Фактите се тие, ако сакаш тоа да биде игнорирано тогаш која е поентата на темава ?
Како на друг начин некому да се објасни зашто се бара оставката, како на друг начин некому да се објасни дека целта тука не е некој друг да профитира ( иако тоа сакале нејќеле се подразбира, подоле ќе објаснам ) бидејќи вие со тие муабети за исполитизираност алудирате на одредени политички опции, единствениот профитер тука треба да е народот, а не одредена политичка партија.
А кога сме кај нив, жалам, реков денес, колку и да е морбидно ова оди во нечија корист и нормално, на нечија штета, тоа е карактеристика за секое општество при вакви случивања односно случувања кои имаат ваков тек, ко што е и нормално ова да го користат за да добијат политички поени иако истите реков, под дифолт им доаѓаат сакал некој или не. Незнам како да ти доловам дека ваквиот тип на протести СЕКОГАШ и СЕКАДЕ ќе бидат користени од опозицијата, политиката е курва, затоа ова ко очекувана и неизбежна појава во секое општество комотно треба да се игнорира ( освен ако не добие големи размери, нешто што сега дефакто не е случај ), ирелевантни се ...
На протестов има СЕ, од припадници на одредени партии до луѓе кои се трудат аполитички да функционираат, со таквите ставови за политизираност сакате да го доведете протестот во Молк поради појава за која реков, сакале вие или не егзистира во едно општество, егзистирала и ќе егзистира ! Сега за сега минорни се тие испади кои јас лично и ги немам приметено, а со оглед на одредени структури што ги имам забележано голем ќе биде ризикот за оној кој ќе се реши апла да удри на профит за одредена политичка партија.
Тоа што мене ме радува е фактот што на протестов доаѓаат и луѓе од други националности, вчера дојде еден помлад дечко од албанска националност од Куманово за да даде подршка а денес и на фејсбук поранешен колега од факултет го потврди своето пристуство и беше присутен со своите другари на протестот, што е и те како за поздравување ! Реткост биле ваквите случаји ...