Значи ќе дадам едно мое мислење за ситауцијата во Арсенал, моментално.. И така, немам пишано оддамна, едно подолго мислење..
Еве вака... Се шпекулира со се, со тоа дека Фабрегас ќе си оди, па како им купил играчки на соиграчите, се зборува дека Насри ќе си оди, дека Никлас е веќе „заминат“.. Секој кој што останал во тимот, допринесол за тимот, да биде подобар, поконкурентен и сл... Но, едно е јасно, ако некој си замине, конкретно во случајот Насри и Фабрегас, тоа за нас, ќе значи самоубиство.. И јас така викам, ехх ако дат 60 000 000 за едниот, 40 000 000 за другиот ќе го купиме Меси или сл.. Сите знаеме дека не е така. Овие двајца се можеби најклучните играчи во Арсенал, заедно со Вермален и Ван Перси.. Секоја чест за Џек и Арон, но ако го изгубиме Насри и Фабрегас, не верувам дека овие двајца ќе успеат да покријат еден креативен плеј, во средината на теренот..
Зошто е важно да ги зачуваме ? Веројатно, заради уиграноста, квалитетот и нивото на кој играат.. По звучност можеби после Барселона, имаме најдобар среден ред, во имињата на Вилшир, Фабрегас, Насри и Волкот, а ако на тоа се придодадат Сонг, Аршавин, Арон и Томас, е тогаш е друга приказна.. Е сега, ќе речат и „лани викавме за така“... Нормално, викавме и ќе викаме секогаш... Имам верба и мислам дека е само прашање на време, кога Венгер ке успее да ги склопи сите коцки во тимот и конечно да стгнеме до титула во ПЛ или ЛШ...
Да сумирам, најголемите засилувања за нас би биле останувањата на Фабрегас и Насри... Тука заедно со Вермален,Џуру здрави, Џек и Волкот во топ форма, Аршавин посолиден и Ван Перси со +40, е тоа е тоа... Ќе кажам пак, „трансферите“ на Насри и Фабрегас во „Арсенал“ ќе се најголемите трансфери за нас.. И тоа е тоа...
Доколку дојде пак до заминување на некој од овие двајца (мое лично убедување е дека Фабрегас, кон средината на јули ќе не напушти), е тогаш пак ќе имаме период на уигрување, на присопособување и ќе бидеме први до февруари и на крајот пак, добро познатата приказна од сезоните наназад..
Имено, јас имам голема верба во сите во тимот и сакам да остане комплетен.. И да се наоѓа во 4та дивизија, југоисток, јас пак ќе сум „ганер“ и пак ќе навивам за Арсенал... Јас сум научен да го сакам овој клуб, да го чувствувам близок, да го чувствувам како дел од семејството, и да го величам како што јас знам.. Кај и да е, тој е мојот Арсенал, освојувал нешто или пак не.. Ќе кажам една позната изрека: „Многу е лесно да дојдеш до врвот, но пеколно тешко е да се задржиш на него“.. Арсенал е секогаш во врвот, било на табела, во моето срце или пак во вашите срца...
Арсенал е еден и сакајте го ! Само така ќе успееме !