Претепувањето на Мартин е во најмала рака немил настан со капацитетда зачне сериозни последици кои едноставно МОРА да ја свртат работата на поарно. Мора да има реформи. Сепак, нема да дојде до ова ако гневната младина не преземе неколку неизбежни чекори затоа што кај нас СЕ е политизирано, така и овој случај. Ако не се разграничат некои основни моменти и ако не научиме како да го правиме тоа успешно вечно ќе цупкаме без да се смени ништо со години:
за протестот
1. да се издвојат неколку поединци кои ќе бидат лице на толпата и ќе ги застапуваат нејзините ставови. нема правила кои би биле тие луѓе. мора да се случи спонтано и да не се очекува поддршка од другари/маало/роднини. храбриот поединец мора да направи чекор напред и да се пронајде со уште неколку други врсници (не по години туку по интереси и убедувања) и да се преземе одговорност. кога толпата нема јадро многу лесно ќе се распушти откако ќе се угаснат страстите.
2. јадрото треба да поведе “демократизација“ на толпата, односно да воспостави комуникација со што повеќе поединци. комуникацијата е основна. мора да се најдат сите на исто стоиште за да нема импликации од некоординирани ставови;
3. да се направи кодекс кој ќе биде објавен нашироко и попреку кој ќе назначи која е целта на бунтувањето. МОРА да се подвлече дека се работи за општ народен собир во интерес на целиот народ. МОРА да се применат во пракса сите начини преку кои ќе се убеди критичната маса дека ова нема партиска позадина и дека во овој случај, луѓето кои симпатизираат одредена партија ја ставаат истата во заден план и даваат предност на општественото подобрување.
4. да се постави ЦЕЛ. какви резултати очекуваме од бунтот? мораат да бидат реалистични. многу е очигледно што недостасува т.е каде е курцшлузот. полицијата во македонија има потпросечно поведение и никаков, НИКАКОВ однос према народот. ова треба да се постави како точка околу која би се свртеле реформите. значи, мора да се артикулира причината зошто полицијата мора да биде реформирана и секако, да се наведат разни примери од незадоволството на граѓаните од страна на полицијата.
5. Ликови како Најческа, Фрчко и останати треба да бидат учтиво замолени да го напуштат терено поради што ОДМАГААТ на каузата. Овие издувани луѓе кои не се во допир со реалноста која ја живеат младите, се местат на чело на поворката за да бидат фатени на камера.
да не заборавиме- МНОЗИНАТА од македонските граѓани се партиски НЕОПРЕДЕЛЕНИ. Кога некој медиум за сопствени заврзлами упорно ќе му фрла партиска боја на настанот, толпата МОРА да се огласи макар и да отиде пред портите на тој медиум со транспаренти и да им каже колку е саат.