнат (се надевам) да доаѓаат и луѓе без да бидат повикани од ФБ/Твитер, ама кога за 15 минути успеаја да се соберат 300 души на првиот протест поради моќта на 140те карактери, не гледам зошто потценување на социјалните мрежи.
А за вандализам, да не испадне само тие што се најгласни за тоа да избегаат од таму први ако се почне со тоа.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
http://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=10150276591601532&id=134731976531
Janko Ilkovski
ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО ПРОТЕСТИТЕ - ГИ ПОДРЖУВАМ КАКО ИЗРАЗ НА ГРАЃАНСКА ЗАГРИЖЕНОСТ БИДЕЕЈЌИ ИМААТ ПОВОД, СЕРИОЗЕН ПОВОД. ПРЕДЛАГАМ ЕДНАШ ГОДИШНО ДА СЕ ОРГАНИЗИРА МИРЕН ПРОТЕСТ ПРЕД МВР ДУРИ И ДА НЕМА ПРИЧИНА, САМО ЗА ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ КАКО СИ ЈА ИЗВРШУВААТ ЗАДАЧАТА ЗА КОЈА НИЕ ГИ ПЛАЌАМЕ!

во коментарите излегуваат дека тие што протестирале дека биле партиски обоени.......
Значи Јанко нека не пробува да ги направи протестиве као нешто нормално,

протестите не се нормални и не се случуваат секоја година, а и не треба да се гледа на нив како нешто нормално, манипулант е тежок значи, протестите се случуваат затоа што нешто е труло во полицијата!треба да се смени, рибата смрди од главата,.. неможе секој партиски војник да се понаша како бог и батина, треба сите да знаат дека капката ја прели чашата! НЕ се работи за поединечен случај, се работи за низа од нерасветлени случаи поврзани со полицијата и тоа уште од времето на СДСМ, а богами и на ВМРО, еве оваа владеачка гарнитура како покомпетентна од претходната се надеваме дека конечно ќе ги воспостави реформите и ќе дојде до позитивна трансформација во полицијата.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.194
Тоа е многу јасно, сега ќе почнат (се надевам) да доаѓаат и луѓе без да бидат повикани од ФБ/Твитер, ама кога за 15 минути успеаја да се соберат 300 души на првиот протест поради моќта на 140те карактери, не гледам зошто потценување на социјалните мрежи.
А за вандализам, да не испадне само тие што се најгласни за тоа да избегаат од таму први ако се почне со тоа.
Не не не, погрешно ме свати ти, немам ништо против социјалните мрежи, всушност они и придонесоа да се открие вистината, да се рашири таа вест додека други се обидуваа истата да ја заташкатаат, они и ќе придонесат зборот наш што повеќе да се шири, но, потребна е организација, треба да има група која ќе не застапува, треба да се стават црно на бело нашите барања а не еден ова бара, друг она, трет трето.
 

aluminium

MSc
Член од
3 март 2011
Мислења
186
Поени од реакции
20
Знам дека ќе бидам наречен хејтер, идијот, морон, безкичмењак ама морам да кажам и искрено не ми чуе за туѓото мислење, а истото може и вие да го кажете за моето мислење.

ПРВО: Ич не е океј тоа шо се случило, не го оправдувам во никој ама баш никој случај. Ќотекот е излезен од рајот ДА, ама волку брутален ќотек ни на најголем непријател не му се посакува. Ова е само колку да не испадне дека кичмата ми е фрлена у Вардар.

ВТОРО: Чуму протест? Вчера отидов на протестот, да видам шо е фората и шо видов? Банда хипстери застанати пред "Мајка Тереза". Од што на мој па Мајка Тереза, озбилно не ми е јасно? Зашто таму се протестираше? Кој ќе ве чуе таму? Фраерите шо пијат кафе у околни кафичи? Бонус ствар се извиците ПРАВДА ЗА МАРТИН! Која правда ја барате за починат човек? И зарем не видовте дека тој што го претепал до смрт е приведен и изнесен пред истражен судија? Ама не кажал ништо?! Тоа е неговото право да се брани со молчење.
Некој ми спомна дека се собирале за распуштање на единицата за брза интервенција АЛФИ. Да, имаат правено глупости и тоа премногу. Јас имам јадено шамар зашо сум имал мрсна коса. Ама ај да ве прашам вас кои продавате "морал" и шотијазнам Знаете дека голем број од тие АЛФИ имаат жена, деца, фамилии кои што ги ранат со тие пари? Заборавате ли во колку случки баш АЛФИТЕ се нашле да ускочат и да помогнат во "густи" ситуации? Ја заборавивте 2001? Кога сите си ги ладевме што подалеку од регион Скопје-Тетово, оние гниеа во ровови? И ќе ускочи сеа некој јак шизик и ќе рече "И што добивме од тоа?" ама тоа не е нивна кривица туку на сосема други луѓе, така да не навлагаме у тоа. Муабетот ми е дека ради еден човек не смеат да го јадат уште сто други луѓе. Тој еден ќе го јаде дебело, трагично е што 22 годишен дечко загина, ама тоа е тоа.
Пратам и фејсбук и твитер и ќе се изразам чентовски ама "Ми ги подувте со ивенти, профил слики, твитови ретвитови и карики" прочитав идиотски работи како "ЗАРЕМ БАСКЕРФЕСТ УШТЕ ТРАЕ?" а зашто да не трае? The show must go on, секој ден умира по некој. Некој ќе биде удрен од кола, некој ќе падне од мотор, некој ќе биде претепан од рандом џибери на кои им е досадно веќе седењето на клупи....ама тоа е тоа.
Цврсто стојам ПРОТИВ полициското насилство, во никој случај не оправдувам СИЛА затоа што има униформа и значка. Да A.C.A.B. ама од протестов до преку глава.

Сума сумарум од тоа што го гледам што правите по форуми, фејсбук и твитер можам да извлечам само една работа. ДОСАДНО ВИ Е ПО ДОМА, тролате на секој можен начин и така ви поминува денот. Јебига, компјутер за секое дете, слобода да се пишува што ти душа сака и автоматски го фаќате господ за муда.

Бонус: Како бе со мирен протест планирате да смените некои работи? Гоце Делчев, Александар Македонски и ред други најјаки шизици стоеле у место и урлале? Не, ги земале работите во свои раце. Со мирен протест ја покажувате само вашата храброст на тастатура и монитор.
Еве како верен фан на MARVEL стриповите можам да ви кажам само едно
Si vis pacem, para bellum - Frank Castle a.k.a The Punisher
Povikuvas na nemiri??????
Klinot so klin ne se izbiva.
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Не' бранеле овие, не бранеле оние. Ок, 100 пати е речено, секоја чест и сите сме им' благодарни. Ама ако учествувале 2001-ва, сега треба да не' убиваат по улици? Треба да не' шамараат зошто имаме подобра фризура од нивната? Дали ако пожарникарите (на пример) спречат еден пожар, имаат право да подметнат друг? Не туку тропајте.
Кога би имал јас право да носам оружје кај сакам и да се бранам како знам и умеам од тој што треба да се бранам, без некој друг да ми суди и да ме фрли на робија, сигурно нема да ми треба ниту војска ниту полиција. Ама затоа што не смеам, туку ми е наметнато да чекам од други да ми ја чуваат безбедноста, и тоа платени од наши пари, нивна работа е САМО да не' штитат и ништо друго. За добро завршена работа добиваат почит и благодарност, покрај платата, за ѕверски дејствија добиваат критика, револт, протест, казна. И не смее да биде поинаку.
....
Една од главните цели е да се исфилтрираат бесните кучиња од редовите на МВР. Ако навистина ги почитуваме нашите бранители, ќе направиме се' за ваквите да си одат во пензија или на лечење, сеедно. Затоа што сигурен сум дека чесните и професионални припадници на МВР, не го ставаат својот живот на коцка, за денес, поединци од нивните редови да се изживуваат и да ги убиваат оние, за кои тие се жртвуваат.
 

aluminium

MSc
Член од
3 март 2011
Мислења
186
Поени од реакции
20
Игор Спасов страдал од

Post Traumatic Stress Disorder

Бар така кажува Стојанче Ангелов:

“I have been saying all along that all the members of the unit that participated in the battles ten years ago suffer from PTSD. They need professional help,” Angelov said, describing them as “time bombs” that may erupt in violent outbursts.

http://en.wikipedia.org/wiki/Posttraumatic_stress_disorder
Abe kakov strest. Specijalcite si imaat doktori koi im vrsat redovni pregledi. Nema sansi da go pustile da vrsi sluzba ako bil nestabilen. Sakaat kako alibi da go iskoristat ova.

 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Abe kakov strest. Specijalcite si imaat doktori koi im vrsat redovni pregledi. Nema sansi da go pustile da vrsi sluzba ako bil nestabilen. Sakaat kako alibi da go iskoristat ova.
ЛЕле колку се прозирни значи не ми се верува и некој многу гледа крими филмови, сакаат олеснителна околност за цајканов и да го осудат за небрежност од 6месеци-5 год. значи ако го направат ова ќе биде срамота голема! за свирепо убиство барем 10 год минимум треба да добие, не сакам да осудувам никој, но се работи за ПОСТАВУВАЊЕ казна, од која треба да се плашат сите полицајци, ако биде минимална стравот кај нив исто ќе биде минимален скоро никаков.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Дечки да ве замолам за една работа: баталете ги партиските форумџии и оние на кои сеуште не им е јасно зошто има протест. Залудно е да се објаснува по незнам кој пат. Не им реплицирајте, не им одговарајте. Ќе видат дека нема абер и ќе се устишат или заминат исто како и што се појавиле, од нигде-никаде.

За останатите протестот и понатаму ќе се одржува.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Не продавајте муда за бубрези. Типот ќе добие минимум 4 години, а сега се останато се сведува на доказите.

Ако бил воен обврзник во 2001 и тоа како го има правото на ПВС што му овозможува да не добие максималните 15-20 години.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
Не продавајте муда за бубрези. Типот ќе добие минимум 4 години, а сега се останато се сведува на доказите.

Ако бил воен обврзник во 2001 и тоа како го има правото на ПВС што му овозможува да не добие максималните 15-20 години.
Значи може да си игра сега курот со народот, народски кажано.

Иначе пред неколку страни убаво еден член ги наведе иживувањата на афлите последните 4 години. Така да не ги бранете, имале фамилии, носеле пари бла бла, и тој може имал фамилија па кој го прашува. На крај краева и моите работат па не зимаат плата и што треба да убиваат газди и луѓе по улица ?
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
Значи Јанко нека не пробува да ги направи протестиве као нешто нормално,

протестите не се нормални и не се случуваат секоја година, а и не треба да се гледа на нив како нешто нормално, манипулант е тежок значи, протестите се случуваат затоа што нешто е труло во полицијата!треба да се смени, рибата смрди од главата,.. неможе секој партиски војник да се понаша како бог и батина, треба сите да знаат дека капката ја прели чашата! НЕ се работи за поединечен случај, се работи за низа од нерасветлени случаи поврзани со полицијата и тоа уште од времето на СДСМ, а богами и на ВМРО, еве оваа владеачка гарнитура како покомпетентна од претходната се надеваме дека конечно ќе ги воспостави реформите и ќе дојде до позитивна трансформација во полицијата.
Абе што се замарате со Јанко, се во врска со него се знае. Беше интересен порано ама сега е само партиско војниче.

А за манипулант дека е, си .б.л мамата за тоа. Виде дека голем број млади ги подржуваат протестите па ајде сега да го искористи тоа да си направи публицитет, или така можда му наредиле одозгора.

Него да се вратам на темата, треба да има протести и тоа многу поголеми, не може секој психопат на кој му дале значка и пиштол да биде полицаец. Ова се случува во 2011, неверојатно. Али чекајте допрва ќе има “интересни работи“. Можда ќе се свести народов македонски, дека без него нема ни полиција, ни тигри, ни алфи, нема без него ни МАКЕДОНИЈА, мме шашава.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.031
Значи Јанко нека не пробува да ги направи протестиве као нешто нормално,

протестите не се нормални и не се случуваат секоја година, а и не треба да се гледа на нив како нешто нормално, манипулант е тежок значи, протестите се случуваат затоа што нешто е труло во полицијата!треба да се смени, рибата смрди од главата,.. неможе секој партиски војник да се понаша како бог и батина, треба сите да знаат дека капката ја прели чашата! НЕ се работи за поединечен случај, се работи за низа од нерасветлени случаи поврзани со полицијата и тоа уште од времето на СДСМ, а богами и на ВМРО, еве оваа владеачка гарнитура како покомпетентна од претходната се надеваме дека конечно ќе ги воспостави реформите и ќе дојде до позитивна трансформација во полицијата.
сите се експерти за кењање.........:) Јанко посебно.........и други про и анти-владини сателити
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Не продавајте муда за бубрези. Типот ќе добие минимум 4 години, а сега се останато се сведува на доказите.

Ако бил воен обврзник во 2001 и тоа како го има правото на ПВС што му овозможува да не добие максималните 15-20 години.
Епа само кај нас го има тоа во КЗ казната "доживотен затвор" изнесува од 15 до 20 год, насекаде во странство казната доживотен е буквално ДОживотен, цел живот, ако добие 4 год, пак е малце, за свирепо убиство.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Не продавајте муда за бубрези. Типот ќе добие минимум 4 години, а сега се останато се сведува на доказите.

Ако бил воен обврзник во 2001 и тоа како го има правото на ПВС што му овозможува да не добие максималните 15-20 години.
Ако можел да биде полицаец без разлика што страдал од ПВС, може и да биде суден без разлика на тоа. Или некој што му дозволил да се шета таков.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom