Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Значи на излеземе и да кажеме "дај бе не бидете толку брутални"....и Јанкуловска ќе рече "важи бе помалце ќе тепаат од сега натаму џандариве" и сите ќе бидеме среќни ??

Смешно...не е ни чудо што нашиот народ е лесен за манипулирање, ни самите не знаеме што сакаме и зошто излегуваме на протест.
Не,не никако нема да излеземе на протест,ќе се испопикаме во глувчји дупки и ќе се молиме да не налетаме на полициски специјалец,кој изнервиран зашто девојката му раскинала,ќе не претепа.
И во право си за тоа дека нашиот народ е лесен за манипулација,токму ти си најдобар доказ за тоа
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Дури и последните две мислења не се совпаѓаат, од вас, кои протестирате.
Едниот протестира за намалување на полиција, другиот за бруталност на полиција.

Да, морам да знам за што ќе протестирам. За овој случај? За сите случаеви од 1991 до денес? Против Јанкулоска? Против Бошковски (кои патем, како министер за внатрешни работи, рани новинарка во своите егзибиции)? За намалување на полиција? За повнимателно вработување полицајци? За распуштање на специјални единици? За прочистување на специјални единици?

Против бруталност на полицијата е мал израз. Полицијата е премногу широк поим, за да го окарактеризираш со еден збор, во случајов бруталност. Не е цела полиција брутална.

Тоа е исто, како јас да организирам сега протест дека има и чесна полиција. И да кажувам дека ,,Протестирам против оние кои велат дека полицијата е брутална,,. И што кажувам? Дека полицијата е целосно невина?

Мора да се знае за што протестирате. Прашајте го Филип Петровски, најдобар организатор на протести е во цела Македонија, од осамостојување до денес. Инаку, ако не го знаете, има партија сега, се вика Демократска десница.
 
Член од
1 мај 2009
Мислења
204
Поени од реакции
52
Претепувањето на Мартин е во најмала рака немил настан со капацитетда зачне сериозни последици кои едноставно МОРА да ја свртат работата на поарно. Мора да има реформи. Сепак, нема да дојде до ова ако гневната младина не преземе неколку неизбежни чекори затоа што кај нас СЕ е политизирано, така и овој случај. Ако не се разграничат некои основни моменти и ако не научиме како да го правиме тоа успешно вечно ќе цупкаме без да се смени ништо со години:

за протестот

1. да се издвојат неколку поединци кои ќе бидат лице на толпата и ќе ги застапуваат нејзините ставови. нема правила кои би биле тие луѓе. мора да се случи спонтано и да не се очекува поддршка од другари/маало/роднини. храбриот поединец мора да направи чекор напред и да се пронајде со уште неколку други врсници (не по години туку по интереси и убедувања) и да се преземе одговорност. кога толпата нема јадро многу лесно ќе се распушти откако ќе се угаснат страстите.

2. јадрото треба да поведе “демократизација“ на толпата, односно да воспостави комуникација со што повеќе поединци. комуникацијата е основна. мора да се најдат сите на исто стоиште за да нема импликации од некоординирани ставови;

3. да се направи кодекс кој ќе биде објавен нашироко и попреку кој ќе назначи која е целта на бунтувањето. МОРА да се подвлече дека се работи за општ народен собир во интерес на целиот народ. МОРА да се применат во пракса сите начини преку кои ќе се убеди критичната маса дека ова нема партиска позадина и дека во овој случај, луѓето кои симпатизираат одредена партија ја ставаат истата во заден план и даваат предност на општественото подобрување.

4. да се постави ЦЕЛ. какви резултати очекуваме од бунтот? мораат да бидат реалистични. многу е очигледно што недостасува т.е каде е курцшлузот. полицијата во македонија има потпросечно поведение и никаков, НИКАКОВ однос према народот. ова треба да се постави како точка околу која би се свртеле реформите. значи, мора да се артикулира причината зошто полицијата мора да биде реформирана и секако, да се наведат разни примери од незадоволството на граѓаните од страна на полицијата.

5. Ликови како Најческа, Фрчко и останати треба да бидат учтиво замолени да го напуштат терено поради што ОДМАГААТ на каузата. Овие издувани луѓе кои не се во допир со реалноста која ја живеат младите, се местат на чело на поворката за да бидат фатени на камера.

