1.Јас само имам разбирање дека оваа земја е долго долго време држена во заложништво, и тој што е на власт прави обиди тоа да се промени, а кој работи тој и греши. Грешка можеби е формирањето на ваква единица, и уште поголема грешка што било кој добил работа таму.
Но, познавам и добри полицајци, посветени на работата, познавам полицајци кои умреа за ти мирно да спиеш, познавам полицајци кои секојдневно си го ризикуваат животот за да се расправаат со секакви криминалци.
Затоа не можам да ја обвинам целата полиција, и не можам да ја осудам целата полиција.
1. Бре, ако сакаш некој да ти реплицира за првиот дел од оваа реченица ќе удриме на нешто кое на форумов е строго забрането но ќе ти реплицирам односно ќе се повторам со тоа што го кажав во неколку наврати на темава, ако обид за промена е прикривање на убиство тогаш Не фала, таква промена на ова општество не му е потребна ...
2. Јас не генерализирам, имам големо почитување за таа професија,
огромно, но кога лично знам какви Се луѓе вработуваат зар за истото треба да дадам зелено светло, зар за сите нивни апсурдни пропусти ја треба да седам со скрстени раце ко тебе и да оставам простор за грешки, па токму таквото оставање на простор го уби Мартин ...
Па баш поради таквиот начин на функционирање, вработување на Се и Сешто, од автомеханичари до насилници се случуваат вакви работи.
Јас лично не барам да се расформираат
одредени структури од Министерството за Внатрешни Работи, барам истото да има кадар СПОСОБЕН да си ја врши својата работа на најдобар можен начин, зашто наместо таа институција да создаде сигурност за обичниот граѓанин, поради нивната неспособност, создава страв и несигурност.
Пишав апла поназад, познавам човек кој работеше како автомеханичар, кој за време на војната 2001 се криеше позади тросед и со недели ја одбегнуваше регрутацијата која конечно го снајде, присилно, истиот тој човек најде врски само за да не ја брани сопствената држава од агресорот и работеше ко чувар на државен функционер, ја чуваше неговата куќа, истиот тој човек подоцна го вработија со врски во МВР и од што немаа каде веќе да го префрлаат, го ставија во Алфи ...
Кажи ми, како јас да верувам дека карактеристика за таа единица е строга професионалност, кажи ми како со оваа постапка они мене ме убедуваат дека се кадарни да ја вршат нивната должност, и тоа пази, должност со која под дифолт доаѓа еден тон одговорност.
Тоа за кое јас протестирам се ПРОМЕНИ, да прекине полициската бруталност, да се направат коренити промени во министерство каде простор за ризик со кадар НЕ СМЕЕ ДА ИМА, зар Ти не сваќаш каква одговорност сноси оваа институција ?! Протестирам за да оној бркон повеќе не го гледам на чело на институција кај која помина самоубиство во Кофа со вода, кај која помина нерасветлено убиство за дечкото што се удави во Вардар по интервенцијата на Алфите, кај која помина прикривање на убиство на 22 годишно дете во центарот на градот, кај која поминуваат разноразните притисоци врз навивачките групи кои се третирано ко кучињата во Вардариште од шинтерите и тн и тн ... и тн.
Протестирам оваа слика од страна на МВР која егзистира со декади ( значи во сите владеачки гарнитури ) конечно да биде променета, протестирам за да ова не се заборави, за да ова не биде стандард '' секое чудо за 3 дена '', протестирам и ЌЕ ПРОТЕСТИРАМ за да по месец дена, пола година, година, 2 години повторно нема собир со ист повод.
И пак ќе ти повторам, нема ништо против полицијата за која тврдам дека е убер значаен сегмент во секое општество, но сум категорично против начинот на кој истата функционира со години во оваа земја, ова само дополнително ја прелеа чашата.