да не заборавиме- МНОЗИНАТА од македонските граѓани се партиски НЕОПРЕДЕЛЕНИ. Кога некој медиум за сопствени заврзлами упорно ќе му фрла партиска боја на настанот, толпата МОРА да се огласи макар и да отиде пред портите на тој медиум со транспаренти и да им каже колку е саат.
 
Член од
16 февруари 2008
Мислења
225
Поени од реакции
78
незнам кој е повеќе изманипулиран , дали тој што оди на протест или ти што седиш дома и си ќутиш....
Не,не никако нема да излеземе на протест,ќе се испопикаме во глувчји дупки и ќе се молиме да не налетаме на полициски специјалец,кој изнервиран зашто девојката му раскинала,ќе не претепа.
И во право си за тоа дека нашиот народ е лесен за манипулација,токму ти си најдобар доказ за тоа
Ми ги одбегнувате прашањата со лични напади...и повторно не знаете која е целта на вашите протести. Дајте ми јасна цел и прв сум таму :)
 
Член од
28 октомври 2008
Мислења
15
Поени од реакции
9
Барам фајде од Алфи.
Од дибеци шо немаат ни средно завршено и прават повеќе штета одколку корист на работното место.
Тоа веќе е барање со кое можеме да видиме очигледни резултати, да се елиминира единицата алфи комплетно. И за тоа одиме на протест, Грујо педер, полициска држава итн ги осаваме за на форумов а не на улица, на улица бараме алфи да нема. ОК?
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.432
Поени од реакции
6.078
Ако има некое инфо за протести во други градови низ држава слободно нека копира тука.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Како што кажав, не знам зошто мислиш дека некој треба да те убедува и моли да одиш на протест.Протестирај си ти за хуман третман на кучињата, па таму прави програми.објаснувај,убедувај.И дефинитивно е јасно,пак ќе повторам,дека некој од твоите е вработен во МВР,па ја сфаќаш темава премногу лично
Ова е за Бубу
 
Член од
16 февруари 2008
Мислења
225
Поени од реакции
78
Претепувањето на Мартин е во најмала рака немил настан со капацитетда зачне сериозни последици кои едноставно МОРА да ја свртат работата на поарно. Мора да има реформи. Сепак, нема да дојде до ова ако гневната младина не преземе неколку неизбежни чекори затоа што кај нас СЕ е политизирано, така и овој случај. Ако не се разграничат некои основни моменти и ако не научиме како да го правиме тоа успешно вечно ќе цупкаме без да се смени ништо со години:

за протестот

1. да се издвојат неколку поединци кои ќе бидат лице на толпата и ќе ги застапуваат нејзините ставови. нема правила кои би биле тие луѓе. мора да се случи спонтано и да не се очекува поддршка од другари/маало/роднини. храбриот поединец мора да направи чекор напред и да се пронајде со уште неколку други врсници (не по години туку по интереси и убедувања) и да се преземе одговорност. кога толпата нема јадро многу лесно ќе се распушти откако ќе се угаснат страстите.

2. јадрото треба да поведе “демократизација“ на толпата, односно да воспостави комуникација со што повеќе поединци. комуникацијата е основна. мора да се најдат сите на исто стоиште за да нема импликации од некоординирани ставови;

3. да се направи кодекс кој ќе биде објавен нашироко и попреку кој ќе назначи која е целта на бунтувањето. МОРА да се подвлече дека се работи за општ народен собир во интерес на целиот народ. МОРА да се применат во пракса сите начини преку кои ќе се убеди критичната маса дека ова нема партиска позадина и дека во овој случај, луѓето кои симпатизираат одредена партија ја ставаат истата во заден план и даваат предност на општественото подобрување.

4. да се постави ЦЕЛ. какви резултати очекуваме од бунтот? мораат да бидат реалистични. многу е очигледно што недостасува т.е каде е курцшлузот. полицијата во македонија има потпросечно поведение и никаков, НИКАКОВ однос према народот. ова треба да се постави како точка околу која би се свртеле реформите. значи, мора да се артикулира причината зошто полицијата мора да биде реформирана и секако, да се наведат разни примери од незадоволството на граѓаните од страна на полицијата.

5. Ликови како Најческа, Фрчко и останати треба да бидат учтиво замолени да го напуштат терено поради што ОДМАГААТ на каузата. Овие издувани луѓе кои не се во допир со реалноста која ја живеат младите, се местат на чело на поворката за да бидат фатени на камера.

да не заборавиме- МНОЗИНАТА од македонските граѓани се партиски НЕОПРЕДЕЛЕНИ. Кога некој медиум за сопствени заврзлами упорно ќе му фрла партиска боја на настанот, толпата МОРА да се огласи макар и да отиде пред портите на тој медиум со транспаренти и да им каже колку е саат.
Конечно некој што размислува со глава, а не со тастатура.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.432
Поени од реакции
6.078
Ми ги одбегнувате прашањата со лични напади...и повторно не знаете која е целта на вашите протести. Дајте ми јасна цел и прв сум таму :)
прочитај по ивентите ,си пишува ...али кога си со очигледна намера да го тупиш ,неможам да помогнам
--- надополнето: Jun 8, 2011 2:54 AM ---
И баш ме интересира како беа манипулирани лицата кои први ја раширија веста по твитер и кои први излегоа на протест ?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Протест душо , не сум задоволен од нешто одам на протест . Има одговорни што треба да го решат проблемот ( а не јас програма да му понудам како би бил решен) за да се тргне народот од улица . Се додека не го решат (како знаат и умеат) народ ќе има на улица.

ти си знаеш најдобро за тебе ,нема што јас да те присилувам да излезеш ,само едно не ми е јасно -зошто го трошиш времето на темата (не сум вегетеријанец - па не пишувам во темата за вегетеријанци)? Билдање на егото е во прашање или некое ми се допаѓа плус?
Јас мислам дека бев јасна дека ќе протестирам доколку се протестира против тигарот и против заташкување и олеснување на случајот. Но не и против цела полиција и влада.

Не да понудиш некому програма, мене не ми е јасно за што се протестира, сите различна верзија кажувате!
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.432
Поени од реакции
6.078
Јас мислам дека бев јасна дека ќе протестирам доколку се протестира против тигарот и против заташкување и олеснување на случајот. Но не и против цела полиција и влада.

Не да понудиш некому програма, мене не ми е јасно за што се протестира, сите различна верзија кажувате!
пушти ми клипче каде се скандира против влада и против полиција . Колку што можиш да забележиш се скандира против алфите или тоа неможиш да го забележиш.
 
T

Tetro

Гостин
Мора да се знае за што протестирате. Прашајте го Филип Петровски, најдобар организатор на протести е во цела Македонија, од осамостојување до денес. Инаку, ако не го знаете, има партија сега, се вика Демократска десница.
Не те следам од почеток, ама овој дел од постот докажува колку знаеш и умееш.
Ф.П. бил организатор? Чии интереси застапуваше фамозната 97-ма?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Како што кажав, не знам зошто мислиш дека некој треба да те убедува и моли да одиш на протест.Протестирај си ти за хуман третман на кучињата, па таму прави програми.објаснувај,убедувај.И дефинитивно е јасно,пак ќе повторам,дека некој од твоите е вработен во МВР,па ја сфаќаш темава премногу лично
Ова е за Бубу
Не, никој од моите не е вработен во МВР. Не морам да имам лични врски со некој настан за да ја поддржам таа кауза. И да не мислам дека треба да се расформираат алфите, зошто направиле и позитивни работи, ќе протестирам со вас, ако е тоа целта, и нема да се мешаат Јанкулоска или било кој политичар. Или расформирање на тигри и сл. Ама да протестирам ради онака?
Не само јас. Почекајте, кога ќе почне некој да скандира долу Груевски, сите што протестираат а се вмровци, ќе си заминат. Или кога ќе почне некоја сл. ситуација, некој ќе сфати дека не му е местото таму. И ако не знаете што барате, како може некој да ви ги удоволи барањата?
Што сакате да се смени?
--- надополнето: Jun 8, 2011 3:00 AM ---
Не те следам од почеток, ама овој дел од постот докажува колку знаеш и умееш.
Ф.П. бил организатор? Чии интереси застапуваше фамозната 97-ма?
Тоа се нарекува сарказам, пријателе. Многу се извикува дечкото.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.432
Поени од реакции
6.078
И толку од мене на темата ,се надевам модераторите и админите ќе ги средат сите офтопици(мешање политика),тролување и навреди(кон некои членови) ,па некој нареден пат дискусијата да продолжи во нормален тек.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
пушти ми клипче каде се скандира против влада и против полиција . Колку што можиш да забележиш се скандира против алфите или тоа неможиш да го забележиш.
Аха, а фактот што тигар е убиецот? Или тигрите ќе ги помилуваме? Па ако не, и убиецот да го помилуваме, оти не бил алфа?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom